TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Барселона на крајот ќе се засили со напаѓач на Клуб Бриж

МакФудбал - 19.08.2026

Барселона ова лето вложи максимален напор во трансферот на Хулијан Алварез, но Атлетико Мадрид одби уште една понуда. Поради тоа, Деко веќе се сврте кон резервните решенија и се чини дека стана јасно кој ќе го засили нападот на каталонскиот клуб.

Алварез не доаѓа во Барселона, но на радарот е друг Аргентинец

Независен - 19.08.2026

Екипата на Барселона најверојатно се откажува од трансфер на аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, но веќе во планови имаат ново аргентинско засилување. Атлетико Мадрид не планира овој преоден рок да му даде „зелено светло“ на Алварез.

Барселона не се откажува за „Пајакот“. Откриен е последниот план на Каталонците

Sport M - 19.08.2026

Откако ги обезбеди Жоао Кансело и Родри, Барселона ќе направи уште еден последен обид за Хулиан Алварез. Планот на Барселона е јасен: ова ќе биде последниот „напад“ за да се обезбеди трансферот на „Пајакот“. Часовите и два-три наредни дена ќе бидат одлучувачки.

Деко нема време за славење: Веднаш замина од Барселона за да се посвети на проектот „Хулијан Алварес“

Спортманија - 19.08.2026

Барселона го официјализира трансферот на Родри, но спортскиот директор Деко нема да присуствува на неговото официјално претставување. Шпанскиот репрезентативец пристигна во Барселона од Манчестер сити, ги помина лекарските прегледи и потпиша договор до летото 2030 година.

Алварез со уште еден знак колку многу го сака трансферот во Барселона (ФОТО)

Sport M - 19.08.2026

Родри е официјализиран во Барселона. Неговиот поранешен клуб, Манчестер Сити, веднаш му се заблагодари на Шпанецот на социјалните мрежи на клубот со кратка реакција „Фала Родри“. Она што се забележа во оваа објава беше „лајкот“ од страна на Хулијан Алварез.