TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Христијаните низ целиот свет го прославија Велигден

А1 - 08.04.2007

Христијаните низ целиот свет денеска го прославуваа Велигден, денови кога се празнува победата над смртта - Христовото воскреснување. Годинава и православните и римокатолиците слават на ист ден, заради тоа што се поклопија датумите во двата календари, Грегоријанскиот и Јулијанскиот.

Велигден - празник на победата над смртта

А1 - 08.04.2007

Нешто пред полноќ започна светата божествена литургија. По опходот околу Соборниот храм, архиепископот Стефан го објави Христовото воскресение. Во име на Светото тројство Отецот, Синот и Светиот дух, околу храмот поворката се сврте три пати.

Годинава сите христијани во исто време го слават велигден

Канал5 - 08.04.2007

Православните христијани и католици оваа година заедно го слават големиот ден велигден кој го симболизира христовото воскреснување. На првиот ден од празникот верниците ја посетуваат и православната и католичката црква да се помолат за благодет, среќа и здравје во текот на целата година.

Христос воскресе – ја објави празничната вест поглаварот Стефан синоќа на полноќ

Канал5 - 08.04.2007

Со вечерната свечена богослужба, со кружењето на црковната поворка околу соборниот храм свети Климент Охридски и со објавување на радосната вест на полноќ – Христос воскресе – навистина воскресе – православните христијани го дочекаа велигден.

Туристичките агенции профитираа од продолжените велигденски празници

Канал5 - 08.04.2007

Туристичките агенции профитираа од велигденските празници. Аранжманите во однос на лани се зголемиле за над 50 проценти. Халкидики, Крф, Сандански, Истанбул се топ дестинациите за македонските граѓани. Двата неработни дена, споени со викендот, привлекоа наместо традиционално во кругот на ...

Велигден – празник на победата над смртта

Макфакс - 08.04.2007

Скопје Денеска е Велигден, најголемиот христијански празник кога се празнува победата над смртта, кога Исус Христос воскреснал од мртвите. Свечена богослужба, по повод Велигден, се одржа синоќа пред Соборниот храм во Скопје, каде се собраа неколку илјади верници.

Христијаните го одбележаа големиот празник

Макфакс - 08.04.2007

Ватикан Христијаните ширум светот денеска го одбележаа Велигден, еден од најголемите празници. Годинава, и католичките и православните верници славеа на ист ден. Папата Бенедикт Шеснаесетти, денеска, во велигденската порака, изрази жалење што “ништо позитивно не стигнува од Ирак, држава натопена во ...

Подготовки за празнување на големиот христијански празник Велигден

А1 - 07.04.2007

Пред Соборниот храм подготовки за вечерната свечена богослужба по повод Велигден. Во средината на храмот поставена е онаа маса што го претставува испразнетиот Исусов гроб. Тие веруваат дека ако поминат под неа, тоа ќе им донесе радост и среќа во животот.

Пораки на г.г.Стефан и бискупот Стојанов за Велигден

А1 - 07.04.2007

Вообичаено за Велигден свои пораки имаат поглаварот на Македонската православна црква г.г.Стефан и бискупот на Католичката црква во Македонија Киро Стојанов. Двајцата со желби за мир во душите на граѓаните, но и мир во целата држава.

Ватикан и Рим подготвени за прослава на Велигден

А1 - 07.04.2007

Ватикан и Рим се подготвени за Велигден. Десетици илјади верници викендов пристигнуваа во главниот град на Италија, седиште на католичката црква, каде треба да се одржи и главната прослава на Велигден за католичките верници. Вечерва папата Бенедикт 16-ти празникот ќе го дочека на традиционалната ...

Православните и католиците заедно го слават Велигден

А1 - 07.04.2007

Со пост, постојана молитва и милосрдие, христијаните се подготвуваат за најголемиот празник, денот на деновите - Велигден. Православните христијани се воздржуваат од мрсна храна пет недели, а католиците 40 дена. Свештениците објаснуваат, смислата на постот е човек духовно да закрепне, за на крај да ...

На Велигеден Бог ни го покажува патот кон сопственото воскресение

Утрински - 07.04.2007

Воскресението Христово е Празник над празниците, вели поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан Возљубени духовни чеда, Велигден е Пасха Господова и Ден на нашето спасение! Затоа Воскресението Христово е Празник над празниците! Еве, дваесет столетија трае радоста од тоа рано неделно утро и таа незаодна ...

Велигденски слики на јајца

Утрински - 07.04.2007

СТРУМИЦА - По повод велигденските празници, ликовните уметници од Струмица завчера, на Величетврток, по трет пат ја организираа изложбата на цртежи и слики на форми од јајца. На изложбата учествуваат триесетина уметници, кои своите дела со велигденски содржини ги изложија во Центарот за култура ...

Песни, ора и најубави велигденски јајца во Луна парк

Утрински - 07.04.2007

На првиот ден од Велигден, в недела, во Луна парк традиционално ќе се избира најубаво, најшарено, најголемо и најмало велигденско јајце. На манифестацијата „Децата во чест на Христовото воскресение“ најуспешните ќе бидат наградени со месечен, неделен и дневен бесплатен билет за возење на ...

Уметници сликаа на велигденски јајца

Дневник - 07.04.2007

Уметниците од Струмица по повод големиот христијански празник трет пат организираа изложба на цртежи и на слики на велигденски јајца во Центарот за култура „Антон Панов“. Изложбата, на која се претставени делата на триесетина автори, е од продажбен карактер, а по две недели ќе биде презентирана и ...

Го славиме воскресението

Дневник - 07.04.2007

Поздравите „Христос воскресе - навистина воскресе“, удирањето на црковните камбани, литургиите на свештениците, молитви за здравје и благостојбата од верниците, кршење на вапсаните јајца... ќе бидат само дел од ноќешното славење на најголемиот христијански празник - Воскресение Христово - Велигден.

Велигденски јајца во гнездата на египетски мршојадец

Утрински - 07.04.2007

Во Македонија има многу обичаи врзани за Велигден, но, секако, едни од најинтересните обичаи доаѓаат од Тиквешијата. Неупатените би биле многу изненадени што околу Велигден во Тиквешијата, во гнездата на египетскиот мршојадец, познат како кања, се наоѓаат велигденски јајца, како и разни врзани ...

Најубаво велигденско јајце е вапсано со боја стара 60 години

Утрински - 07.04.2007

Тетка Филимена Сотировска од Скопје оваа година ја доби првата награда за „Најубаво велигденско јајце“. Оваа манифестација традиционанално се одржува по повод христијанскиот празник Велигден, а ја организира Организацијата на жени на град Скопје.

Христос Воскресна!

Вечер Прес - 07.04.2007

Велигден е ден на спасение! Затоа Воскресението Христово е празник на празниците во Христијанството Христијаните од целиот свет го слават Христовото воскресение, најголемиот христијански празник. Оваа година Велигден се слави во исти ден и според православниот и според католичкиот календар.

Велигденска забава

Вечер Прес - 07.04.2007

Во забавниот парк "Луна", в недела во 12 часот ќе се одржи манифестација "Децата во чест на Христовото воскресение". Настанот во организација на ансамблот "Скопје" и паркот "Луна", ќе започне со дефилето на културно-уметничките друштва од Македонија, кои во 11 часот ќе тргнат од фонтаната во ...

Се поклопија православен и католички Велигден

А1 - 06.04.2007

Годинава празникот Велигден се совпадна во ист викенд за православните верници и за католиците. Поголемиот дел до западната хемисфера ќе прославува. Централната манифестација ќе одржи во Ватикан, но многу верници заминаа за Ерусалим, каде со дрвени крстови на грбот одат по патот што го минал Исус ...

Почна одбележувањето на Велигден – на денешниот Велики Петок се оплакува Христовата смрт

Канал5 - 06.04.2007

Со китки и дарови, кон најблиската црква. Цвеќето и вапсаното јајце се положуваат на плаштеникот - платно на кое е насликано оплакувањето на Христа и кое вообичаено е поставено на маса која го преставува импровизираниот Исусов гроб. Со китки и дарови, кон најблиската црква.

Празник на новата надеж

Време - 06.04.2007

ЗОШТО НИ ТРЕБА ВЕЛИГДЕН Весна Дамчевска „Ако не беше Христовото воскресение, залудна ќе беше нашата вера“, запишал апостолот Павле во своето послание. „Да се измамиш во една голема надеж не е срамота. Самото постоење на таквата надеж вреди толку што не е прескапо платена со едно разочарување, колку ...

Груевски упати честитки по повод Велигден

Макфакс - 06.04.2007

Скопје Премиерот Никола Груевски во пресрет на големиот Христијански празник Велигден, на Поглаварот на Македонската православна црква Г. г.Стефан и на православни верници им го честита Христовото Воскресение. „Ваше Блаженство, верувам дека како христијани, ќе продолжиме да работиме за мир и ...

Среќни Велигденски празници

Макфакс - 06.04.2007

Скопје Агенцијата Макфакс ги известува своите корисници на агенцискиот веб сајт, дека поради Велигден, од денеска, петок 06.04.2007, до вторник, 10.04.2007, нема да се ажурира оваа интернет страница. Дежурната екипа на Макфакс, новите вести за време на празниците ќе ги објавува само на веб сајтот ...

Велигден - празник над празниците

Утрински - 05.04.2007

Најголемиот христијански празник Велигден е централно случување во литургиската година, врв во историјата што се однесува на спасувањето на човековиот род. Од најрани времиња црквата му придава заштитна функција на благословот, па луѓето ставаат одредени предмети, откако ќе бидат благословени, на ...

Нов хит во Штип - велигденски налепници со слики од децата

Канал5 - 05.04.2007

Фотографии на најмилите на велигденски јајца. Уникатниот маркетиншки потег на познатиот штипски фотограф Јордан Симоновски деновиве е хит Фотографии на најмилите на велигденски јајца. Уникатниот маркетиншки потег на познатиот штипски фотограф Јордан Симоновски деновиве е хит.

Зошто се менува датумот на Велигден

Утрински - 05.04.2007

Велигден е главниот празник на листата на оние што се со променлив датум на одбележување. Датумите на другите празници се менуваат во зависност од Велигден и се определуваат дури откако ќе се види датумот на овој празник над празниците.

Избор на најубаво велигденско јајце

Вечер Прес - 05.04.2007

Активистките на Организацијата на жени на град Скопје, на Величетврток, годинава по четврти пат, ќе организираат голема забава во знак на велигденското јајце, симбол на најголемиот христијански празник. Забавата која има традиционално натпреварувачки и продажен карактер, е закажана за вечерва во 19 ...

Хип-хоп велигденска хаварија

Вест - 04.04.2007

ВЕЧЕРВА ВО "МЕСТО" Да Џака Накот, Р.О.Н.И.Н, Таз-ка Балабанова, Тец, Видо и Ессе со здружени вокални способности за новата песна "Велигденска ситуација" за која ќе биде промовиран спот вечерва во 22 ч. во клубот "Место". Песната е дел од претстојната компилација "Дрвен Зајак- Устанива за соблазнети ...

Подари книга, земи велигденско јајце

Утрински - 04.04.2007

Под мотото „Подари книга за велигденско јајце“, утре во трите основни училишта во општина Илинден ќе се одржи акција за собирање книги за библиотеката во ОУ „Ристо Крле“ во село Кадино. Секој што ќе подари книга за возврат ќе добие велигденско јајце.

Првите јајца се вапсуваат пред изгрејсонце

Вечер Прес - 04.04.2007

Празнувањата на големиот христијански празник Велигден почнуваат утре изутрина, на Велики Четврток. Пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Според црковната традиција за секој член од семејството се вапсува по едно јајце, а се додава уште едно за куќата.

Денес... (Велигденска ситуација) со спот

Вечер Прес - 04.04.2007

"Денес...(Велигденска ситуација)" вечерва со почеток од 22 часот во клубот "Место" ќе ја има својата видеопромоција. Се работи за спот за темата изработена од Ошав продукција, а за чија екранизација се погрижија Војо Цветановски - режија, Кристијан Војдановски - камера, и Тања Рибарска - монтажа.

Велигденско јајце вредно еден милион фунти

Дневник - 03.04.2007

Лондонскиот синџир продавници „Херодс“ на продажба понудил велигденско јајце украсено со дијаманти од 100 карати во вредност од еден милион фунти. Јајцето е направено од белгиска црна чоколада, украсено е со стотина дијаманти во облик на круши и сончогледи, кои се поставени околу јајцето како ...

Книги за велигденски јајца

Дневник - 03.04.2007

Децата од осмолетките во општина Илинден в четврток организираат донаторска акција под мотото „Подари книга за велигденско јајце“. Општина Илинден за таа пригода обезбеди 2007 јајца, во знак на 2007-то лето Господово, кои децата ќе ги украсат и ќе ги подарат на секој посетител што ќе им донесе ...

Празнична атмосфера за децата без родители

Вечер Прес - 03.04.2007

Големиот христијански празник Велигден е синоним на семејна прослава, а празничните денови се можност луѓето да се посветат на своите најблиски, за дружење и забава. Но, ова расположение тешко им паѓа на осамените, особено оние што никогаш не почувствувале што значи семејна атмосфера.

Светско првенство во кршење велигденски јајца

Дневник - 02.04.2007

Светското првенство во кршење вапсани јајца ќе се одржи на Велигден на плоштадот во гратчето Мокрин, Србија. Оваа манифестација се одржува по 17 пат. Миодраг Продановиќ (38) од Мокрин е трикратен првак и се очекува и годинава да ја одбрани својата титула.