Најавениот протест со двочасовна блокада на трите гранични премини меѓу Македонија и Бугарија е откажан. Организаторите ја повлекоа одлуката по разговори со бугарски институции и дипломатски претставници, со цел да се избегнат дополнителни тензии и застои во сообраќајот.
Најавената акција за блокирање на трите гранични премини меѓу Македонија и Бугарија нема да се реализира во предвидениот термин, откако организаторите од Фондацијата „Македонија“ соопштија дека протестот се одложува.
Министерката за надворешни работи Петрова-Чамова смета дека Бугарија има доволно дипломатски механизми преку кои може да ги заштити правата на Бугарите во Македонија Иницијативите за блокирање на бугарско-македонската граница се контрапродуктивни и би можеле да му наштетат на ...
Според моменталните информации на 21 јуни не се очекуваат организирани блокади на граничните премини меѓу двете земји, а товарниот и патничкиот сообраќај треба да се одвива непречено“, соопшти Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“.
Амбасадата на Бугарија во Скопје упати повик да не се блокираат граничните премини и патните правци меѓу Бугарија и Северна Македонија, истакнувајќи дека ваквите активности не придонесуваат за подобрување на односите меѓу двете земји.