Полните контејнери, создадена дива депонија, полн контејнер со кабаст отпад, непријатна миризба, отсега може да пријавувате преку новата платформа на Град Скопје, изработена во соработка со триесетина млади луѓе во рамки на ЛИФТ.
Денеска беше промовирана платформата „ЕкоСкопје“, ново дигитално решение со кое граѓаните полесно ќе пријавуваат еколошки проблеми, а градските служби ќе добиваат конкретни информации за поорганизирано постапување, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓеивски.
Промоција на „ЕкоСкопје“, паметна еко-платформа развиена од млади, која ќе им овозможи на граѓаните едноставно да пријавуваат еколошки проблеми, ќе се одржи денеска во организација на Здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ (ЛЕАД), во соработка со Град Скопје.