TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Комерцијална се чисти од сопствените акции

Канал5 - 22.02.2006

Акциите на Комерцијална банка и денеска беа најатрактивни на официјалниот пазар на капитал. Беа истругувани 4.922 акции со просечна цена од 3.899 денари. Се оствари промет од 19 милиони и 195 илјади денари. Акциите на Комерцијална банка и денеска беа најатрактивни на официјалниот пазар на капитал.

Штипски „Брилијант“ се вдомува во Комерцијална

Време - 22.02.2006

СО ОТКУП НА 10.000 АКЦИИ Штипската фирма „Брилијант“, која ја поседува Мите Николов, близок роднина на познатиот бизнисмен Штерјо Наков, вчера на берза купи 10.000 акции од Комерцијална банка, за што плати 38 милиони денари, или повеќе од 600.000 евра.

"Брилијант" купува акцииво Комерцијална банка

Дневник - 22.02.2006

МАКЕДОНСКА БЕРЗА Фирмата "Брилијант" од Штип го зголеми на 2,73 отсто сопственичкиот удел во Комерцијална банка. Оваа фирма вчера на Македонската берза купи 10.000 акции (0,5 отсто од капиталот на банката) по 3.800 денари за акција. Продавач на акциите беше Комерцијална банка.

„Брилијант" ги зајакнува позициите во Комерцијална банка

Утрински - 22.02.2006

Штипската компанија вчера преку Берзата купи 0,5 отсто од акциите на најуспешната банка кај нас НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Штипската компанија "Брилијант", чиј газда е бизнисменот од овој град, Мите Николов, ги зајакнува сопственичките позиции во Комерцијална банка.

„Комерцијална“ повторно интересна за Берзата

А1 - 21.02.2006

„Комерцијална банка“ повторно стана мета на интерес на тргувачите на Берзата. Преку блок транскација, фирмата „Брилијант“ денеска купи 10.000 обични акции, што е половина процент од капиталот. Сега штипската компанија поседува 2,7% од „Комерцијална“.

Комерцијална на штипски Брилијант му продаде 0,5 проценти од банката

Канал5 - 21.02.2006

„Комерцијална банка“ на штипската фирма „Брилијант“ денеска и продаде десет илјади обични акции преку блок трансакција. Цената е 3.800 денари за акција. Комерцијална банка на штипската фирма Брилијант денеска и продаде десет илјади обични акции преку блок трансакција.