Жељко Самарџиќ приреди вечер за паметење во Кавадарци, каде настапи во рамките на „Тиквешки гроздобер 2026“. Публиката ги пееше неговите најпознати хитови, но еден момент од концертот особено го привлече вниманието.
„Да живее Македонија!“ – порача Жељко Самарџиќ пред кавадаречката публика, каде настапи во рамки на „Тиквешки гроздобер 2026“. Пејачот на сцената се појави со знамето од Кутлеш, предизвикувајќи големо воодушевување кај присутните.