Кире Лазаров и Дејан Манасков го искористија првиот дел од летото за да ги „наполнат батериите“, за од денеска и двајцата македонски репрезентативци да означат почеток на работните обврски за наредната сезона.
Новиот тренер на Нант, Алберто Ентрериос, кој го замени Тјери Анти, означи старт на подготовките на францускиот тим. Покрај нашиот Кире Лазаров, на собирот беа присутни сите ракометари, меѓу кои и шесте нови засилувања.