Денес нов предизвик за македонските кикбоксери на Светското првенство за јуниори во Лидо де Јесоло, Глигор Николов и Томи Андонов ќе се борат за шампионската титула, Калин Бабоски и Даргица Глигорова за финале.
Драгица Глигорова на најубав начин го заврши денот за македонскиот кик бокс, забележа победа во четвртфиналето и обезбеди најмалку бронза на Светското првенство за јуниори во Лидо де Јесоло во Италија. Глигорва победи против Марјам Амонзода од Таџекистан.
Македонските кикбоксери продолжуваат со одлични настапи на Светското првенство во Лидо ди Јесоло, Италија, каде што натпреварувачкиот ден донесе неколку нови победи и обезбедени медали, но и незадоволство од македонскиот табор поради судиска одлука.