TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Битола отворен конзулат на Хрватска

Утрински - 26.10.2006

БИТОЛА - Конзулска Битола ја продолжува својата традиција. Вчера во градот свечено беше отворен конзулатот на Република Хрватска во Република Македонија. Новото дипломатско претставништво е сместено на Широк сокак во познатата куќа на Данабаш.

Ноќна средба Месиќ - Чеку во Скопје

Утрински - 26.10.2006

Косовскиот премиер Агим Чеку доцна прексиноќа во Скопје се сретна со хрватскиот претседател Стипе Месиќ, со кого разговараше за преговорите околу статусот на Косово и за случувањата во регионот. За посетата на Чеку не знаеја во Кабинетот на претседателот на државава, но во придружба на косовскиот ...

Отворен почесен конзулат на Хрватска

Време - 26.10.2006

СТИПЕ МЕСИЌ ВО БИТОЛА Вчера во Битола е отворен почесниот конзулат на Република Хрватска, кој е седми по ред во градот на конзулите. На свеченоста присуствуваше хрватскиот претседател Стипе Месиќ. - Како гимназијалец учев за духовните вредности и конзулската традиција на Битола.

Конзулатот - мост помеѓу Македонија и Хрватска

Дневник - 26.10.2006

Хрватскиот почесен конзулат во Битола, кој вчера го отвори претседателот на Хрватска Стјепан Месиќ, ќе биде мост во културната и стопанската соработка помеѓу двата народа Хрватскиот почесен конзулат во Битола, кој вчера го отвори претседателот на Хрватска Стјепан Месиќ, ќе биде мост во културната и ...

Ѓезме со макало и со тиква

Вест - 26.10.2006

МАКЕДОНСКО МЕНИ ЗА ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ е љубител на македонски специјалитети. Макала, пинџур, сармички, грав... пробаше во сите скопски и битолски ресторани за време на дводневната посета на Македонија која му заврши вчера.

Хрватска не може да влијае врз статусот на Косово

Вечер Прес - 26.10.2006

Косовскиот премиер Агим Чеку при завчерашниот кус престој во Скопје се сретнал со хрватскиот претседател Стипе Месиќ, кој е во дводневна посета на Македонија. Чеку притоа немал средба со никого од македонскиот државен врв, а разговарал само со челниците на ДПА.

Чеку се сретна со Месиќ во Скопје

А1 - 25.10.2006

Косовскиот премиер Агим Чеку ги воспостави првите контакти со челниците на хрватската политика. Чеку, кој што има и хрватско државјанство, се сретна со хрватскиот претседател, во доцните вечерни часови во Александар палас во Скопје, за да разговараат за можната соработка помеѓу двете земји.

Отворен Конзулат на Република Хрватска во Битола

А1 - 25.10.2006

Денеска во Битола, Хрватска го отвори почесниот конзулат во присуство на претседателот Стипе Месиќ. Со тоа ќе се интензивираат културните врски меѓу двете држави, а ќе се поттикне и економскиот развој на југозападниот регион, со инвестиции на хрватските компании.

Месиќ и Чеку во Скопје муабетеа за Косово

Канал5 - 25.10.2006

Ненадејна ноќна посета на Агим Чеку на Скопје. Косовскиот премиер го искористи присуството на хрватскиот претседател Стипе Месиќ во Македонија за да се види со него во „Александар палас“. Ненадејна ноќна посета на Агим Чеку на Скопје.

Хрватите бараат статус на малцинство во Македонија

Утрински - 25.10.2006

Црвенковски - Месиќ Месиќ нагласи дека Хрватска нема амбиции да бара менување на македонскиот Устав ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Хрватска би сакала Хрватите во Македонија да се стекнат со статус на малцинство во земјава, статус еднаков на оној што го уживаат Македонците во Хрватска.

Хрватите ќе бидат признаени како малцинство во Македонија

Време - 25.10.2006

МЕСИЌ НА ГОСТИ КАЈ ЦРВЕНКОВСКИ Боби Христов Хрватите во Македонија ќе бидат признаени како национално малцинство за да го имаат истиот статус како Македонците во Хрватска со билатерална спогодба меѓу двете земји, а не со измени на Уставот за да бидат внесени во преамбулата, како што најавија пред ...

Месиќ отвори хрватски конзулат во Битола

Канал5 - 25.10.2006

Битола денеска доби и хрватски конзулат, седми по ред во градот. Го отвори лично претседателот на Хрватска Стјепан Месиќ, кој нагласи дека сега ќе се олесни процедурата потребна на граѓаните и фирмите за работа или патување во оваа земја.

Хрватите ќе станат малцинство во Македонија

Дневник - 25.10.2006

Хрватите во Македонија ќе добијат статус на национално малцинство, каков што имаат и Македонците во Хрватска Хрватите во Македонија ќе добијат статус на национално малцинство, каков што имаат и Македонците во Хрватска, најавија вчера претседателите на двете земји, Бранко Црвенковски и Стјепан Месиќ.

Црвенковски: Поддршката на Буш за Хрватска е поддршка и за Македонија

Вест - 25.10.2006

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СТЈЕПАН МЕСИЌ ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА Хрватскиот претседател, кој зборуваше пред Собранието, не знаеше да каже зошто хрватскиот Сабор тоа не му го дозволи на починатиот претседател Трајковски кога пред три години го посети Загреб Македонскиот претседател Бранко Црвенковски смета дека ...

Ќе одам во Ирак!

Вечер Прес - 25.10.2006

Изјавата на американскиот претседател Џорџ Буш е исклучително позитивна и за Хрватска и за Македонија зашто со неа, практично, се елиминира неизвесноста за проширувањето на Алијансата, смета претседателот Македонија во овој момент не размислува да го намали бројот на војници во мисијата во Ирак, ...

Месиќ во посета на Македонија

А1 - 24.10.2006

Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, кој престојува во официјална посета на Македонија, денеска се обрати пред државниот врв и пратениците во македонското Собрание. Месиќ во обраќањето оцени дека неговата посета на Македонија е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји што не ги ...

Црвенковски: Не за хрватското малцинство во Уставот

А1 - 24.10.2006

Едно големо и директно не. Ова денеска го доби хрватскиот претседател од македонскиот, околу промена на уставот и внесување на хрватското малцинство. Со тоа еуфоричните изјави на Санадер и Бучковски, за промена на македонскиот устав во мај оваа година, станаа историја.

Македонија и Хрватска бараат начин да се подобрат економските релации

А1 - 24.10.2006

Пред стотина бизнисмени државниот врв на Македонија и Хрватска бараа начин да се подобрат економските релации. За две земји кандидатки за членство во Европската Унија, пример можат да бидат и мафиите. „Ако нашите стопанственици така соработуваат, како што соработуваат нашите мафии, тие немаат ...

Претседателот Месиќ во официјална посета на земјава

Дневник - 24.10.2006

Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ по покана од македонскиот претседател Бранко Црвенковски, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Двајцата претседатели, како што соопштија од кабинетот на Црвенковски, ќе разговараат за заедничкото дејствување во остварувањето на ...

Хрватите сепак нема да влезат во преамбулата на македонскиот устав

Канал5 - 24.10.2006

Хрватска има желба, но нема да инсистира Хрватите во земјава да бидат споменати како малцинство во преамбулата на уставот. Стипе Месиќ денеска во Скопје го ублажи она што пред неколку месеци од Бучковски јасно го побара хрватскиот премиер Иво Санадер.

Стипе Месиќ во Македонија

Вечер Прес - 24.10.2006

Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ на покана од македонскиот претседател Бранко Црвенковски, денес и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Двајцата претседатели ќе разговараат за заедничкото дејствување во остварувањето на заедничките приоритети на двете земји за евро и ...