Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник кој се сомничи за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката - Осомничениот, на 14 август, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил дека ќе нападне врз животите на неговата сопруга и ќерка.
Педесетгодишен жител на Тетово е осомничен за семејно насилство, сериозни закани кон сопругата и ќерката, како и за прекршување на претходно изречени мерки за заштита од семејно насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Тетово.
Педесет и двегодишен жител на Тетово е лишен од слобода по пријава дека му упатувал закани на својот 26-годишен син. Според МВР, полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Ш.И. на 14 август околу 23 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово.