Владата продолжува со политиките за обезбедување достоинствени услови за живот на граѓаните од ранливите категории. Денеска во Дебар беа распределени 47 социјални станови на семејства и лица кои имаат најголема потреба од институционална поддршка.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот станбен објект во Дебар, каде што симболично беа врачени клучевите на семејствата корисници на новите социјални станови.
Премиерот информира дека покрај оваа зграда во Дебар се реализираат уште 23 проекти. Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар му ги предаде клучевите од социјалниот стан на едно семејство, со што симболично ја пушти во употреба новата социјална зграда.
Утре во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува во Дебар на доделувањето на 47 станови за социјално загрозени категории граѓани, при што ќе биде дадена изјава за медиумите.