Компаниите кои се во трка за купување на АД ЕСМ - Дистрибуција бараат пролонгирање на рокот за доставување на понудите за две недели, односно наместо на 1 март крајниот рок да биде на 15 март. Според информацијата објавена на официјалната веб страница за приватизација на АД ЕСМ - Дистрибуција ...
Се разнишува ли тендерот за продажба на ЕСМ Дистрибуција. Рокот за продажба, смислено или случајно, се пролонгира. Нема да има понуди од потенцијалните купувачи на 1 март. Официјално, ЕРВЕ, ЕНЕЛ, ЧЕЗ и ЕВЕН барале од Владата да ги причека до 15-ти.
МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ ГИ ПРАВДА ГАФОВИТЕ Владата останува на ставот дека процесот на приватизација на „ЕСМ-дистрибуција“ е транспарентен и таков ќе биде до изборот на најповолниот понудувач, вели Фатмир Бесими, министер за економија.
ВЛАДАТА СЕ ПРЕМИСЛИ, НЕМА ДА ПРЕГОВАРА СО НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ Содржината на купопродажниот договор за ЕСМ дистрибуција, откако Владата ќе ги добие парите од купувачот, ќе стане јавен документ, објасни вчера министерот за економија Фатмир Бесими.
ФАТМИР БЕСИМИ, МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА Купопродажниот договор за "ЕСМ дистрибуција" ќе биде јавен и достапен за сите откако ќе заврши продажбата, рече вчера министерот за економија Фатмир Бесими. Оваа изјава на Бесими следува по информациите на неодамнешната трибина за приватизацијата на ЕСМ дека ...
Милан Банов Последното нешто што објективно вреди во оваа земја и што бездруго им припаѓа на сите граѓани во Република Македонија ќе биде продадено тајно, крајно сомнително и можеби на начин што во себе крие елементи на кривично дело.
Министерот за економија гарантира транспарентна продажба на ЕСМ Отворањето на понудите на 1 март ќе биде јавно, а текстот на договорот ќе биде во архивата на Владата и ќе е достапен за увид за сите заинтересирани: Фатмир Бесими МАЈА ТОМИЌ Во јавноста се прават погрешни толкувања околу ...
БЕСИМИ ВЕТУВА ДЕКА ЌЕ ЈА ПРЕКИНЕ ТАЈНОСТА Купопродажниот договор за ЕСМ што ќе го склучат Владата и новиот сопственик на Дистрибуција ќе биде достапен за јавноста на денот кога ќе бидат отворени финансиските понуди од компаниите што учествуваат на тендерот.
Купопродажниот договорот за ЕСМ нема да се крие, ќе биде достапен за јавноста, ветува министерот за економија Фатмир Бесими откако неговите луѓе објавија за скандалозните тајни преговори со идниот газда. Купопродажниот договорот за ЕСМ нема да се крие, ќе биде достапен за јавноста, ветува ...
ПРАЗНИ НАЈАВИ ЗА ТРАНСПАРЕНТНА ПРИВАТИЗАЦИЈА Слободан Содиќ За транспарентно спроведување на продажбата на "ЕСМ дистрибуција" во минатата година се потрошени околу 80.000 евра, но и експертите и "Транспарентност Македонија" признаваат дека постапката не е доволно отворена за јавноста.
МИРЧЕ КОТЕВСКИ Станавме заложници на „бисерите“ што речиси секојдневно ни ги сервираат господата од Владата за тоа колку успешно ја туркале приватизацијата на „Електростопанство“. Се удавија надежите на министерот Бесими, кој онака, полн со самодоверба, неодамна изјави дека „ќе претставуваме ...
НА КУПУВАЧИТЕ ИМ СЕ ПРАЌААТ ЛОШИ СИГНАЛИ Слободан Содиќ Се подгрева теренот за четирите заинтересирани купувачи за "ЕСМ дистрибуција" да се повлечат од тендерот бидејќи Владата оценила дека не и оди во прилог продажбата на енергетската компанија пред избори.
СПОРЕД СДСМ Блокадите на граѓанското здружение „Глас за светлина“ се параван на политичката кампања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, оцени вчера владејачкиот СДСМ. Партискиот портпарол Борис Кондарко апелираше до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да ги повика активистите на „Гласот за светлина“ да ...
Слободан СодиЌ Владата распиша меѓународен тендер за да избере партнер со кого во четири очи ќе се пазари за шиткање на ЕСМ. За работата да биде уште посомнителна, договорот треба да биде тајна, зашто станувало збор за обичен правен документ со кој државата продава еден монопол, во чија изградба со ...
ЕКСПЕРТИТЕ ЖЕСТОКО ЈА КРИТИКУВААТ ВЛАДАТА Мирче Котевски Владата ќе направи скандал доколку дозволи купопродажниот договор што ќе го склучи со новиот сопственик на ЕСМ-Дистрибуција да остане деловна тајна бидејќи е нелогично постапка за приватизација на природен монопол да заврши со спогодба меѓу ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повторно обвини дека активностите на Здружението "Глас за светлина" со блокадите на улиците се параван на политичката кампања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партискиот портпарол Борис Кондарко на вчерашната прес-конференција апелира до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ...
"Средствата што ќе се добијат од продажбата на ЕСМ Дистрибуција ќе се замрзнат и ќе се инвестираат по парламентарните избори". Ова го најави премиерот Владо Бучковски во интервјуто за денешното издание на неделникот "Капитал".
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска оцени дека активностите на Здружението “Глас за светлина” со блокадите на улиците се параван на политичката кампања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Скопје, 15 февруари (МИА) - Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска оцени дека активностите на ...
ПРОТЕСТИ НА ИЗЛЕЗОТ ОД СКОПЈЕ Закани со „калашникови“ и провокации ги одбележале вчерашните блокади во Скопје против приватизацијата на ЕСМ, кои ги организира граѓанското здружение „Глас за светлина“. Како што тврдат очевидци, граѓаните што излегле на протестите биле изложени на притисоци од лица ...
ГАФ НА ПОПОВСКИ ИЛИ СЦЕНАРИО ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ? Некои министри и советници во Владата можеби смислено пуштаат прогнози за сумата што може да ја добие Владата по продажбата на ЕСМ-Дистрибуција, за да создадат амбиент за одложување на продажбата на ЕСМ, укажуваат стручни познавачи на оваа проблематика.
Продажбата на ЕСМ ќе оди на референдум. Ваква иницијатива покрена Љубе Петревски. Тој вчера соопшти дека претседателот на Собранието Љупчо Јордановски ја оценил иницијативата како уредна и побарал автентично толкување од Уставниот суд, кој е должен да го направи тоа во рок од 15 дена.
ПРИВАТИЗАЦИЈАТА е СЃ ПОЗАМРСЕНА Слободан Содиќ Владата и идниот газда на "ЕСМ дистрибуција" во четири очи ќе ги решаваат спорните прашања за приватизацијата на компанијата, а конечниот купопродажен договор нема да биде објавен.
Владата повикува на стопирање на протестите на "Глас за светлина" Долготрајните протести на "Глас за светлина" веќе влегуваат во сосема поинаква фаза, смета Владата. Таа јавно ги повика сите политички партии и други организации што им даваат поддршка на протестите, да ги повлечат своите активисти ...
ВЛАДАТА КРИЕ ЗА ШТО ЌЕ ПРЕГОВАРА СО НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ Купопродажниот договорот за "ЕСМ дистрибуција" бил правен документ и од јавноста ќе се крие како деловна тајна, иако неговата финална содржина Владата и купувачот ќе ја договораат во преговори Содржината на купопродажниот договорот за "ЕСМ ...
ПО СТАПУВАЊЕТО ВО СИЛА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ СОБИРИ Татјана Поповска Здружението "Глас за светлина" најавува дека и покрај новиот Закон за јавните собири, ќе продолжи со блокадите на сообраќајниците во Скопје, се додека Владата не ја повлече одлуката за продажба на "ЕСМ дистрибуција".
Се подготвува нацрт-верзијата на купопродажниот договор за ЕСМ "Дистрибуција" Владата нема утврдено долен лимит под кој не може да ја продаде "Дистрибуција", но верува дека ќе добие добра цена МАЈА ТОМИЌ Владата не сака да обелодени што ќе содржи купопродажниот договор што ќе го потпише со идниот ...
СКАНДАЛОЗЕН УДАР ВРЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТА Мирче Котевски Купопродажниот договор за ЕСМ ќе остане деловна тајна меѓу Владата и новиот сопственик на Дистрибуција. Ова вчера го признаа владините претставници на јавната трибина што ја организираа невладината организација „Транспарентност“ и Министерството ...
Здружението "Глас за светлина", со блокадата на влезот и излезот на Скопје, веќе не го блокира само градот, туку и магистралниот пат кој е дел од Коридорот исток-запад, изјави вчера заменик-портпаролот на Владата Агим Јонуз. Тој додаде дека блокадата на магистралниот пат е директна штета на ...
Здружението на граѓани "Глас за светлина" блокадите, со цел да изврши притисок врз Владата да ја стопира приватизацијата на ЕСМ-дистрибуција, вчера ги постави на влезот на Скопје, кај населбата Автокоманда. Блокирани се сообраќајниците кај АСУЦ "Боро Петрушевски". Блокадите траеја до 15:00 часот.
Владата в петок ќе биде блокирана. Ова денеска го најавија од „Гласот на светлината“. Велат дека се поголемата поддршка на граѓаните е причината што се решиле против продажбата на ЕСМ да протестираат само пред Владата. „Блокадите ќе бидат поставени на крстосниците пред Владата и за разлика од ...
Странците што сакаат да го купат ЕСМ, незадоволни од дел од условите што Владата ги поставила во купопродажниот договор. Ги испратиле своите забелешки, деталите на кои приговарале не се откриваат. Се прави конечната верзија на купопродажниот договор што треба да ја усвои Владата и да ја потпишат ...
Продолжуваат протестите против продажба на ЕСМ †Дистрибуција" Здружението на граѓани "Глас за светлина" најави дека денеска ќе организира блокади на влезот на Скопје кај населбата Автокоманда со цел да изврши притисок врз Владата да ја повлече одлуката за приватизација на ЕСМ "Диструбуција".
ДЕНЕСКА БЛОКАДИ НА ВЛЕЗ ВО СКОПЈЕ Министерот за финансии Никола Поповски смета дека единствено протестите против продажбата на ЕСМ дистрибуција ќе ги намалат финансиските понуди од потенцијалните купувачи. Ниту специјалното законско решение за надминување на имотно - правните проблеми со ...
слободан содиЌ Здружението на граѓани "Глас за светлина", со одвај 20 активисти и со исто толку возила претставувало сериозна закана зашто со блокадите на сообраќајниците можело да ја намали цената на ЕСМ на само 80 милиони евра. Ова го тврди министерот за финансии Никола Поповски.
НЕВИДЕН ГАФ НА ЧУВАРОТ НА ДРЖАВНАТА КАСА Мирче Котевски Министерот за финансии Никола Поповски грубо ја наруши тендерската постапка за приватизација на ЕСМ-Дистрибуција, бидејќи јавно најави колку пари очекува од продажбата на таа компанија.
„ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА“ ОД ДЕНЕСКА ПОВТОРНО НА ПРОТЕСТИ Граѓанското здружение „Глас за светлина“ од денеска ќе организира блокади на влезот на Скопје кај населбата Автокоманда, за да изврши притисок Владата да ја повлече одлуката за приватизација на ЕСМ-Дистрибуција.
"ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА" Здружението "Глас за светлина" од денеска ќе организира блокади на влезот во Скопје, кај населбата Автокоманда, за да изврши притисок врз Владата да ја повлече одлуката за продажба на "ЕСМ дистрибуција". Блокадите ќе бидат поставени кај АСУЦ "Боро Петрушевски" од 12 до 16 часот.
ДИЛЕМА Власта сў уште нема процена која цена за неа би била прифатлива за продажба на ЕСМ "Дистрибуција". Министерот за финансии, Никола Поповски, вели дека минималната цена, всушност, треба да ја одреди пазарот, па затоа досега не била разгледувана ниту на разговорите со ММФ.
Протестите во Автокоманда против продажбата на ЕСМ, ја вжештија атмосферата на влезот и излезот на Скопје. Во метежот на километарските колони, некои од граѓаните ги изгубија нервите. Протестите во Автокоманда против продажбата на ЕСМ, ја вжештија атмосферата на влезот и излезот на Скопје.
НА ЕДЕН МЕСЕЦ ДО ПРОДАЖБАТА Слободан Содиќ Владата, иако не смее, на тацна им ја нуди цената на "ЕСМ дистрибуција" на четирите заинтересирани купувачи - германската компанија РВЕ, италијанската ЕНЕЛ, чешката ЧЕЗ и австриската ЕВН АГ.
ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА Европските компании што учествуваат на тендерот за продажба на ЕСМ да се воздржат од купување на Дистрибуцијата бидејќи со тоа ќе го прекршат македонскиот Устав, повика Љубе Петревски, подносител на граѓанска иницијатива за распишување референдум против продажбата на ЕСМ.
Премиерот Бучковски бара да им се помогне на сите што претрпеле штета од војната Некој буквално сфатил дека со експлозии треба да се минира продажбата на ЕСМ ПРИЛЕП - "По изборите, за сите оние што претрпеле штети во конфликтот во 2001 година, не само инвалидите, туку и за членовите на потесните ...
Во врска со бомбата пред ЕСМ, Бучковски со одговор: Не станува збор за бомба кашикара, туку за индустриски динамит. Веројатно некој ја сфатил буквално атмосферата што ја создаваат политички центри да се минира продажбата на ЕСМ и мислам дека политичките центри со многу нешта влегоа во ваква ...
Желбите на инвеститорите ќе бидат вметнати во купопродажниот договор за ЕСМ дистрибуција. Желбите на инвеститорите ќе бидат вметнати во купопродажниот договор за ЕСМ дистрибуција. Владата ќе преговара за нив откако ќе го избере најдобриот на тендерот.
Здружението на граѓани "Глас за светлина" вчера најави дека денеска ќе организира блокади на влезот на Скопје кај населбата Автокоманда, со цел да изврши притисок врз Владата да ја повлече одлуката за приватизација на ЕСМ-диструбуција.
Експлозивна направа со помала разорна моќ беше активирана завчеравечер околу 20.30 часот пред влезот на Електродистрибуција, на улицата "Ленинова", во Скопје. Од експлозијата нема повредени. Причинета е само материјална штета. Искршени се повеќе стакла од зградата.
Здружението на граѓани „Глас за светлина“ денеска најави дека утре ќе организира блокади на влезот на Скопје кај населбата Автокоманда, со цел да изврши притисок врз Владата да ја повлече одлуката за приватизација на ЕСМ диструбуција.
Кој стои зад синоќешната експлозија пред објектот на ЕСМ Дистрибуција, не кажуваат ниту од полицијата, ниту од ЕСМ, ниту од „Гласот на светлината“. Само премиерот Бучковски го лоцира мотивот на напаѓачите. МВР тврди дека се уште води истрага , во ЕСМ веруваат дека тоа се хулигани, од „Гласот на ...
Опозицијата и власта во директни обвинувања кој ја урива цената на ЕСМ. На неполн месец пред да дојдат финалните понуди од четирите фирми, бомби, блокади, невнимателни изјави. Министерот за финансии, Поповски, се правда дека немал намера да ја урива цената со вчерашната изјава, напротив.
ПОПОВСКИ ЗА ЕСМ Четирите компании заинтересирани за купување на „ЕСМ-дистрибуција“ можат да помислат дека не вреди да се инвестира во компанија во која десетина луѓе можат да ви ја блокираат работата и поради тоа песимистички гледам на мојата процена дека Македонија ќе инкасира од 80 до 100 милиони ...
ОТКАКО ДРЖАВАТА БЕСПЛАТНО ГИ ПРОДАДЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ Мирче Котевски Чешката компанија „Хидропол“, која веќе четири години под концесија управува седум мали хидроцентрали, за испорачаната струја заработила околу 18 милиони евра од „Електростопанство на Македонија“.
„Глас за светлина“ негираат каква било вмешаност во бомбашкиот инцидент пред Електродистрибуција. Го осудуваат чинот, велејќи дека со насилни средства не се постигнува ништо. Глас за светлина негираат каква било вмешаност во бомбашкиот инцидент пред Електродистрибуција.
ПОПОВСКИ ЗА РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА Парите од продажбата на "ЕСМ дистрибуција" ќе бидат за повеќе намени, но песимист сум за сумата што ќе ја добиеме поради сите работи што се случуваат, изјави министерот за финансии Никола Поповски во интервју за Радио Слободна Европа.
Силна експлозија одекна попладнево пред зградата на „Електро- Скопје“ на улицата Ленинова во близина на грчката амбасада во центарот на градот. Силна експлозија одекна попладнево пред зградата на Електро- Скопје на улицата Ленинова во близина на грчката амбасада во центарот на градот.
Бомбата која ја фрлиле напаѓачите вчера вечер пред подружницата на „Електро – Скопје“ немала разорна моќ. Од МВР се сомневаат дека според јачината на бомбата напаѓачите имале намера само да привлечат внимание, а не и да предизвикаат штета.
Интервју на министерот за финансии, Никола Поповски, за Радио Слободна Европа ,,Случајот даночна пирамида" не е стивнат, тврди Поповски. Досега се поднесени пријави против повеќе од 300 компании, а вкупната вредност на затајувањата надминува повеќе десетици милиони евра Средствата од продажбата на ...
Како Македонија ги пречекува странските инвеститори кои толку гласно ги повикува? Бомби, парtиски препукувања, протести ја разнишуваат нашата бизнис клима пред нивното доаѓање. Како Македонија ги пречекува странските инвеститори кои толку гласно ги повикува? Бомби, парtиски препукувања, протести ја ...