Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ е најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија, обвини денеска портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, власта нема одговори за неисполнетите ветувања пред граѓаните.
„Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“. Промакедонска? Значи, не се македонска? Не може да бидат македонска партија кога половина од нив имаат бугарски пасоши“, велат од СДСМ.
Уште само 18 дена остануваат до истекот на рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на реформите потребни за продолжување на ЕУ интеграциите, се вели во соопштението од СДСМ. „18 дена до ново неисполнето ветување.