Продолжува кошмарот на актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Вардар во новата ПМФЛ сезона. Во рамките од третото коло денеска во Струга, тимот на Вардар загуби од домаќинот Трим Лум со конечни 1:0 и уште повеќе си ја продлабочи кризата во својот табор.
Денеска со двата меча во Струга и Скопје се затвора 3.коло во новата 2026/27 сезона во нашата елитна лига. Дербито на колото се игра во Струга од 16.30 часот, каде домашниот состав на Струга ТЛ го дочекува Вардар. Во минатото коло и двете екипи не успеаја да слават.
Денеска од 16.30 часот се игра дербито на 3.коло во нашата елитна лига. Во Струга се среќаваат домашниот состав на Струга Трим Лум и Вардар. Ова се екипи кои во последните четири години дури трипати ја освојувале титулата, двапати стружани и еднаш Вардар.