„Венко Филипче не само што не се разликува од Зоран Заев, туку е негова надградена верзија“ – ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Според него, за разлика од Заев кој пред да дојде на власт ги лажел граѓаните дека ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со месеци испраќа сигнали и пораки во јавноста дека е подготвен на нова национална отстапка, што е уште една потврда дека СДС и Филипче, би направилe се за да дојде на власт.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека Владата нема ниту реформска агенда, ниту јасна политичка волја за продолжување на европскиот пат на Македонија.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ја доведува економијата во сериозна криза, а компаниите се соочуваат со огромни проблеми поради неисплатениот поврат на ДДВ.