Не знам како да почнам со пишувањето на оваа колумна бидејќи климатизацијата (ладењето) на просториите стана тема на политичка борба меѓу партиите во неколку земји од Европската Унија (ЕУ) и пошироко, особено во Франција, Германија, Англија и други.
Ако имате дете, никогаш не го оставајте на место каде што директно дува ладниот воздух од климата. Истото треба да важи и за вас. Всушност, најважниот совет е оној, да не спиете во истата просторија каде што се наоѓа клима-уредот.
Климатизацијата на просторот стана стандард во современиот живот, особено за време на жешките периоди кои, благодарение на климатските промени, ги има сè повеќе. Но, многу луѓе се плашат од климатизацијата, делумно оправдано, а делумно ирационално.