Девет нови возила "пјаџо" од денеска ќе го собираат сметот на микролокации сместени во тесните улички и училишните дворови низ градов. Донацијата вредна повеќе од три милиони евра за ЈП "Комунална хигиена" е круна на проектот што во изминатиов период го спроведе Јапонската влада и Јапонскиот центар ...
- Неделава имавме четири клиенти од Црна Гора, кои таму продале свои куќи и викендички и сега сакаат да се преселат во Србија поради што се заинтересирани за купување станбен простор. Тоа се главно луѓе од места во кои не победил унионистичкиот блок - објаснува Каќа Лазаревиќ, сопственичка на ...
Вчера, пред и во Собранието на Србија се случи вербална војна меѓу претставниците на Г17 плус и радикалите, поради навредите на нивната министерка Ивана Дулиќ-Марковиќ, што на завчерашната седница и ги упати пратеникот на СРС, Зоран Красиќ.
Галена и Јаница - ексклузивките на телевизија "Планет" од Бугарија, ќе настапат на 13. Интернационален фолк-фестивал "Филиграни 2006" што ќе се одржи на 23 јуни во салата на Домот на армијата во Скопје. Третата - уште поголема ѕвезда ќе биде уште едно големо изнанадување, а телевизија "Планет" ќе ...
Од вчера во Штип со својот PC центар е присутна скопската фирма Нико Компјутери. Тоа е прв компјутерски центар во Штип, кој е отворен на близу 200 квадратни метри површина. На три ката ќе бидат изложени последните технолошки новини.
Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, вчера апелираше до украинската Врховна рада да не дозволи зачленување на Украина во НАТО, јави агенцијата ИТАР-ТАСС. Руските парламентарци сметаат дека властите во Киев особено треба да го имаат предвид ставот на украинската Автономна Република ...
Радикалите, ни криви ни должни, на изборите кои се наближуваат "мазно" ќе ја освојат власта и сами ќе владеат, оценува угледниот српски аналитичар, Слободан Антолиќ. - Силните радикали не мрдаат ниту со прст, а рејтингот им расте ли расте.
Со претставата "Дон Жуан" на Драмскиот театар, работена по Молиер, а во режија на Александар Поповски, вечерва (20 ч. - Дом на култура "Марко Цепенков"), завршува официјалниот, натпреварувачки дел на 41. МТФ "Војдан Чернодрински" од Прилеп.
Документарниот филм "Езерската земја на Никола К." на режисерот Горан Тренчовски, во продукција на МТВ, доби специјална награда на неодамна завршениот Меѓународен филмски фестивал "Екофилм" во Новоград, Полска. Ова интернационално признание филмот го доби за поетско претставување на исчезнатата ...
Панк-операта "Купидона" на Драмскиот тетар од Скопје, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, фестивалски, наместо во Прилеп, ќе се игра на матичната сцена во населбата Карпош. Ваквиот компромис е постигнат по низа преговори и договори за тоа како да се пренесе "Купидона" во Прилеп, бидејќи условите кои ...
Речиси 50 милиони долари е сумата што ја потрошиле во последните 5 години членови на Конгресот на САД и нивни помошници за патувања во земјата и низ светот, спонзорирани од корпорации, трговски друштва и разни приватни фирми.
Законот за следење на комуникациите, со кој конечно ќе се легализира прислушувањето, влезе во заткулисните игри и пазарења за измените на Кривичниот законик во делот за злоупотреба на службената одговорност. Законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство, најверојатно, деновиве со помош на ...
Мик Џегер, Кит Ричардс, Рони Вуд и Чарли Вотс големата европска турнеја насловена "А Биггер Банг" ќе ја почнат на познатиот стадион Сан Сиро во Милано на 11 јули. Во рамките на големата летна турнеја Стоунси ќе свират во вкупно 11 европски земји и на 21 стадион.
Во Фондот за здравствено осигурување пред избори треба да се вработат 13 нови лица, а согласност за новите вработувања се чека од министерот за финансии Никола Поповски, дознава "Вечер". Маја Богдановска, портпаролка на Министерството за финанасии вели дека денеска ќе ги проверела информациите ...
Репрезентативците на Бразил ги реализираат последните тренинзи од подготовките за одбрана на титулата на Светското фудбалско првнство во Германија, што ќе трае од 9 јуни до 9 јули. Сепак, судејќи според нивните зборови најголем противник на теренот нема да им бидат соперничките играчи, туку новата ...
Жителите на Радишани велат дека до центар, се потешко стасуваат. Единствената автобуска линија "57" велат е недоволна, а градежните зафати кои се изведуваат на улицата "Бутелска" речиси целосно ги има отсечено од централното градско подрачје.
Венецуела завчера ја добила долгонајавуваната пратка од 30 илјади калашникови, кои се дел од минатонеделниот договор со Русија за да ја сервисира оваа земја со оружје, воена техника и опрема. "Ова е уште еден пораз што им го нанесовме на империјалистите од САД.
Идејата на бугарскиот претседател Прванов за заедничко чествување на празникот Илинден треба да се развие, смета премиерот Бучковски. - Не мора првиот Илинден кој доаѓа заеднички да го прославиме, но не смееме да не мислиме и за заеднички прослави.