TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Уништени видеоленти со мачени алкаедовци

Време - 08.12.2007

ЦИА БРИШЕЛА ДОКАЗИ Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) уништила видеоленти на кои се гледаат нејзини оперативци како мачат припадници на Ал каеда додека ги испрашуваат, пренесува МИА. Видеолентите биле снимени во 2002 година, а биле уништени во 2005 година, се вели во писмо од ...

ЦИА уништила видеокасети со испрашување на затвореници

Утрински - 08.12.2007

Наводно, записите биле уништени за да се заштити идентитетот на агентите и поради тоа што тие повеќе немале разузнавачка вредност Централната разузнавачка агенција (ЦИА) потврди дека уништила најмалку две видеокасети на кои било снимено испрашување на осомничени за тероризам.

ЦИА уништила снимки од измачувања

Дневник - 08.12.2007

Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во 2005 година уништила најмалку два видеозаписа на кои се гледа како нејзини вработени користат „екстремни методи за распит“ врз двајца осомничени членови на Ал каеда, пишуваат „Гардијан“, „Вашингтон пост“ и „Интернешенл хералд трибјун“.

Демократите бараат истрага за уништување на снимките на ЦИА

Макфакс - 08.12.2007

Вашингтон Американските демократи бараат истрага за уништувањето на видео снимките на ЦИА, на кои е снимено сослушување на осомничени за тероризам во 2002 година. „Барам истрага со која ќе се утврди дали агентите на ЦИА кои не ги известиле органите за нивната постапка, го прекршиле законот со ...

Конгресот ќе и' забрани на ЦИА да ги мачи осомничените

Утрински - 07.12.2007

Вашингтон- Американскиот Конгрес ќе и' забрани на американската разузнавачка агенција ЦИА да применува екстремни методи за време на распитите на осомничените. ЦИА треба да ги корити само оние методи за распит што им се дозволени на воените власти.

ЦИА уништила видеозаписи од тортура при распит, пишуваат британски и американски весници

Канал5 - 07.12.2007

Во 2005 година Централната разузнавачка агенција (ЦИА) уништила најмалку два видеозаписа на кои се гледа како нејзини вработени користат „екстремни методи за распит“ на двајца осомничени членови на Ал Каеда, пишуваат денеска весниците „Гардијан“, „Вашингтон пост“ и „Интернешнл хералд трибјун“.

Американскиот Конгрес ќе и забрани на ЦИА да користи екстремни методи за време на распитите

Канал5 - 06.12.2007

Американскиот Конгрес ќе и забрани на американската разузнувачка агенција ЦИА да применува екстремни методи за време на распитите на осомничените. Вашингтон, 6 декември (МИА) - Американскиот Конгрес ќе и забрани на американската разузнувачка агенција ЦИА да применува екстремни методи за време на ...