Се’ е поскапено, цените се веќе до плафон. Граѓаните прескапо плаќаат за неспособноста на владата на Мицкоски, вели Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Новото покачување на цените на дизелот ќе донесат и нов бран поскапувања на храната и другите услуги.
Возачите во Македонија се пред нов ценовен удар. Регулаторната комисија за енергетика во понеделник, 20 јули, треба да ја објави редовната пресметка за бензините и дизелот, а движењата на меѓународните пазари укажуваат дека цените повторно ќе одат нагоре.
Од утре се најавува нов раст на цените на горивата, а премиерот Христијан Мицкоски рече дека сè уште нема точна пресметка колкаво ќе биде новото зголемување, но како причини ги посочи повисоките цени на нафтата на светските берзи и курсот на доларот.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата ќе ги намали акцизите на дизелот и безоловните горива поради очекуваниот раст на цените на нафтените деривати, а по ова следуваше реакција од СДСМ, од каде оценија дека Владата реагира предоцна.
Премиерот очекува раст на цените на горивата поради глобалните движења, но најавува државна интервенција преку намалување на акцизните давачки. Премиерот Христијан Мицкоски очекува ново поскапување на горивата поради растот на цените на нафтата на светските пазари и ...
Кога горивата поскапуваат, Македонија веднаш гледа колку е мала пред големите светски потреси. Еден нов удар врз нафтата, една нова нервоза на Блискиот Исток, еден посилен долар – и македонскиот резервоар повторно станува политичка, економска и семејна тема.