Ракометарите на Е. Пелистер засилено работат подготвувајќи се за новата сезона. Еден од новаците во составот на новиот стратег Лино Червар, Мартин Серафимов, има свое видување за неговото доаѓање во Битола и вклопувањето во новата средина.
Мартин Серафимов со голем ентузијазам го започнува новото поглавје во својата кариера, откако и официјално стана член на актуелниот шампион Пелистер. Тој истакна дека трансферот во битолскиот клуб претставува исполнување на една од неговите најголеми спортски желби.
Во новата ракометна сезона тимот на Еурофарм Пелистер е со цел, враќање на шампионскиот пехар во Битола. Македонскиот вицепрвак ги започна официјалните подготовки под водство на трофејниот хрватски стратег Лино Червар.
Со стартот на подготовките за новата сезона, официјално започна и мисијата на искусниот Лино Червар на клупата на Еурофарм Пелистер. Хрватскиот стратег во Битола пристигна со јасна цел да создаде препознатлив тим, да се бори за шампионската титула во домашното првенство и да ...
По подолг период на размислување, капитенот на Пелистер, Филип Кузмановски , донесе одлука и во новата сезона да го носи зелено-белиот дрес. Македонскиот репрезентативец го продолжи договорот со битолскиот клуб, иако во текот на летото имаше понуди за интернационален ангажман.
Со стартот на подготовките на тимот на Е.Пелистер, денеска официјално започна и мисијата на искусниот Лино Червар како тренер на нашиот ракометен великан. Червар ја презема тренерската палка во насока на што подобар настап на битолчани во следната сезона, освојување на ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер со работен состанок ги започнаа подготовките за сезоната 2026/27. Новиот тренер на екипата, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона.