Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Република Македонија Пред 35 години го доживеавме нашиот трет Илинден, зората во која вековниот сон за слободна и независна македонска држава конечно стана реалност.
НАТО, Соединетите Американски Држави и Обединетите Арапски Емирати упатија честитки до Македонија по повод 8 Септември – Денот на независноста, одбележувајќи ја 35-годишнината од референдумот на кој граѓаните се изјаснија за суверена и самостојна држава.
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка по повод Денот на независноста на Македонија. – Во име на американскиот народ, упатувам најтопли честитки до народот на Северна Македонија, додека славите 35 години независност.