TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Дела од Димче Николов на изложба во МСУ

Утрински - 18.11.2008

Прво поцелосно претставување на творештвото прекинато со смртта на авторот во 1998 година. Продолжувајќи со презентација на автори кои одиграле релевантна улога во развојот на ликовната мисла во Македонија, Музејот на современата уметност на изложба што вечерва ќе биде отворена во 20,30 часот, на публиката ќе и понуди графики и цртежи од Димче Николов (1953 -1998), создавани во периодот од 1975 ...

Ретроспектива на Димче Николов во Музејот на современата уметност

Дневник - 18.11.2008

Ретроспективна изложба на графики и цртежи од реномираниот уметник Димче Николов (1953-1998) вечерва во 20.30 часот ќе биде отворена во Музејот на современата уметност во Скопје. Творештвото на Николов, клучна фигура во развојот на современата македонска графика, ќе биде претставено преку неговите дела, создадени од 1975 до 1997 година.

Традиционална изложба на графики во ДЛУМ

Дневник - 18.11.2008

Традиционална изложба на графики во ДЛУМ. Во Ликовниот салон на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, во Домот на АРМ, вечерва во 20 часот ќе биде отворена традиционалната годишна изложба „ДЛУМ-графика“. На 38-та графичка изложба ќе бидат претставени дела што членовите на уметничката асоцијација ги создале во минатата година.

Графики од Димче Николов во Музеј на современа уметност

Вест - 18.11.2008

Во Музејот на современата уметност вечерва во 20,30 часот ќе биде отворена изложбата на цртежи и графики од Димче Николов, насликани во периодот од 1975 до 1997 година. Николов дипломирал и магистрирал на на Академијата за ликовни уметности во Љубљана. Работел како професор по графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје каде што бил и декан. Починал во 1998 година.

„ДЛУМ - Графика 2008“

Кирилица - 18.11.2008

Ќе бидат претставени 25 графичари: Ана Апостоловска, Михајло Блажевски, Тони Васиќ, Лидија Вујисиќ, Ангел Гавровски, Кирил Гегоски, Соња Димовска, Горан Јованов, Марјана Костојучиновска, Едип Лога, Ана Матовска, Даниел Манасиев, Шкипе Мехмети, Мира Митрова, Јовица Мијалковиќ, Благојче Наумовски Бане, Марија Најденовска, Даниела Панчевска, Жанета Радевска, Марија Светиева, Сунчица Станковска, ...

Графики 2008-ма во ДЛУМ

Форум - 17.11.2008

Во вторник, (18. ноември 2008 г.) ќе биде отворена традиционалната годишна графичка изложба ДЛУМ - графика 2008 која во својата традиција вбројува повеќедецениска присутност на ликовната сцена во нашата земја. Изложбата ќе се отвори во 20 часот во Ликовнииот салон во Домот на АРМ Годинешното 38. издание претставува сублимација од македонската графичка продукција минатата година.

Традиционална изложба на ДЛУМ

Вечер Прес - 17.11.2008

Традиционална изложба на ДЛУМ. Традиционалната годишна графичка изложба "Длум-Графика" ќе се отвори вечерва (20 ч.) во Ликовниот салон во Домот на АРМ. - За годинешното 38. издание е одбран супстрат од графичката продукција на изминатата година во која одбраните учесници на изложбата покажаа вистински резултати во графичкиот третман на ликовната материја, освојувајќи нови простори и дострели во ...

Изложба за Димче Николов

Вечер Прес - 17.11.2008

Изложба за Димче Николов. Изложбата "Димче Николов графики и цртежи 1975 - 1997" ќе биде отворена вечерва (20,30 ч.) во Музејот на современата уметност. - Со изложбата на Димче Николов (1953 1998) МСУ ја продолжува презентацијата на автори кои одиграле релевантна улога во развојот на ликовната мисла во Македонија, велат од Музејот, потенцирајќи дека Николов претставува клучна фигура во ...