Светското првенство во 2026 година ќе остане запаметено по историски преседан. За првпат од постоењето на мундијалите, меѓу осумте најдобри репрезентации нема да се најде ниту една од трите најтрофејни фудбалски велесили, Бразил, Германија и Италија.
Бразил не успеа да го повтори успехот од претходното Светско првенство кое се играше во САД, кога стигна до трофејот во 1994 година. Овојпат, Кариоките многу порано си заминуваат дома, по осминафиналната пресметка против Норвешка.
Поразот од Норвешка со 2:1 во осминафиналето на Светското првенство само ја продлабочи долгогодишната негативна традиција на Бразил против европските селекции на мундијалите. Последната светска титула „кариоките“ ја освоија во 2002 година, а оттогаш секоја елиминација на Светско ...
Изминатава ноќ бевме сведоци на два супер интересни 1/8 финални мечеви. Норвешка го победи Бразил со 2:1 а Англија на „Ацтека“ го расплака Мексико. Секако дека елиминацијата на „Кариоките“ е во преден план, и по 24 години нема да дојдат до шестата титула.
Вечерва и по полноќ продолжуваат возбудувањата на Светското првенство 2026 со два атрактивни натпревари од осминафиналето, по кои ќе бидат познати уште двајца четвртфиналисти. Во првиот меч, кој започнува во 22:00 часот по македонско време, петкратниот светски шампион Бразил ќе ...