Подигнувањето на свеста за значењето на органодарителството и трансплантацијата останува еден од клучните предизвици во здравствениот систем, а медицинските работници апелираат за поголема поддршка од граѓаните за овој хуман чин.
Полнолетните граѓани ќе можат однапред да се изјаснат дали сакаат по смртта да бидат дарители на органи. Новите законски измени имаат цел да го зголемат бројот на трансплантации и да ја стават личната волја пред семејните дилеми.
Новото законско решение кое предвидува граѓаните, на доброволна основа, да можат да потпишат изјава кај матичните лекари дека се согласуваат по смртта да бидат дарители на органи заради лекување, предизвикува и дилеми.
Владата на предлог на Министерството за здравство денес го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување. Со предложените измени, секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе даде ...