TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Турција се уште не знае кој ќе и биде следен премиер

Утрински - 08.11.2002

Реџеп Таип Ердоган на состанок со претседателот Ахмед Неџдет Сезер АНКАРА - Лидерот на партијата кој извојува убедлива победа на општите избори изјави дека не дискутирал за клучното прашање кој ќе биде премиер на вчерашниот состанок со претседателот Ахмед Неџдет Сезер.

Ердоган се сретна со претседателот, но не разговарале за премиерскиот мандат

Дневник - 08.11.2002

ТУРЦИЈА Реџеп Тајип Ердоган, чија партија со исламистички корени победи на вонредните парламентарни избори, вчера се сретна со претседателот Ахмет Неџдет Сезер, но изјави дека не разговарале за премиерскиот мандат, јави Ројтерс.

Ердоган преку Грција ќе го гради мостот до Европската Унија

Дневник - 06.11.2002

ПО ИЗБОРНИОТ ТРИУМФ НА РЕФОРМИРАНИТЕ ИСЛАМИСТИ За гласачите, особено за сиромашните селани во Анадолија, "Тајип" е фигура во која гледаат протест против корупцијата, невработеноста и долгогодишните попусти меѓупартиски пресметки Контроверзниот турски политичар Реџеп Тајип Ердоган, чија реформирана ...

САД ќе соработуваат со новата влада на Турција

А1 - 05.11.2002

САД и' ја честитаа победата на Партијата на правдата и развојот на парламентарните избори, што во неделата се одржаа во Турција и изразија желба за тесна соработка со идната влада. Портпаролот на Стејт Департментот Ричард Бучер изјави дека САД не сакаат да шпекулираат со новата влада, туку да и` ја ...

Исламистите денеска почнуваат разговори за нов турски премиер

Вест - 05.11.2002

АНКАРА, 5 ноември (Ројтерс) - Висок функционер на Партијата за правда и развој (АКП) вчера соопшти дека партиското раководство денеска ќе се состане за да разговара за тоа кој ќе биде премиер по победата на изборите во неделата.

АКП со 362 пратеника оконча 15 години владино коалицирање

Утрински - 05.11.2002

По спектакуларната изборна победа на исламистичката Партија за правда и развој во Турција АНКАРА - Турската Партија за правда и развој (АКП) вчера почна со формирање влада, по спектакуларната изборна победа која наметнува тешки предизвици за секуларистичкиот естаблишмент, претпазлив околу ...

Триумф или Пирова победа на Ердоган

Утрински - 05.11.2002

На неделните парламентарни избори Турција ја промени политичката физиономија Димитар Чулев Реалноста отиде чекор понатаму од предвидувањата. Ова можеби е единствената најточна квалификација на она што се случи на неделните избори во Турција.

Ердоган ќе го следи примерот на ОН околу Ирак

Утрински - 05.11.2002

По победата на изборите АНКАРА - Победничката партија на изборите во Турција што се одржаа во неделата соопшти дека ќе го следи примерот на Обединетите нации во ставот за каква било американска воена акција врз соседен Ирак. Партијата на правдата и развојот (АКП), обвинета од досегашниот премиер ...

Реформираните исламисти освоија двотретинско мнозинство во секуларна Турција

Дневник - 05.11.2002

НА ВОНРЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО НЕДЕЛАТА Реформираната исламистичка партија Правда и развој (АКП) со спектакуларниот изборен триумф завчера сериозно го разниша секуларниот естаблишмент во Турција и ги наруши плановите на Анкара за интеграција во Европа, јави Ројтерс.

Победа на умерените Исламисти на изборите во Турција

А1 - 04.11.2002

Турската партија на правдата и развојот денеска започна преговори за формирање влада по спектакуларната изборна победа која претставува горчлив предизвик на секуларната елита, претпазлива поради исламистичките корени на партијата.

Евентуалната победа на исламистите - уставна криза во земјата

Вест - 04.11.2002

ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАНИ ИЗБОРИ ВО ТУРЦИЈА Во Турција вчера гласаше. На вонредните парламентарни избори, околу 40 милиони турски граѓани со право на глас ги избираа новите членови на 550-члениот Парламент. Анкара, 4 ноември (Ројтерс) - Во Турција вчера гласаше.

Дали кризата ја сврти Турција кон исламистите?

Утрински - 04.11.2002

Турција вчера гласаше на најдраматичните избори во својата понова историја Според аналитичарите ниту една од трите коалициски партии нема да ги освои неопходните 10 отсто од гласовите за влез во парламентот Во Турција почна гласањето за нов парламент, а според анкетите на јавно мислење, ...