TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Алкалоид пак го „демолира“ Ловќен

Спорт+ - 01.09.2026

Ракометарите на Алкалоид забележаа уште еднаш убедлива победа во дуелот со црногорската екипа Ловќен, а во рамките на Регионалната лига. Македонскиот претставник одигра одлично второ полувреме за својот втор триумф славејќи со убедливи 40-29.

Алкалоид го прегази Ловќен: Цепелинот на Ѓорѓиев и Цехте како круна на победата (ВИДЕО)

SportSport - 01.09.2026

Ракометарите на Алкалоид стигнаа до втората победа во Регионалната лига, откако на гостувањето во Црна Гора убедливо го совладаа Ловќен со 40:29. Натпреварот го одбележа и атрактивниот цепелин во режија на Игор Ѓорѓиев, кој асистираше, и Нејц Цехте, кој ефектно ја реализираше ...

Алкалоид во вториот дел го скрши отпорот на Ловќен, Џонов и Митев беа најдобри стрелци

Слободен Печат - 31.08.2026

Во својот трет натпревар во Регионалната ракометна лига, екипата на Алкалоид на гости со 40:29 триумфираше над Ловќен. По првото полувреме ниту еден од тимовите немаше предност, резултатот на семафорот беше 18:18.

Убедливи победи на Еурофарм Пелистер и Алкалоид во регионалната лига

Спортманија - 31.08.2026

Еурофарм Пелистер ја надигра српската екипа Дубочица со 38-24, додека Алкалоид славеше со 40-29 на гости кај црногорски Ловќен, во дуели од регионалната МРХЛ лига. После три кола во својата група, Е. Пелистер има 6, а Алкалоид 4 бодови.

Алкалоид повторно го наполни голот на Ловќен!

SportSport - 31.08.2026

Алкалоид влезе во победнички ритам. Тимот предводен од тренерот Кирил Лазаров дојде до втората победа во регионалната лига, и повторно на сметка на Ловќен. Овој пат ракометарите на македонскиот состав славеа на гостински терен со 29-40.

РК Алкалоид немаше милост за Ловќен

Вечер Прес - 01.09.2026

Ракометарите на Алкалоид забележаа уште една победа над црногорскиот Ловќен во Регионалната ракометна лига, славејќи со 40:29. Избраниците на тренерот Кирил Лазаров одиграа одличен меч против црногорскиот претставник, на кого за само неколку дена му дадоа вкупно 94 гола.

Алкалоид гостин кај Ловќен, Е. Пелистер дома ја пречекува Дубочица

SportSport - 31.08.2026

Ракометарите на Алкалоид и Е. Пелистер денеска ќе одиграат нови натпревари во новата сезона од Регионалната лига. Аклалоид оди на гости во Црна Гора каде од 19 часот ќе му гостува на тимот на Ловќен, додека во Битола гостува српска Дубочица од Лесковац.

Е.Пелистер и Алкалоид со нови натпревари во Регионалната лига

Спорт+ - 31.08.2026

Два од четирите македонски претставници во Регионалната ракометна лига, Еурофарм Пелистер и Алкалоид, денеска имаат нови натпревари. Битолски Еурофарм Пелистер, трет пат ќе игра пред својата публика. Во салата „Боро Чурлевски“ попладнево гостува српската екипата Дубочица.

Алкалоид и Еурофарм Пелистер остварија нови победи во Регионалната лига

Дерби - 31.08.2026

Македонските претставници Алкалоид и Еурофарм Пелистер денеска остварија нови убедливи победи во ракометната регионална лига. Еурофарм Пелистер ја победи Дубочица со 38:24, додека Алкалоид вторпат во неколку дена го совлада Ловќен и тоа со убедливи 29:40.