Поминаа три години откако Microsoft како компанија вредеше повеќе од Google. Сега компаниите повторно си ги променија местата и Microsoft е трета компанија по вредност, зад Apple и Amazon.
Цените на акциите на Microsoft никогаш не биле повисоки во 32-годишната историја на компанијата, пишува CNN. Компанијата на пазарот сега вреди 760 милијарди долари, со што го помина и конкурентот Google кој вреди 745 милијари.