Поранешниот член на Управниот одбор на „Државна лотарија“, Христа Најданов , кој сведочеше на судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седуммина обвинети, не се сеќава дека Управниот одбор донел посебна одлука за набавка на видеолотариските терминали (ВЛТ).
Во судницата не се појави предложениот сведок од Обвинителство, но најавија дека ќе биде испитан следната недела. За случајот „Лотарија“, обвинителите за едниот сведок кои го испитуваа вкрстено, кажаа дека има кривична пријава од МВР и против него се води предистражна постапка.
Одбраната во предметот „Државна лотарија“ ќе достави писмени поднесоци со образложение за околностите што треба да се утврдат со предложените докази, откако на денешното рочиште не беа сослушани двајцата најавени сведоци поради нивното отсуство.