легенда: Изборот на идните контролори правен според тоа кој знае англиски - Илир Мехмеди Зденка ПАВКОВИЌ Управата за цивилна воздушна пловидба само од почетокот на годинава без конкурс примила 16 лица со кои склучила договор на дело.
За избраните понуди со палетата на "Јака 80" и ИЦН, односно "ОХИС Фарма" веќе се најавуваат голем број жалби од другите учесници на меѓународната лицитација. Тие го оспоруваат изборот на палетата од овие две фармацевтски куќи, поради неисполнувањето на законските обврски за ГМП-стандарди во ...
Претседателката Софија Тодорова ќе ја преброди зацртаната реконструкција на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување што ја барааат монетарците, а како што стојат работите во него сигурно ќе остане и д-р Никола Стојановски, кој како поранешен лекар ги застапува пензионерите, дознава ...
Синдикатот на вработените во службата за деминирање, заедно со Синдикатот на пиротехничарите и Здружението на работодавци ќе организираат прекинување на деминирањето во цела Хрватска, ако не дојде до промени во третманот и односот кон нив, е соопштено завчера на заедничката прес-конференција.
Текстовите што се собрани на едно место и под наслов "Градот - знаци во времето и просторот" (издание на Филозофскиот факултет во Скопје) на авторот Илија Ацески се објавувани во дневните весници, во период од десетина години, почнувајќи од 1993 година и се посветени на развојот на Скопје, од ...
Иницијативата на Министерството за култура за формирање филмски фонд кој, во прво време, би се создал под закрила на државата, а би го растоварил сегашниот буџет за култура, поточно за филмската дејност во нашата држава, генерално наиде на одобрување од страна на учесниците во оваа фела.
Иако временските услови не се најпогодни, сепак во неколку битолски културни установи започна реализацијата на проектите што ги финансира Министерството за култура. Пред се, станува збор за продолжување на ревитализацијата на главната битолска улица Широк Сокак.
Како што пренесува англискиот ТВ-канал "Би-Би-Си", англискиот дефанзивец во Реал (М), Џонатан Вудгејт (25 г.), ќе ги пропушти сите натпревари на кралскиот клуб до крајот на сезоната, поради повреда. "Вудгејт е во 'аут' до крајот на сезоната, но тоа не значи дека повторно ќе замине 'под нож'.
Во инцидент што минатата недела се случи во ноќниот клуб "Ескејп" потешко е повреден еден припадник на Единицата за брза интервенција. Нему со кундак од пиштол му била нанесена повреда на главата, по што бил пренесен в болница. Во тепачката е повреден уште еден полицаец.
Директорот на "Застава - оружје", Раде Громовиќ(41) е обвинет поради злоупотреба на службената положба и добивање лична полза, при извозот на 1 500 автоматски пушки во Либерија, велат во Општинското обвинителство во Крагуевац.
Дека кинескиот јазик е поблизок до македонскиот отколку албанскиот, се покажа на вчерашната церемонија, што се случи во ОУ"Петар Здравковски-Пенко" по повод потпишувањето на Уверението за предавање на 3.300 компјутери и 300 принтери, донација од НР Кина.
Во скопската населба Железарница, вчераутро, џип "нисан", сопственост на Европаската мисија"Проксима" откако излетал од патот удрил во поставена метална ограда. Во незгодата, освен материјалната штета, нема повредени. Сообраќајката била евидентирана во полиција, по што е извршен увид на местото на ...
МЕЛБУРН, 4 МАРТ (МАРТ).- Џенсон Батон можеби ќе мора малку да почека за првата победа во Формула 1, иако тој поседува се што е потребно за да биде победник, изјави Михаел Шумахер пред првата трка во Формула 1, што ќе се вози в недела во Австралија.
Нетрпеливоста која во старт се создаде меѓу двете комори, новоформираната Сојуз на стопанските комори и старата Стопанска комора на Македонија, успеа да ја раскара и Владата. Вчера од Кабинтот на вицепремиерот задолжен за економски систем Минчо Јорданов проциркулира едно луто писмо потпишано од ...
Контроверзниот Семи Хебиби, мозокот за бомбашкиот напад врз полициската станица во тетовското село Теарце е кандидат за градоначалник на Тетово. Зад неговата кандидатура застанале независни избирачи. Хебиби, покрај што беше осомничен за нападот во Теарце кога загина полицаецот Момир Стојановски, а ...
АНКАРА, 4 МАРТ (МИА). - Два тони фалсификувана ракија биле конфискувани во округот Малатија, во централна Турција, откако во изминатите неколку дена како резултат на труење од алкохолниот пијалак во Истанбул починаа најмалку седум лица, објавија вчера дел од турските медиуми.
Управниот одбор на "Поштенска банка" вчера, конечно, го избра Зоран Николовски, за нов генерален директор на "Поштенска". Предлогот веднаш е доставен до гувернерот на Народната банка на Македонија кој во наредните денови ќе треба да ја издаде лиценцата на Николовски за извршување на оваа функција.
Од прексиноќа и дефинитивно се знае која е песната што на Евросонг во Киев на 21 мај ќе ја изведе грчката претставничка Елена Папаризу. Националната телевизија на нашиот јужен сосед пред неколку месеци ја одреди Елена за нивен претставник, во име на успехот што им го донесе со песната "И дие фор ...
Министерството за финансии како едно од клучните министерства, се разбира, има свој сајт на Интернет преку кој заинтересираните институции и граѓаните можат да се информираат за сите поважни работи, што ги има сработено министерот за финансии и неговиот тим, како и плановите за наредниот период.
МОСКВА, 3 МАРТ (МИА). - Русија годинава ќе произведе ракета против која нема да има никаква одбрана, најави завчера рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов. Тој рече дека ракетите ќе се користат за одбранбени цели, а не против некои одредени земји.
Арнолд Шварценегер, кој е познат како страствен пушач, неодамна пред да замине на пат од својот пријател Том Арнолд позајмил кутија никотински гуми за џвакање. Набрзо откако ги пробал, Шварценегер почнал да се чувствува многу чудно по што му се јавил на Арнолд.
Франција и САД се во диплопатски спор по пропаднатата акција за апсење на трговците со противавионски ракети во регионот на Добој, во почетокот на октомври 2004 година, објави париски "Монд". Според нивните тврдења, осуммина припадници на контингентот на САД во Сараево ,на еден контролен пункт во ...
Бугарскиот премиер Симеон Сакскобурготски најави зголемување на стандардот на бугарските граѓани. Конкретно: зголемување на пензиите и поволни кредити за младите семејства со две деца. Тоа ќе биде сторено со парите од приватизацијата, лиценцирањето на такси- возилата и вишокот во државниот буџет.
Анонимно лице вчера ја алармирало полицијата дека во објектот на "Радо банка" лоцирана на улицата "Народен фронт" во Скопје е поставена експлозивна направа. По известувањето, полицијата ги евакуирала и вработените во банката и сите станари од зградата, а стручна екипа од Секторот за антитероризам ...
Виктор Јушченко, конечно, го направи долго очекуваниот потег, од кого стравуваат сите водачи на поранешниот режим во Украина, и го отвори Националното биро за разузнавање. Според неговите зборови, тоа "ќе се занимава со сите настани што се случиле во земјата во послените пет години, а исто така ќе ...
Во рамките на посетата на Косово премиерот Владо Бучковски, во Приштина се сретна со шефот на УНМИК, Сорен Јесен Петерсен. Бучковски со Петерсен разговарале за билатералните односи, за привремениот протокол за слободна трговија, за проблемот со Ромите-бегалци од Косово во Македонија, чиј број е ...
ОД СВЕТОТ НА ПОЗНАТИТЕ Американскиот актер и гувернер Арнолд Шварценегер, кој е познат и како страсен пушач, неодамна пред да патува позајмил кутија никотински гуми за џвакање од својот пријател Том Арнолд. - На Шварци му позајмив кутија никотински гуми за џвакање, но место да земе само една, тој ...
"Заедничкиот живот и литературата" е темата на тркалезната маса, што македонскиот ПЕН-центар ја организира утре, во НУБ "Св.Климент Охридски" ( 10 ч.) во Скопје. Поканети се 70 писатели кои творат на различните јазици во државава, кои ќе проговорат за процесите што се одвиваат во тие литератури, за ...
Работат тајно и по 18 часови дневно. Најчесто не знаат за кого, ниту пак смеат да прашаат. Честопати се случува и трудот да не им го платат. А, за тоа немаат кому да се пожалат. За работодавачот работат или во своите домови или во импровизирани работилници.
Проблемот со ширењето на летните бавчи на угостителските објекти сместени по должина на Кејот "13 Ноемвери", кој секоја година предизвикува незадоволство кај граѓаните кои го користат овој простор како шеталиште, има шанси годинава да биде решен.
Со претставата "Метаморфози", работена според Овидиј, по режисерско видување на гостинот од Словенија Миха Голоб, Народниот театар од Штип во текот на мај го очекува седумдневна турнеја. Во периодот од 23 до 26 мај, штипјани ќе гостуваат во Словенија - Крањ, Велење, Камник и Целје и, најверојатно, ...
Петкратниот светски шампион во мотоциклизам, Италијанецот Валентино Роси, кој во својата земја е ултра-популарен, покрај тоа што важи за човек со исклучителна смисла за хумор и за откачени работи, е многу омилен ерген. А има и зошто.
"Нова Љубљанска банка" не се откажува од купувањето на "Поштенска банка". Ова вчера и официјално го потврдија претставниците на оваа словенечка банка кои минатата недела извршија комплетно снимање на состојбите во Поштенска. Наши извори велат дека претставниците на "Нова Љубљанска" утре доаѓаат во ...
Традиционалната манифестација "Сонце на годината" што ја организира Министерството за економија на Република Македонија, во која се наградуваат најуспешните на тоа поле, ќе значи и добра забава со најпопуларните пејачи од нашата естрада.
Новиот возач на "Вилијамс" Ф1 тимот, Австралиецот Марк Вебер, во неделата направи вистинско шоу на прочуениот "Харбор" мост во Сиднеј. Имено, во рамките на рекламната кампања за претстојната, прва трка од новата сезона во Формула 1, која в недела ќе се вози во Мелбурн, Вебер извозе пет круга на ...
Филмот "Реј" (режија Тејлор Хакфорд), овогодишен добитник на Оскар, поради зголемениот интерес на публиката, од петок повторно ќе се прикажува на редовната програма во киното во Домот на АРМ (17, 20 23 ч.). Од "Манаки филм" најавуваат дека секој посетител ќе добие специјален подарок: Видео ЦД во ...
На традиционалниот етнофестивал што се одржува во Бургос, Шпанија, "Синтезис" настапија пред преполната сала на театарот на големо одушевување на публиката која, благодарение на шпанскиот радио" Канал 103", сосема добро знаеше да ја отпее "Помолила бога".
Од фабриката на "Фолксваген" во Цвикау, Германија вчера излезе милионитиот "голф ГТИ" . Ова возило, како и претходните "голфови" е многу барано, не само на пазарите во Европа, туку и на сите континенти. ...
Младиот и талентиран интерпретатор Тино Кајшаров, кој на последниот "Макфест" ја збогати својата колекција на фестивалски награди, со уште една -награда за дебитант, со најновата песна се враќа во сферата на народната музика, каде всушност и почна.
Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување ќе треба да се реконструира во наредните неколку месеци. Според сонанијата до кои дојде "Вечер", промените во неговиот персонален состав се налог од ММФ, кој утврдил дека онака како што го искомпонира власта не ги застапува интересите на ...
Изложба на накитот на грчката оперска певица Марија Калас е отворена во Салата "Густав Махлер" на Државната виенска опера. Накитот, изработен од кристали, специјално за нејзините настапи во разни опери, го направија Работилницата Марагони од Милано и Сваровски од Тирол.
"На старите дрвени бандери и воздушните линии за поврзување на електричните водови, местото им е во "музејот на историјата", а наша обврска е на нивно место да поставиме нови, економични и модерни канделабри" - велат надлежните од Општина Центар и додаваат дека само во минатата година на пошироката ...
Во саботата навечер, во нецелосно исполнетата Универзална сала, се одржа 16-тиот фестивал "Гоце фест". По изведбата на 18 песни, публиката и жирито ги дадоа своите гласови. Според публиката со подеднаков број гласови, победија (новинарот) Мишко Талевски со песната "Непобедена" и Војо Стојановски со ...
Техеран, 28 февруари (Макфакс) - Иран и Русија вчера го потпишаа нуклеарниот Договор, со кој би требало да се овозможи отворање на првата иранска централа што Русите ја градат во Бушер. Потпишувањето на Спогодбата беше одложувано повеќе од две години.
Вработувања, јавни објекти, села поврзани со асфалтни патишта, ресторани, туризам, зголемување на бројот на жителите... Поречието ќе стане Швајцарија во мало, ветуваше државата и ЕСМ кога почна да го гради хидросистемот "Козјак".
Патничко возило на македонската градежна фирма "Гранит" е украдено вчераутро во Софија. Автомобилот "СЕАТ Толедо" со скопски регистерска ознака СК - 810 ОИ, исчезнало од паркингот на хотелот "Хемус" во Софија. Според бугарската агенција Фокус, со украдениот "СЕАТ" во Бугарија престојувал некој од ...
Лековите кои не се регистрирани во земјава не смее ни да се издаваат, ниту да се продаваат во аптеките. Законот за лекови е дециден и во него нема никакви исклучоци или пак "грејс период" за препарати на кои им е истечено регистрационото решение, во кој тие би можеле да останат во промет.
На српската јавност сега и е сосема јасно дека претседателот Борис Тадиќ е во право што не сака да го потпише Законот за работа,бидејќи "некои луѓе" во службите на Собранието на Србија во него направиле корекции, без да имаат право на тоа.
На петте одиграни средби во 13. коло од најквалитетната лига не се случи изненадување. Домаќините максимално убедливи во ниту еден момент не дозволија гостите барем приближно да се заканат, да ја зголемат резултатската неизвесност.
Рим, 28 февруари (Макфакс) - Италијанскиот премиер Силвио Берлускони одново се соочи со италијанскиот правосуден систем, откако против него беа обелоденети нови сознанија во истрагата за измами "тешки" 60 милиони евра, јавуваат италијанските и британски медиуми.
Градската сообраќајница "Словенечка" со чија изградба населбата Чаир треба да се поврзе со централното градско подрачје, полека излегува од имотно-правниот лавиринт. Според надлежните во Градот започна обесштетувањето на сопствениците на имотите преку кои ќе поминува трасата на оваа улица.