Дел од вработените во фабриката за оружје и муниција „Сувенир“ од Самоков и денеска протестираат пред Собранието, барајќи исплата на шесте заостанати плати и придонеси кон фондовите за пензиско и здравствено осигурување за последните 20 месеци.
СИНДИКАТ Членовите на Синдикатот на металците, енергетичарите и рударите (СМЕР) ќе ги поддржат барањата на работниците од фабриката за производство на оружје и муниција „Сувенир“ од Самоков, едногласно решил извршниот одбор на овој синдикат на вчерашниот состанок.
КАКО ПОМИНА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА Никола Стојанов „Колку чини коктелот, претседателе Црвенковски!“, „Вие се гостите со нашите пари, а ние гладуваме!“, „Само еден ден да ги заменевте местата на железната ограда пред Собранието!“.
ПО ВЕСТА ДЕКА СУВЕНИР ОД САМОКОВ ЌЕ ОДИ ВО СТЕЧАЈ За фабриката "Сувенир", актуелна со штрајковите на вработените пред Владата и Собранието, се заинтересирал албански бизнисмен кој веќе на големо притискал, преку албанските министри во Владата, да му се дад Фабриката за наменско оружје "Сувенир" од ...
ВРАБОТЕНИТЕ НА ПРОТЕСТ пред собранието Вработените предупредуваат дека општините Самоков и Македонски Брод ќе исчезнат од картата на Македонија ако згасне фабриката Вработените во фабриката за оружје "Сувенир" од Самоков вчера повторно протестираа пред Собранието, барајќи рестартирање на ...
Денеска пред Собранието протестираа работниците од фабриката Сувенир од Самоков. Додека тие протестираа, во Собранието се одржуваше свечениот коктел по повод денот на независноста. Сепак поради изнемоштеност, овие луѓе попладнето си заминаа дома. Но најавија дека утре повторно ќе дојдат.
Револтирани оти во петокот добиле само лажно ветување колку да се тргнат од пред собранието и да ги исчистат патот за посетата на хрватскиот премиер Санадер, работниците од Сувенир денеска повторно дојдоа на протести пред собранието.
НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО „СУВЕНИР“ ИМ ПУКНА ФИЛМОТ Мирче Котевски Околу 200 вработени во фабриката за оружје „Сувенир“ од Самоков вчера го блокираа патниот правец Кичево - Охрид во близина на Македонски Брод, затоа што не беа примени од владините претставници со кои требаше да ја договорат понатамошната ...
НЕЗАДОВОЛСТВОТО ПРОДОЛЖУВА Околу 250 работници од "Сувенир" од Самоков вчера го блокираа патниот правец Кичево - Охрид откако со Владата не потпишаа договор за социјално згрижување на 475-те вработени до продажбата на фабриката.
Работниците од фабриката за производство на оружје Сувенир Самоков, денеска во 13 часот го блокираа патниот правец Кичево Охрид бидејќи владата не го исполни ветувањето, денеска да се потпише социјалната спогодба за нивно згрижување додека трае ликвидацијата на фабриката.