НСДП или ВМРО Народна. Која од овие две влегува во новата влада на Груевски? НСДП на Петковски го чека повикот на Груевски за продолжување на разговорите. По денешната партиска координација, неофицијално тврдат дека не отстапувале од веќе кажаниот став, од нивните редови да се министерот за одбрана ...
Мандатарот Груевски е се поблиску до одлука - во новата влада да ги внесе и НСДП и ВМРО-Народна. Статус - кво ситуацијата со Петковски ќе се обиде да ја реши вечерва, најдоцна утре претпладне. На постигнување договор помеѓу Груевски и Петковски работат лоби групи од двете страни Мандатарот Груевски ...
Во понеделник, два дена пред истекот на рокот, мандатарот Груевски ќе ги објави имињата на министрите во идната влада. До тогаш останува нејасно што ќе биде договорено со новите социјалдемократи на Тито Петковски. Министерството за одбрана засега останува договорено, но не и останатите ресори на ...
Лидерот на НСДП инсистирал на министерствата за земјоделство и за економија БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Разговорите за состав на новата влада кои ги води мандатарот Никола Груевски зедоа нов тек откако не успеа последната рунда преговори со НСДП на Тито Петковски.
Во парламентот „народњаците" ќе функционираат како опозиција која ќе ја поддржува владата КАТИЦА ЧАНГОВА По средбата на мандатарот Никола Груевски и в.д. претседателката Весна Јаневска, од вчера ВМРО-Народна партија ги почна конкретните разговори со ВМРО-ДПМНЕ за учество во власта.
ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОБЛИСКУ СО ВМРО-НАРОДНА Со Тито не е проблем ресорот економија, туку кадарот што го нуди за министер, појаснуваат во ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна се се поблиску до непосредно коалицирање во новата влада.
ВМРО-Народна или НСДП, или и двете во власта на различни нивоа. Иако воздржани во вчерашните изјави дека би се задоволиле со пониски ешалони во власта, Канал 5 дознава дека партијата на Георгиевски преговарала за министерски места во случај Груевски и Петковски да не се договорат за идна владина ...
ЗАПНАА ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ ГРУЕВСКИ И ПЕТКОВСКИ ВМРО-НП ќе ја поддржи новата влада преку поддршката што веќе и ја даде на ДПА, а за возврат бара директорски места. Со овој став претставници на партијата на Љубчо Георгиевски вчера преговараа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Договор не се постигна.
Во деликатната фаза од преговорите со Петковски, Груевски го засилува линкот со Народна. Во два дена дури две средби на партиските раководства. По синоќешната со Јаневска, мандатарот во седиштето на партијата денеска разговараше со членови на партиското раководство.
Мандатарот Груевски влегува во последните пет дена од уставниот рок без целосно познат состав на новата влада. Двете крупни прашања на кои се очекуваат одговори до среда се - позициите на НСДП и можната партиципација на ПДП во новиот кабинет Мандатарот Груевски влегува во последните пет дена од ...
Неизвесно е дали Груевски ќе го даде земјоделството на НСДП, бидејќи социјалистите инсистираат на оваа фотелја да седне Зоран Витанов Мандатарот Никола Груевски и Тито Петковски синоќа требаше да ги одредат ресорите кои во новата влада ќе и' припаднат на НСДП, по што изгледот на владиниот кабинет ...
НОВАТА ВЛАДА НАЈРАНО В НЕДЕЛА Сунчица Стојановска Земјоделството, економијата, одбраната и социјалната политика се ресорите што Тито Петковски, лидер на НСДП, требаше да ги побара од мандатарот Груевски на средбата најавена за синоќа.
Нема договор Груевски-Петковски. А1 дознава дека преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и НСДП се искомплицирале и влегуваат во деликатна фаза. По подолго време, денеска одржана средба во четири очи меѓу Груевски и Петковски, кој синоќа се вратил во земјава.
Нема договор за министерските позиции на НСДП во новата влада ни по денешната средба Петковски - Груевски. Иако се очекуваше преговорите денеска да финишираат, сепак бил оставен простор за размислување до понеделник Нема договор за министерските позиции на НСДП во новата влада ни по денешната ...
ОД УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА НОВИОТ СОСТАВ НА ВЛАДАТА Сунчица Стојановска Министерствата за одбрана, за надворешни работи и за земјоделство ќе ги добие Тито Петковски, а за социјалистите на Ѕинго ќе остане економијата, велат партиски извори.
ТИТО СЕ ПАЗАРИ СО ВМРО-ДПМНЕ И ДПА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА Лидерот на НСДП ќе ја чека 2009 година и од коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ќе бара поддршка за кандидат за претседател на државата Лидерот на НСДП Тито Петковски може да биде претседателски кандидат на владејачката коалиција ...
За партијата на Абдулади Вејсели е резервирано едно министерско место, најверојатно за локална самоуправа Партијата за демократски просперитет (ПДП) ќе биде дел од новата влада, дознаваме од наши извори. Лидерот на таа партија Абдулади Вејсели веќе се договорил со мандатарот Никола Груевски и се ...
МВР, Финансии, Економија, Транспорт и врски, Правда, Информатичка технологија и локална самиоуправа се министерствата кои мандатарот Никола Груевски планира да ги задржи за својата партија во новата влада, дознава "Вечер". Тој вчера требаше да се сретне со лидерот на НСДП Тито Петковски, кој се ...
Вечерва или најдоцна утре ќе биде усогласен новиот министерски состав на мандатарот Груевски. А1 дознава дека во овој термин Груевски и Петковски ќе пресечат кој кое министерство ќе задржи. Двајцата денеска веќе оствариле телефонски разговор, но се уште останала отворена дилемата кој ќе раководи со ...
Груевски побрза да ги финализира преговорите со партнерите за новата влада. Го притиснаа реакциите на ДУИ, иако последните најави од неговата партија беа дека ќе го искористи до крај законскиот рок за составување на кабинетот.
Лидерот на НСДП е на одмор и нема да се врати до сабота, а ВМРО-ДПМНЕ се надева дека в петок ќе може да го соопшти составот на владата Само уште ресорите што ќе му припаднат на НСДП се непознаница за составот на новата влада.
Нема договор со Петковски за ресорите, ПДП бара две министерски места БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Мандатарот Никола Груевски не може да избере помеѓу големиот број квалитетни кадри за функции во идната влада. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера од Прилеп се пожали дека има проблем при селекцијата на најдобрите ...
ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА ДПА ДПА за синоќа најави седница на претседателството на која се очекуваше да се потврди изборот на Имер Селмани, Сулејман Рушити и Имер Алиу за министри во новата влада и да се предложат уште по еден кандидат за министер, еден за вицепремиер и за четворица заменик-министри.
Договорот за новата влада е при крај. Решена е дилемата, Министерството за одбрана и припаѓа на НСДП на Тито Петковски, а речиси е сигурно дека оваа партија ќе го даде и решението за Министерството за надворешни работи. Петковски за ден-два треба да му предложи на Груевски човек што ќе раководи со ...
Партијата на Џафери ќе ги предводи министерствата за образование, здравство, култура и екологија БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се договорија. Партијата на Арбен Џафери и Мендух Тачи ќе добие четири министерски и исто толку заменички места, како и вицепремиер во идната влада што ќе ја предводи ...
Г. Г. СТЕФАН: Новите министри за образование, за здравство, за култура и за екологија ќе бидат кадри на ДПА, изјави Мендух Тачи, потпретседател на ДПА, вчера, по средбата со мандатарот Никола Груевски. ДПА ќе добие и четири заменик-министрски места и еден потпретседател на влада.
Груевски и Тачи се договорија - ДПА ги добива ресорите здравство, образование, култура и екологија Американецот со потекло од Македонија Глигор Ташковиќ во владата на Никола Груевски ќе биде задолжен за привлекување странски инвестиции.
УТВРДЕН АЛБАНСКИОТ ДЕЛ НА НОВАТА ВЛАДА Демократската партија на Албанците во новата влада на мандатарот Никола Груевски ќе добие четири министерски, четири заменички и едно вицепремиерско место. Ова е договорено на вчерашната средба на мандатарот Никола Груевски со потпретседателот на ДПА Мендух ...
ДПА и мандатарот Груевски се договорија. Во новата влада партијата на Џафери и Тачи ќе партиципира со четири министри, исто толку заменици министри, а ќе добие и вицепремиерско место. Според наши информации, најверојатно на оваа позиција ќе застане Имер Селмани, доскорешен градоначалник на Сарај, ...
Груевски и Петковски не можат да се договорат кому да припаднат економијата и земјоделството Преговорите за состав на новата влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и новите социјалдемократи на Тито Петковски запнаа при поделбата на ресорите. НСДП инсистира да ги добие ресорите економија и земјоделство, а Никола ...
ВЛАДАТА ЌЕ СЕ КРЧКА ДО ПОСЛЕДНИОТ РОК Составот на идната влада најверојатно ќе се објави кон средината на месецот, најавуваат партиски извори. Мандатарот Никола Груевски, според Уставот, има рок до 17 август да ги достави до Собранието програмата за работа и предлозите за министри, иако од ...
Груевски одговори на протестите на ДУИ –со конечен договор со ДПА за распределбата на местата во првиот ешалон на власта во која нема место за али Ахмети. Образование, здравство, култура, екологија, едно вице премиерско место и 4 заменик министерски фотелји.
И во последниот телефонски разговор викендов, меѓу лидерот на НСДП Тито Петковски и мандатарот Никола Груевски немало дефинитивен договор за распределбата на ресорите во новата влада. НСДП бара да добие три министерски места или две министерски плус вицепремиерска функција.
Скопје Составот на новата Влада на Македонија би требало да биде објавен в петок, јавија електронските медиуми, повикувајќи се на партиски извори во ВМРО ДПМНЕ. В четврток, според истите информации, мандаторот Никола Груевски требало да има состанок со сите идни министри во неговата Влада, а в ...