Одземањето на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград од страна на Народната банка на Србија поради нарушена ликвидност и влошена финансиска состојба претставува директен системски шок за нејзината ќерка-банка во Македонија, АЛТА банка АД Битола, велат од СДСМ.
Опозициската СДСМ бара Обвинителството да поведе кривични постапки против премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и други лица за кои тврди дека учествувале во процесите поврзани со Алта банка, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде ...
Во 2:30 по полноќ Народната банка на Србија објави дека ѝ ја одзема дозволата за работа на Алта банка и дека банката од денес е во стечај. Блокирани се сметките на граѓани и компании. Државни компании имаа депозити во банката.
Сакаме да направиме сублимат на она што се случуваше изминатите пет дена, поврзани со случувањата кај нашиот северен сосед, и денеска сакаме да зборуваме и да ги поставиме прашањата на коишто нашиот премиер Мицкоски упорно и упорно одбегнува да даде одговори.