TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Започна сослушувањето на сведоците од истрагата против Јован

А1 - 17.01.2004

Од вчера во Основниот суд во Битола започна сослушувањето на сведоците од истрагата која се води против Зоран Вранишковски. Први кои му дадоа изјава на истражниот судија беа неколку состанари на Вранишковски од стамбената зграда, а на 20.

Ханџиски демантира дека ГПЦ испратила протест до амбасадата

Утрински - 17.01.2004

По најавите дека Грчката црква ќе реагира по приведувањето на расколникот Зоран Вранишковски ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Амбасадорот на Република Македонија во Грција, Благој Ханџиски, вчера негираше дека до нашето дипломатско претставништво во Атина е стигнато протестно писмо од Грчката православна црква, ...

И МПЦ го тужи Зоран Вранишковски

Утрински - 17.01.2004

СЛУЧАЈ ВЕЛЕС - За сторено кривично дело предизвикување расна и верска омраза, т.н. српски егзарх Зоран Вранишковски, покрај по пријавата на битолската полиција по која му е одреден притвор, тој ќе треба да одговара и по кривичната пријава која на крајот на годината е донесена од Синодот на МПЦ.

Грчката црква ги брани расколниците

Дневник - 17.01.2004

ЦРКОВЕН РАСКОЛ Поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан утре во главната битолска црква "Свети Димитрија" ќе началствува со литургијата за Водици Грчката православна црква ќе упати протестно писмо до македонските власти за ослободување од притвор на "српскиот владика Јован", бидејќи неговото ...

ГПЦ протестира поради притворањето на Јован

А1 - 16.01.2004

Шефот на македонското дипломатско претставништво во Атина, Благој Ханџиски за А1 изјави дека тој нема добиено никаков допис од Грчката Православна Црква, со кој се изразува незадоволство од минатонеделното приведување на српскиот егзарх во Македонија Јован Вранишковски.

Кривична пријава од МПЦ до Вранишковски

А1 - 16.01.2004

Српскиот егзарх Јован Вранишковски ќе одговара и по кривична пријава на синодот на МПЦ. Кривичната пријава е поднесена на почетокот од месец декември, а во неа наводите говорат дека тој треба да одговара за ширење расна и верска омраза.

Манастирот Трескавец отворен за верниците

Вест - 16.01.2004

ПО СМЕНАТА НА НАМЕСНИКОТ ВО ПРИЛЕПСКИОТ МАНАСТИР Софрониј не е расчинет од братството, туку тој е само разрешен од старешнина, вели прилепскиот намесник Ристески Манастирот Успение на пресвета Богородица - Трескавец Прилепско, сега е отворен за верниците на МПЦ, соопшти архиерејскиот намесник на ...

Протојереј Ристевски: Софрониј не ја зборува вистината

Утрински - 16.01.2004

СЛУЧАЈ ПРИЛЕП - "Не се точни наводите на архимандритот Софрониј во неговата изјава за причините поради кои е сменет од старешина и е отстранет од манастирот "Света Богородица" во Трескавец. Не е точно дека не е прашан, дека не е приклучен кон Зоран Вранишкоски и дека е избркан од манастирот", рече ...

Отец Ристевски не даде одговор за отец Софрониј

А1 - 15.01.2004

И покрај настојувањата на новинарите, дали игументот на прилепскиот манастир отец Софрониј се приклучил кон т.н Охридска архиепископија на СПЦ за што всушност е разрешен со одлука на неговото блаженство г.г Стефан, новиот старешина на манастирот отец Петре Ристевски не даде одговор.

Архимандрит Софрониј тврди дека не се одметнал

Утрински - 15.01.2004

Разрешениот игумен на манастирот "Света Богородица" во Трескавец вели дека не се приклучил кон Јован ПРИЛЕП - "Светиот синод на МПЦ без никакви образложенија ниту материјални ниту какви било други докази ме обвини дека сум приврзаник на Вранишковски.

Одметнатите од манастирот во Јанковец ја однеле и инвентарната книга

Утрински - 15.01.2004

По одметнувањето на триесетина монаси и монахињи Гоце Каревски БИТОЛА - По приклучувањето на триесетина монаси и монахињи кон таканаречениот егзарх на Српската православна црква Зоран Вранишковски, состојбите во четирите манастири што тие се обидоа да ги присвојат веќе се нормализираат.

Вчера Јован, денес Марко...

Дневник - 15.01.2004

КРИЗАТА ВО МПЦ НА ВИДЕЛИНА Во станот на расчинетиот владика Јован, неговиот следбеник, "српскиот епископ" Марко Дремвицки, вчера одржа литургија, на која учествуваа и две монахињи и дел од нивните приврзаници. Ритуалот го сними нашиот битолски фотограф Дарио Јанковиќ.

Грчката црква протестира поради притворањето на Јован

Канал5 - 15.01.2004

Грчките медиуми јавуваат дека Синодот на Грчката правослвана црква на седницата одржана вчера одлучил да испрати протестна нота до македонскиот амбасадор во Атина, поради притворањето, на како што се вели, миторполитот велешки Јован, расчинетиот владик Грчките медиуми јавуваат дека Синодот на ...

Одметнатите монаси се сместени во Нижо Поле

А1 - 14.01.2004

Одметнатите 3-ца монаси и 7 монахињи од МПЦ кои му се придружија на српскиот Егзарх Јован од денеска се сместени во потпелистерското село Нижо Поле. Тие пред 2 дена по сослушувањето од прекршочниот судија ја напуштија Битола за денеска да бидат сместени во овој објект што Вранишковски го нарекува ...

Архимандрит Софрониј демантира дека се приклучил кон Јован

А1 - 14.01.2004

Архимандритот Софрониј тврди дека никогаш не се приклучил кон расчинетиот Јован и во неделата не бил присутен на богослужбата во станот на улица „Кочанска“ во Битола, кога се случувала заедничката богослужба на одметнатите монасите со расчинетиот Јован.

Секој одметник биде казнет

Вест - 14.01.2004

СИНОДОТ НА МПЦ ГО ОСУДИ РАЗДОРОТ НА СПЦ Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква на вчерашната седница оцени дека со одметнувањето на неколкуте македонски манаси и придружувањето кон Зоран Вранишковски и последните превирања на релација МПЦ - СПЦ, Српската црква продолжува да ...

Расколникот Јован проневерил 2 00.000 евра

Утрински - 14.01.2004

Вранишковски водел раскошен живот ВЕЛЕС - Зоран Вранишковски, од црквите и манастирите на МПЦ, во епархиите во кои работеше, за лични потреби - купување луксузни патнички возила, раскошен живот и патување во Грција проневери повеќе од 140 милиони денари или над 200.000 евра во период од 1999 до ...

На Зоран Вранишковски му е определен притвор до 30 дена

Утрински - 14.01.2004

Одлука на истражниот судија во Основниот суд Битола Гоце Каревски БИТОЛА - Истражната судијка во Основниот суд во Битола, Слободанка Баковска, завчера околу 19 часот, дефинитивно, реши да го прифати барањето поднесено заедно со кривичната пријава против битолчанецот Зоран Вранишковски тој да биде ...

Назначен нов старешина на манастирот во Трескавец

Утрински - 14.01.2004

СЛУЧАЈ ПРИЛЕП - Од вчера нов вршител на должноста старешина на манастирот "Успение на Св. Богородица" во Трескавец, кај Прилеп е протојереј-ставрофор Петар Ристески, кој е назначен од страна на митрополитот на Преспанско-битолската епархија, г. Петар.

Одметнатите монаси се полакомија да станат владици

Утрински - 14.01.2004

ОДМЕТНИЦИ „Монасите се одметнаа од Македонската православна црква и се здружија со Зоран Вранишковски, водени од славољубие и гордост, гледајќи дека Српската православна црква лесно и брзо, дури и противканонски, дава епископство на македонски предавници.

Расколниците ќе јуришаат на манастирите

Дневник - 14.01.2004

НОВИ ЗАКАНИ ОД СВИТАТА НА ЈОВАН Одметнатите монаси, кои и пристапија на расколничката "охридска архиепископија" на српскиот "егзарх" Јован, вчера се заканија дека ќе се обидат да ги повратат манастирите од кои ги протера Синодот на МПЦ, кој вчера заклучи дека треба да бидат расчинети.

Г. Тимотеј: „Патријархот на СПЦ сее раздор и немир“

А1 - 13.01.2004

Давид и Максим едниот Игумен, другиот јеромонах го прекршија монашкиот завет и канонскиот ред, затоа им се забранува пристап и свештено дејство во црквите и манастирите на МПЦ, одлучи на вонредната седница светиот архиерејски синод.

Г. Петар: „Не овозможувањето на мешани манастири допринесе за ваквата состојба во МПЦ“

А1 - 13.01.2004

„Давид одби, односно тврдеше дека немало никаква средба и дека нема намера за некакво приклучување кон расчинетиот Јован и таа т.н Охридска архиепископија“ вели г. Петар во интервјуто за А1. Дали Вие разговаравте со нив, дали знаевте што подготвуваат? Имав најава дека игуменот Давид имал некаква ...

Вранишковски во затвор, истрагата ќе продолжи

А1 - 13.01.2004

Расколникот Јован Вранишковски денешниот ден го помина во истражниот затвор во Битола, по вчерашното четиричасовно испрашување кај истражниот судија кој донесе решение за спроведување истрага по претходно барање кај јавниот обвинител и му изрече притвор до 30 дена.

Јован со Алелуја во притвор

Вест - 13.01.2004

ПО ЗАВЧЕРАШНИОТ ИНЦИДЕНТ ВО БИТОЛА Јавниот обвинител побара притвор поради постоење основано сомневање дека Јован кој често патува во Србија и Црна Гора и Грција, може да ја напушти земјава и да стане недостапен, но и поради опасноста од пов Поради предизвикување национална, расна и верска омраза, ...

Отворена истрага против расколникот Вранишковски

Утрински - 13.01.2004

Во Основниот суд во Битола Гоце Каревски БИТОЛА - По задржувањето 24 часа во зградата на полицијата во Битола и по извршените информативни разговори со секого одделно, расколничкиот владика Јован, односно Зоран Вранишковски и тројца негови монаси и седум монахињи вчера им беа предадени на ...

Снегот го попречи расчинувањето на игуменот Софроние

Утрински - 13.01.2004

ТРЕСКАВЕЦ ПРИЛЕП - Архијерејскиот намесник на Преспанско-битолската епархија, прота Петар Ристески, вчера не успеа да ја спроведе одлуката на митрополитот Петар за расчинување и отстранување од функцијата игумен на манастирот "Св. Богородица" во Трескавец, монахот Софроние.

МПЦ постави нови старешини во три манастири

Утрински - 13.01.2004

По одметнувањето на триесетина монаси и монахињи во автономната охридска архиепископија на Вранишковски ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Скопската епархија при Македонската православна црква вчера назначи нови старешини во манастирите ?Свети Димитриј", познат како Марков манастир и ?Свети пророк Илија" во ...

МПЦ ги врати манастирите, но не и мирот

Дневник - 13.01.2004

ЦРКОВЕН РАСКОЛ Вчера немало нови одметнувања на монаси или на свештени лица МПЦ прексиноќа со полициска асистенција ја презеде контролата врз четирите манастири, чии монаси и монахињи се одметнаа кај "српскиот егзарх" Јован и неговата "Охридска архиепископија".

Се разгорува спорот меѓу МПЦ и СПЦ

Канал5 - 13.01.2004

Разрешениот владика на МПЦ Јован, кој лани беше именуван за егзарх на српската црква во Македонија, ќе биде притворен 30 дена додека трае истрагата „за предизвикување расна, верска омраза, нетрпеливост и раздор“, потврди за БиБиСи истражната судијка во Разрешениот владика на МПЦ Јован, кој лани ...

Назначени нови старешини на Марков манастир и Св. Илија

А1 - 12.01.2004

Катанец на манастирот Свети Димитрија во Маркова Сушица кој целиот е ограден во камени ѕидови, додека пак во Свети Илија на Чардак надворешната порта е отворена, конаците и останатите простории се под клуч. Нив не ги пази ниту полицијата која вчера беше во близина.

Партиите ја поддржуваат МПЦ

А1 - 12.01.2004

За старешините и монасите од четирите манастири што и откажаа послушност на МПЦ и се припоија кон таканаречената Охридска архиепископија, СДСМ допрва ќе го гради ставот. Според нив тоа е работа на црквата. „Не би сакал сега да коментирам, се уште не ни е ставот прецизно дефиниран“, вели Јани ...

Синодот на МПЦ утре ќе соопшти официјалниот став за одметнувањето на монасите

А1 - 12.01.2004

Синодот дури утре ќе го изнесе официјалниот став за одметнувањето на 30 монаси и монахињи од 4 манастири во Македонија. Денеска кај поглаварот на на МПЦ Г.Г. Стефан дојдоа на разговор само митрополитот Полошко-Кумановски Кирил и митрополит струмички Наум.

Вранишковски во притвор

А1 - 12.01.2004

Судијата Слободанка Бакоска од Основниот суд во Битола на расколникот Зоран Вранишковски му изрече мерка притвор во траење од 30 дена и отвори истрага под обвинение дека сторил кривично дело расна, верска и национална омраза, раздор и нетрпеливост казниво по член 319 од кривичниот законик.

Четири манастири од МПЦ се одметнаа кај Јован

Вест - 12.01.2004

РАСКОЛОТ ВО МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА По заедничкото богослужење со Јован вчера во Битола, што во православната црква претставува заедничарење, како што дознаваме од црковни извори, отец Давид соопштил дека тој со отецот Максим и нивните 30 ...

Вранишковски „присвои" четири манастири од МПЦ

Утрински - 12.01.2004

По последната божикна провокација од страна на српскиот патријарх Павле ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Расколникот Зоран Вранишковски присвои четири манастири од МПЦ. Машкиот манастир ?Свети маченик Димитрија", попознат како Марков манастир и ?Свети пророк Илија" од Скопје, ?Трескавец" во Прилеп и манастирот во ...

Триесет монаси отидоа во СПЦ

Дневник - 12.01.2004

ДЛАБОК РАСКОЛ ВО МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Четири манастири му изразиле лојалност на српскиот егзарх Јован Четири манастири со триесетина монаси и монахињи и откажаа послушност на Македонската православна црква и и се приклучија на српската "Охридска архиепископија" и на нејзиниот егзарх ...

РЕАКЦИЈА НА СПЦ ПО ПРИВЕДУВАЊЕТО НА ЗОРАН ВРАНИШКОВСКИ

Канал5 - 12.01.2004

Српската православна црква синоќа ја осуди постапката на македонските власти поради приведувањето на Зоран Вранишковски кого СПЦ го постави како владика Јован за епископ на т.н. охридска архиепископија, јави дописникот на МИА од Белград.

ВО БИТОЛА ПРИВЕДЕН РАСКОЛНИКОТ ЗОРАН ВРАНИШКОВСКИ

Канал5 - 12.01.2004

Вчера игумените Максим и Давид заедно со своето братство и сестринство на монаси кои бројат околу 30-тина членови, во станот на Зоран Вранишковски во Битола одржаа заедничка литургија и се причестија со христовото тело и крв, земајќи леб и вино од рацете Вчера игумените Максим и Давид заедно со ...