TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Југохромци изненадени од владината одлука да се затвори комбинатот

А1 - 12.01.2002

Работниците во најголемиот македонски загубар „Југохорм“ со изненадување ја примиле вчерашната изјава на министерот за економија Фетаи дека владата решила комбинатот да се затвори и без малку две илјади работници да останат на улица.

"Југохром" ќе се ликвидира

Утрински - 12.01.2002

Според оцена на ревизорите и на Владата за Комбинатот од Јегуновце МАЈА ТОМИЌ Од сите досегашни анализи врз работењето и состојбите во ?Југохром", еден од поголемите загубари, Владата оцени дека единственото прифатливо решение е тој да се ликвидира.

За состојбите во "Југохром" се виновни работниците

Утрински - 12.01.2002

РЕАКЦИЈА За исклучување на струјата во "Југохром" не е даден никаков налог од диспечерската служба и прекинот на струјата во Комбинатот е резултат на некаква грешка на вработените, се вели во соопштението на Самостојниот синдикат на вработените во ЕСМ.

Газдата на "Фени" планирал да отпушти 1.500 југохромци

Вест - 12.01.2002

"ЈУГОХРОМ" ЌЕ СЕ ЛИКВИДИРА ЗАШТО ИНВЕСТИТОРИТЕ ПОСТАВУВААТ НЕПРИФАТЛИВИ УЛТИМАТУМИ Министерот за економија Бесник Фетаи вели дека нов стратешки инвеститор за комбинатот ниту се бара ниту, пак, се верува дека ќе се појави бидејќи, и според берзанските прогнози, цената на производите од "Југох ...

Владата ќе го ликвидира комбинатот "Југохром"

Дневник - 12.01.2002

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА Владата ќе го ликвидира комбинатот "Југохром", бидејќи пропаднаа преговорите со францускиот инвеститор СЦММ. Инвеститорите побарале струјата што би ја плаќал комбинатот да биде трипати поевтина од сегашната, како и отпуштање една третина од вработените.

Се затвора најголемиот македонски загубар „Југохром“

А1 - 11.01.2002

Најголемиот македонски загубар, кој на 31 декември остана и без струја, „Југохром“, дефинитивно се затвора, а неговите, без малку, две илјади работници остануваат на улица. Ова денеска го потврди одговорниот за загубарите во државава, министерот за економија Бесник Фетаи, кој објави затворање на ...

Владата бара партнер за "Југохром"

Утрински - 10.01.2002

Според вицепремиерот "Причините што "Југохром" не проработува не се од субјективен туку од објективен карактер. Владата се ангажира за Комбинатот во најскоро време да најде стратегиски партнер кој ќе биде во можност да ги намири потребните трошоци за електрична енергија за редовно производство, но ...

На 16 јануари вработените ќе го блокираат ЕСМ

Утрински - 10.01.2002

Владата повторно ја исклучи струјата во "Југохром" МАЈА ТОМИЌ Над 1.500 вработени во тетовскиот Комбинат "Југохром" на 16 јануари ќе ја блокираат зградата на ЕСМ, со што ќе го изразат своето незадоволство од досегашниот однос на Владата спрема овој загубар.

Вредноста на комбинатот подјадена за 20 отсто

Утрински - 10.01.2002

По прекинот на електричната енергија во "Југохром" Гојко Ефтоски ТЕТОВО - Деветте производствени печки за феролегури на Комбинатот "Југохром" од Јегуновце веќе десет дена се неми сведоци на некакви збиднувања за кои ниту работниците, ниту раководството не можат да најдат објаснувања.

Починал од жал за "Југохром"

Утрински - 10.01.2002

НЕСРЕЌА ТЕТОВО - Електроинженерот Иван Сотиров , кој речиси целиот свој работен век го поминал во "Југохром" и достигнал до функцијата технички директор на производство во најголемиот погон ?Металургија", кога ги видел првите последици од прекинот на електричната енергија починал од жал за ...

Југохромци бараат струја за нивниот комбинат

А1 - 09.01.2002

Ако Електростопанство не му ја вклучи струјата на „Југохром“, 1950-те вработени во овој комбинат, кои плата не земале повеќе од половина година, идната среда во Скопје, ќе ја блокираат зградата на ЕСМ. На 31-ви декември минатата година Електростопанство му ја исклучи струјата на најголемиот ...

"Југохром" исклучен од електричната мрежа

Утрински - 08.01.2002

ЕСМ повторно ја активираше одлуката ТЕТОВО - На последниот ден од минатата година, ХЕК ?Југохром" од Јегуновце е исклучен од електричната мрежа. ?Електростопанство на Македонија" се определило на ваков чекор поради ?големите и неисплатени долгови".