Кризата на кинескиот автомобилски пазар остава сериозни последици врз финансиските резултати на производителот на автомобили БМВ. Во изминатиот квартал, профитот на компанијата од Минхен паднал за 34,9 проценти, на 1,2 милијарди евра, покажуваат податоците објавени во четвртокот.
Германскиот производител на автомобили се согласи на програма за доброволно отпуштање насочена кон административни и развојни улоги, исклучувајќи ги присилните отпуштања и намалувањето на производствените работни места, според извештаите на медиумите.
BMW крати 8.000 работни места, додека околу 15.000 вработени во фабриката на Audi во Некарсулм стравуваат дека производствениот погон би можел да биде затворен по 2030 година. Двете најави ја откриваат длабочината на кризата во германската автомобилска индустрија, која е ...