- Ништо засега не можеме да соопштиме. Во текот на наредната недела ќе има известување за јавноста, откако ќе му го испратиме одговорот на обвинителот Шврговски - вели Иво Котевски, портпарол на МВР. Освен двете групи поранешни функционери кои жестоко се судрија по колумната на Фрчкоски, Слободан Богоевски, поранешен шеф на УБК и Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи од една и ...
МВР ќе врши проверка на исказот на сведокот и ќе утврдува кој ја направил фотографијата на автомобилот-бомба. Специјално формиран тим на МВР деновиве засилено работи на проверка на новите докази околу истрагата за обидот за атентат на претседателот Киро Глигоров.
Стојан Андов, ветеран на македонската политичка сцена, кој беше претседател на Собранието таа 1995 година, кога се случи атентатот врз Глигоров, и со тоа уставно негов заменик, се сеќава со голема доза на револт кога УБК му пуштала гласини дека е „татко на атентатот“. Во поново време Андов е актуелен со лустрацијата, која бескрајно заглави во парламентарните лавиринти.
Игор Чавески Неколку поранешни вработени во Државната безбедност и контраразузнавање се повикани на информативен разговор за деталите поврзани со атентатот врз претседателот Глигоров, откако МВР годозна од Јавното обвинителство името на тајниот сведок.
„Време“ во четвртокот донесе напис во кој се опишува атмосферата во Министерството за внатрешни работи, по повторното отворање на досието „атентат врз Киро Глигоров“. Според дневниот весник, во полициските кругови, особено кај постарите припадници на поранешната Служба за државна безбедност и контраразунавање, владее паника заради се поголемата извесност дека во обидот за ...
Полицијата гипроверува изјавите на сведокот на Фрчкоски. Тимот на МВР, засилен со голем број полициски службеници, по прецизни налози од јавниот обвинител ќе ги испита новите информации за обидот за атентат врз поранешниот претседател на државата Киро Глигоров, кои во понеделникот во Обвинителството ги изнел сведокот, кој тврдел дека го фотографирал автомобилот-бомба ден пред атентатот.
МВР формира посебен тим што треба да ја испита вистинитоста на тврдењата на новиот сведок за атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров, што неодамна го сослуша Обвинителството, информира вчера министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вчера потврди дека МВР продолжува со утврдување на вистинитоста на најновите искази поврзани со атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров. МВР, рече Јанкуловска, работи врз основа на извештајот од јавниот обвинител на Македонија Љупчо Шврговски, по добиените сознанија од сведокот.
МВР го проверува исказот на сведокот за атентатот врз Глигоров. МВР формираше посебен тим, кој ќе ја проверува вистинитоста на исказот на новиот сведок за атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров. Министерката Гордана Јанкулоска потврди дека обвинителот го испратил извештајот, при што до МВР упатил „неколку прецизни насоки, по кои постапува Министерството “.
МВР веќе испраша неколкумина посочени. Дознаваме дека дел од нив се сеуште вработени во полицијата, дел се заминати во пензија или ги напуштиле нејзините редови. Единствениот официјален став за истрагата кој може да се добие од МВР е дека сериозно се работи на потврдување или демантирање на информациите кои ги добиле во извештајот од Јавниот Обвинител.
пишува дека пиротехничарот, поранешен припадник на МВР, кој учествувал во вештачењето на експлозивот по атентатот, директно го прозива актуелниот Претседател, а тогашен премиер Бранко Црвенковски, како нарачател на злосторството. „Форум“, сепак, нема намера да го открива својот извор, врпочем прозваните се тие што треба да го докажат спротивното, доколку имаат аргуемнти Иако е ...
МВР формирало тим што ќе ги истражува новите сознанија за атентатот на Глигоров откако обвинителот Љупчо Шврговски им издал наредба за проверка на информациите добиени од „сведокот на Фрчкоски“. - Јавниот обвинител заврши со одреден дел од работата во однос на испрашување на лицата што беа посочени.
Повеќе дневни весници објавуваат информации од разговорот со претпоставениот на американскиот заменик-помошник државен секретар Стјуард Џонс, Дениел Фрид. Според Фрид, Македонија не може да очекува предлог за компромис кој ќе и’ биде целосно прифатлив, но ако со тој компромис успее да влезе во НАТО и во Европската Унија, така најдобро ќе го заштити својот идентитет.
Министерството за внатрешни работи ќе ја испитува веродостојноста на доказите кои вчера на Шврговски му ги дал сведокот, за вмешаноста на тајната полиција во атентатот на Глигоров. Јавниот обвинител до МВР доставил извештај со изјавите на сведокот и дал насоки во кој правец да се одвива истрагата за да се потврди или евентуално демантира исказот на сведокот.
Бранко Црвенковски, кој во неделникот „Форум“ е прозван како нарачател на атентатот врз Глигоров, ќе мора сам да си го штити авторитетот на функцијата, бидејќи Обвинителството со измени на Кривичниот законик веќе ја нема таа обврска. Љупчо Шврговски: Вербалниот деликт е целосно декриминализиран Слободан Чашуле: Не стравувам од евентуална тужба од Црвенковски. Сведокот за кој пишуваше професор ...
Во полицијата постоеше една мала, но влијателна група луѓе која од почетокот на транзицијата се обидува од полицијата да владее со политиката. Почнаа со пишување обвинителни извештаи за непостоењето на капацитет на првиот министер за полицијата Мијалков, а завршија со извештаи за сценарија кој е атентаторот на Глигоров. Овие денови ми се врти низ глава, драги мои, едно прашање: дали во оваа ...
Скопје, 28 октомври (МИА) - Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека МВР продолжува со утврдување на вистинитоста за случајот со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров врз основа на добиениот извештај од обвинителот, а по добиените сознанија на сведокот.
Игор Чавески Тајниот сведок на професорот Љубомир Фрчкоски, кој тврдел дека структури на ДБК се замешани во атентатот врз експретседателот Киро Глигоров, вчера даде исказ пред Јавното обвинителство. Откако пред неколку дена сведокот поради безбедносни причини даде само писмена изјава, тој вчера на јавниот обвинител Љупчо Шврговски му ги презентирал сите информации кои претходно му ги кажал и на ...
Поранешниот шеф на ДБК Слободан Богоевски го обвинува Фрчкоски за блокирање на истрагата за атентатот. Се редат обвинувањата против Фрчкоски и Црвенковски како главни виновници за истрагата околу атентатот. Гордана Дувњак. Државниот обвинител Љупчо Шврговски вчера за „Утрински весник“ потврди дека бил сослушан новиот сведок во истрагата околу атентатот врз поранешниот претседател на државата Киро ...
Државниот обвинител Љупчо Шврговски побарал од полицијата да се испита веродостојноста на исказот што вчера пред него го дал сведокот за атентатот на претседателот Глигоров. По налогот од Шврговски, во МВР денеска е формиран специјален тим кој ќе ги истражува тврдењата на сведокот за можна вмешаност на македонската државна безбедност во обидот за убиство на Глигоров.
ПОСЕБЕН ТИМ ВО МВР РАБОТИ ПО НАСОКИТЕ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЗА АТЕНТАТОТ НА ГЛИГОРОВ. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека МВР продолжува со утврдување на вистинитоста за случајот со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров врз основа на добиениот извештај од обвинителот, а по добиените сознанија на сведокот.
Посебен тим е задолжен во министерството за внатрешни работи за расветлување на обидот за атентат на поранешниот претседател, Киро Глигоров, соопшти денеска, министерката Гордана Јанкуловска. “МВР од обвинителот доби неколку прецизни насоки по кои постапува, за што е формиран посебен тим, како зајакнување на досегашниот,“ рече Јанкулоска.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска со изјава дека МВР продолжува со утврдување на вистинитоста за случајот со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров врз основа на добиениот извештај од обвинителот, а по добиени сознанија на сведокот. Таа рече дека Јавниот обвинител завршил со одреден дел од работата во однос на испрашување на лицата кои биле посочени.
Иако Фрчкоски не сакаше да ги коментира изјавите на поранешниот директор на Службата за безбедност, Слободан Богоевски, дека од ова ќе излезе само уште една приказна на професорот за да ја забавува јавноста, тој директно или индиректно му се обрати на Богоевски во вчерашната колумна. Исказот од сведокот за атентатот на претседателот Киро Глигоров стигна до Министерството за внатрешни работи.
Поранешниот припадник на УБК што на бившиот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски му тврдел дека е автор на спорната фотографија на автомобилот-бомба, употребен во атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров, вчера детално бил испрашан во одделението за борба со организираниот криминал при Државното обвинителство, потврди Љупчо Шврговски, јавниот обвинител.
Сведокот кој тврдеше дека во атентатот на Глигоров има вмешаност и на македонската тајна полиција, денеска бил кај јавниот обвинител. Писмената изјава која, како што објави А1, беше предадена уште во петокот, денеска сведокот усно ја потврдил пред обвинителството.
Државниот обвинител го испраша сведокот за атентатот на екс-претседателот Киро Глигоров. Наводите кои ги изнесе поранешниот полицаец за инволвираност на државната безбедност во нападот на претседателот се сериозни и ќе мора детално да се проверат - изјави за Канал 5 обвинителот Љупчо Шврговски.
Утрово во јавното обвинителство сведокот ја дал својата официјална изјава за настанот од 3-ти октомври 1995 година. Од обвинителството не откриваат детали за неговиот исказ. Јавниот Обвинител ја потврдува средбата и вели дека сега обвинителството ќе ги проверува неговите наводи. За истрагата побарале помош и од МВР. Не посочуваат какви се мерки побарале да превземе полицијата.
Информаторот на професорот Љубомир Фрчкоски, кој тој го посочи како главен сведок за вмешаноста на поранешната Служба за државна безбедност во понеделникот излезе пред Државниот јавен обвинител. Од Обвинителството нема ниту најави што како информации понудил сведокот кој порано работел во 7-та управа на МВР, а неговиот идентите и натамуостанува сокриен.
Сведокот на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски се појави во обвинителството. Вчераутро сведокот даде исказ пред јавниот обвинител за наодите и тврдењата во колумната на Фрчкоски во која беа обелоденети нови моменти од атентатот на првиот македонски претседател Киро Глигоров. "Сведокот дојде денес, даде свој исказ.