Ниту по денешната средба на координаторите на пратеничките групи нема договор за Изборниот законик. Од ВМРО-ДПМНЕ предложиле опозицијата да постигне заеднички став за сите нивни барања вклучително и гласањето на дијаспората, а сето тоа ќе им биде прифатено.
Вечер Прес - iNFOMAX - Скопје инфо - Проверено - Журнал
Договор единствено за распределба на парите за кампања Иако има согласност за распределбата на буџетските средства за изборните кампањи, партиите не успеаја да ги приближат ставовите за начинот на гласање на дијаспората, за една изборна единица и за одлучувањето во ДИК.
„Да седнат да се договорат за една изборна единица, да седнат да се договорат за модел на финансирање, да седнат да се договорат за поплаките и начинот на кој тие би биле прифатливи, и да седнат и меѓу себе да се договорат дури и за моделот на изјаснување на дијаспората.
Партнерите СДС, Левица и ДУИ да се договорат што сакаат и да изградат единствен став. Дали сакаат една изборна единица, дали се за или против гласањето на дијаспората, дали сакаат други услови и барања, се неведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Собранието ќе се одржи нова средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи, во обид да се усогласат ставовите за измените на Изборниот законик, потврдија од владејачкото мнозинство. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека ги очекуваат конечните ...