67. Горедолу Некако е пречесто горедолу откога нема никој пред него ни со него ни зад него а ни во него стамен. Којзнае зошто никаде уште не заминал ниту помислува да замине одовде. Можеби оти некако често та пречесто одовде почнува и овде завршува сенешто за него преломно ...
СЕКИДНЕВИЕ, Собитија, мигновени песни, стихозбирка 66. Проѕирка Ѕирка низ проѕирка скришно никој што е со него како него да не го здогледа па да го остави во простор без жива душа. Кога некој би го прашал од кога е проѕирката низ која ѕирка скришно би можел да каже само дека ...