Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација. Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности.
Амал Клуни привлече внимание на црвениот тепих на наградите „Албис 2026“, појавувајќи се во раскошна златна креација на „Гучи“. Адвокатката за човекови права пристигна со сопругот Џорџ Клуни на свеченоста што се одржа во петокот во Природонаучниот музеј во Лондон.
Таа се појави во гламурозна тоалета. Џорџ и Амал Клуни беа домаќини на петтото издание на наградите „Албис“ во Лондон во петок, 9 октомври, кои нивната фондација ги основа за да им оддаде признание на поединци кои се борат за правда низ целиот свет.