TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Алкалоид го повтори 20. место од лани

Утрински - 12.10.2007

„Фармацевтите“ загубија со 4-2 од Аквапрофит во последното коло од Европскиот клупски куп во Кемер Шахријар Мамедјаров РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Катастрофално одиграната втора половина од 23. Европски клупски куп, кој од 3 до 9 октомври се одржа во турскиот град Кемер, на шахистите на Алкалоид им донесе ...

Алкалоид немаше лек за финишот

Дневник - 12.10.2007

Со серијата од три порази кои го сместија на 20. место во конкуренција на 56 екипи македонскиот првак Алкалоид го заврши настапот на 23. европски клупски куп во Кемер, Турција. Нови шампиони на стариот континент се шпанската екипа Линекс меџик Мерида во машка конкуренција и Монте Карло кај дамите.

Фармацевтите со празни раце

Вечер Прес - 12.10.2007

По добрите игри во првите четири кола шахистите на Алкалоид нанижаа три порази и на крајот паднаа на 20 место Македонскиот шампион во шах Алкалоид со пораз се збогува од Европскиот клупски куп во Кемер (Турција) откако во последното (седмо) коло загуби од Аквапрофит (Унгарија).

Алкалоид на крај заврши дваесетти

Време - 11.10.2007

ВИКЕНДОВ ПОЧНУВА 16. ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈАШАХ Македонскиот шаховски шампион Алкалоид заврши на 20. место на европскиот клупски куп, кој се одржа во Кемер, Турција, откако нашите претставници загубија и во последното, седмо коло, што беше нивен трет пораз по ред.

Алкалоид не најде лек ни за Економист

Утрински - 10.10.2007

Поразот и од Русите од 3,5-2,5 во шестото коло ги фрли „фармацевтите“ на 12. место на Европскиот клупски куп во Турција Момент од натпреварот Алкалоид - Економист со Шахријар Мамедјаров и Евгениј Алексеев во преден план РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Шахистите на Алкалоид уште повеќе се оддалечија од ...

Нов пораз на Алкалоид

Вест - 10.10.2007

КЛУПСКИ КУП ВО ШАХ Втор пораз по ред на Алкалоид во рамките на претпоследното, шесто коло на Европскиот клупски куп што се одржува во Кемер, Турција. По неуспехот против Линекс, "фармацевтите" овојпат беа совладани од руската екипа Економист со 3,5:2,5.

Економистите со свои сметки

Вечер Прес - 10.10.2007

Пред одигрувањето на последното коло, по поразот од Економист, скопјани ги загубија шансите за висок пласман Македонскиот шампион во шах - Алкалоид го доживеа и вториот пораз во Европскиот клупски куп, во Кемер (Турција). Скопјани во шестото коло беа поразени од Економист (Русија), а ...

„Фармацевтите“ приземјени

Утрински - 09.10.2007

По низата од четири победи на Европскиот клупски куп во Кемер, Алкалоид загуби од Линекс меџик со 4,5-1,5 и падна на осмото место Првата табла на Алкалоид, Шахријар Мамедјаров, во голем стил го принуди на капитулација Гата Камски РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Високиот лет на шахистите на Алкалоид на 23.

Мамедјаров го победи Камски

Дневник - 09.10.2007

Интернационалниот состав на шпанскиот претставник Линекс Меџик Мерида го „олади“ македонскиот првак Алкалоид, со победа од 4,5-1,5 во 5. коло од европскиот клупски куп во шах, што се одржува во Кемер, Турција. Алкалоид го доживеа првиот пораз и по 5. коло веќе нема екипи со максимален ефект.

Фармацевтите предозирани

Вечер Прес - 09.10.2007

Македонскиот шампион во шах Алкалоид го претрпе и првиот пораз на Еврпскиот клупски куп во Кемер (Турција). Фармацевтите во петтото коло беа убедливо поразени од тимот на Мерида (Шпанија), а единствената победа во нашиот состав ја оствари Мемејдаров, кој беше поуспешен од Камски, додека Кожул ...

Алкалоид изби на првото место

Вест - 08.10.2007

КЛУПСКИ КУП ВО ШАХ Со четири победи во четири кола, македонскиот шаховски шампион Алкалоид изби на првото место на Европскиот клупски куп, кој се одржува во Кемер, Турција. Во 4. коло, "фармацевтите" ја совладаа украинската екипа Кистон со 3,5:2,5.

Алкалоид осамен лидер на врвот

Дневник - 08.10.2007

Македонскиот првак единствен со 4 победи по 4 кола, што го издвои на чело на табелата, пред вчерашниот дуел со шпанскиот Линекс меџик Мерида Македонскиот првак Алкалоид е лидер во шаховската лига на шампионите по 4 кола во турското летувалиште Кемер.

Алкалоид го води колото

Вечер Прес - 08.10.2007

По четири одиграни кола фармацевтите имаат максимален учинок Македонскиот шампион во шах Алкалоид е на добар пат да го оствари најголемиот успех од постоењето. Фармацевтите по четири одиграни кола и исто толку победи се на врвот на табелата во генералниот пласман во Европскит клупски куп кој се ...