TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Предлог за заеднички противпожарни сили на Балканот

Макфакс - 01.07.2007

Москва Русија денеска им предложи на земјите од Балканот да формираат заедничка воздушна флота за гаснење на пожари. Предлогот што го соопшти рускиот министер за вонредни состојби Сергеј Шојга уследи по големите шумски пожари што ја зафатија југоисточна Европа во чие гаснење учествуваа и руски ...

Помош од Франција во гаснењето на шумските пожари

Макфакс - 01.07.2007

Скопје Шест француски пожарникари ќе пристигнат денеска во Скопје за да помогнат во справувањето со пожарите во Македонија. Ова, како што пренесува Макфакс, денеска беше соопштено од Француската амбасада во Скопје. Шесте пожарникари се експерти во својата област и му припаѓаат на друштвото ...

ЕУ одобри помош за гаснење на пожарите во Македонија

Макфакс - 01.07.2007

Брисел Европската унија (ЕУ) соопшти денеска дека ќе и помогне на Македонија да се справи со пожарите, иако во некои земји од ЕУ противпожарните капацитети се максимално искористени. „Овој гест на солидарност со Македонија се случува во време кога јужните граници на Европа се во пламен и максимално ...

Македонија во пламен-Владата одржува вонредна седница

Макфакс - 01.07.2007

Скопје Владата одржува вонредна седница, по алармантната состојба со пожарите на територијата на целата земја. Попладнето премиерот Никола Груевски беше на локација во Катланово, каде што пожарот се заканува да го блокира и сообраќајот на автопатот од Скопје кон Велес.

ООН обезбедија 230 илјади долари за пожарите

Макфакс - 01.07.2007

Скопје Агенциите на Светската организација обезбедија помош од 230 илјади американски долари помош за справување со пожарите во Македонија, соопштено е во Скопје. Грант за итни потреби од 30 илјади долари обезбеди Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарните активности (UNOCHA) за набавка ...

Македонија се заблагодари за странската помош против пожарите

Макфакс - 01.07.2007

Скопје - Македонската Влада денеска изрази благодарност за доставената помош од страна на сите земји што излегоа во пресрет за справување со кризната состојба со пожарите . Во гаснењето на пожарите биле вклучени или се уште се ангажирани хеликоптер од Словенија, авион „канадер“ и хеликоптер од ...

АРМ ќе се вклучи во гаснењето на пожарите

Макфакс - 01.07.2007

Скопје Војниците од АРМ да се вклучат во гаснење на пожарите побара синоќа македонската Влада на вонредна седница. Според одлуките, Владата реши да побара 14 вода со вкупно 420 војници кои би учествувале во гаснење на огнените стихии предизвикани од високите температури во државата.

Активни десеттина пожари низ Македонија

Макфакс - 01.07.2007

Скопје Противпожарни служби и единици на војската се вклучени во гаснење на пожарите на десетина локации низ Македонија, а воведена е строга контрола за движење во шумските појаси. Пожарот во реонот на Горна Матка што се прошири кон селото Ораовиќ е локализиран, а на терен се единици на АРМ и ...

Пожари на Канарските острови

Макфакс - 01.07.2007

Мадрид Стотици пожарникари денеска се справуваат со пожарите на Канарските острови и во јужниот дел на земјата, каде што огнената стихија проголта илјадници хектари шуми, соопштија властите. На најголемиот остров Гран Канариа пожарот уништи 3.500 хектари борова шума и еукалиптуси, по што беше ...

Пожарите во Грција не стивнуваат

Макфакс - 01.07.2007

Атина Повеќе десетици пожари и натаму се активни во Грција, а не попуштаат ниту високите температури од над 40 степени Целзиусови. Состојбата е најтешка на островот Крит, каде има најмалку три големи пожари. Повеќе пожари се активни и во северозападниот дел на Грција, во реоните на Воден, Кожани и ...

Повеќе од 11.000 луѓе евакуирани од Канарските острови поради пожарите

Макфакс - 01.07.2007

Мадрид Повеќе од 11.000 луѓе се евакуирани денеска на шпанските Канарски острови поради пожарите што се распламтеа на два острова од овој популарен туристички архипелаг. Околу 6.000 луѓе се евакуирани на островот Тенерифе, во чиј западен дел од вчера горат околу 4.500 хектари шума, а ситуацијата ...

Пожарите не стивнуваат, најкритично на Солунска Глава

Макфакс - 01.07.2007

Скопје Пожарите низ Македонија полека се локализираат, но се уште не се ставени под контрола неколку поголеми пожари во централниот дел на земјата. Како што информираат од Центарот за управување со кризи(ЦУК), во моментот гори крак кон Солунска Глава и селото Белица.

Рускиот авион упатен во Црна Гора да гаси пожари

Макфакс - 01.07.2007

Москва Рускиот специјализиран авион за гаснење пожари „Иљушин 76“, синоќа се приклучи во акциите за гаснење на пожари во Црна Гора. Ова го соопшти Началникот на Секторот за вонредни ситуации, Зоран Беговиќ, додавајќи дека Црна Гора нема да плаќа за изнајмување на авионот.

Пожарите не стивнуваат, се појавуваат нови жаришта

Макфакс - 01.07.2007

Скопје Пет жаришта во должина од два километри се регистрирани на подрачјето на „Јасен“, Патишка Река и Горна Белица, па постои опасност пожарите да се спојат, информираат од Центарот за управување со кризи(ЦУК). Пожарот кај Горна Јакупица се уште е активен и се шири кон планинарскиот дом “Чеплес”.

Со жештините стивнаа и пожарите

Утрински - 30.06.2007

Пожарите што ја зафатија речиси цела Македонија во средата и четвртокот се ставени под контрола. Од Центарот за справување со кризи информираат дека вчера не се забележани нови пожари од поголеми размери, со исклучок на некои помали интервенции на противпожарните бригади.

Со крнтии се јуриша против пожарите

Дневник - 30.06.2007

Честопати возилата стари и по 40 години тргнуваат и остануваат во дефект, во некои единици нема пари ни за гориво, а пожарникарите носат искинати чизми, купени пред 15 години Во јуришот за гаснење на пожарите, кои зачестија деновиве, не ретко се тргнува со возила стари и по 40 години, чизми пред 15 ...

Пожарите под контрола

Вечер Прес - 30.06.2007

Пожарот што го зафати атарот на селото Карабуниште се уште е активен. Во текот на вчерашниот ден пожарот се прошири и во близина на железничката станица "Пчиња", информира Центарот за управување со кризи. Екипи на шумското стопанство "Бабуна" се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.

Изгореа викендичка, лозови насади и шума

Вест - 29.06.2007

ПОЖАРИ Во атарот на скопските села Катланово и Брњарци, како и во околните населени места гори поголема површина сува трева и шума. Опожарени се 60 хектари нискостеблеста шума и сува трева. При пожарот една викендичка во Катланово, сопственост на С.А., е целосно изгорена, а две се опожарени.

Тлеат пожарите во Катлановско и во Велешко

Време - 29.06.2007

ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ На повеќе локации во Македонија завчера беа регистрирани повеќе помали или поголеми пожари. Дел од пожарите се ставени под контрола или целосно изгаснати, а во Катлановско, Велешко и Кавадаречко и вчера се интервенираше, информираат од Центарот за управување кризи.

Шумски пожари беснеат низ Македонија

Утрински - 29.06.2007

Во Катланово огнот зафати викендичка, а целосно изгореа три шупи Речиси цела Македонија е зафатена од големи шумски пожари. Од Центарот за справување со кризи вчера не' информираа дека се' уште гори Катлановско, Велешко, Кавадаречко и Штипско.

Горат шума, жито, тутун, овошки...

Дневник - 29.06.2007

Возилата се стари по 40 години, нема делови и опрема, а од нас се очекува помош, вели Стојанче Павловски, командир на Противпожарна единица од Крива Паланка Во пожарите што беснеат во Катлановско, Кавадарско, Велешко и во Штипско горат повеќе од 500 хектари шума и земјоделски култури.

Низ Македонија дивеат пожари

Вечер Прес - 29.06.2007

На повеќе локации од завчера се евидентирани повеќе пожари на шума, ниска вегетација, обработливо земјиште. Дел од пожарите се локализирани, а дел вчераутро повторно биле актуализирани Високите температури придонесоа на повеќе локации во државаа да избувнат пожари на шума, ниска вегетација, посеви ...

Стотина пожари низ Грција

Вечер Прес - 29.06.2007

Две лица го загубија животот во стотина шумски пожари кои беснеат низ цела Грција, а најмалку седум луѓе починаа од последиците на топлотниот удар. Тоа е трагичниот биланс метео-голготата, најголема за последниве 110 години, низ која проаѓа нашиот јужен сосед.

Пожари во скопско

А1 - 28.06.2007

Пожари и во скопско. Нискостеблеста шума гори и во близина на железничката станица Пчиња, 15 километри западно од Катланово. Екипите на противпожарната единица се на терен. Пожарот во скопското село Катланово , кој вчера беше локализиран околу 23 часот, утрото беше повторно активиран.

Најмалку тројца загинати во пожари во Грција

А1 - 28.06.2007

Најмалку тројца луѓе загинаа во пожарите што беснеат низ повеќе делови на Грција. Поради пеколните температури, кои изминативе неколку дена достигнаа и до 46 степени, властите во Атина објавија и вонредна состојба. Метеоролозите предупредија дека во попладневните часови Грција ќе ја зафати силен ...

Пожари се уште беснеат во Велешко, Кавадаречко, Катлановско и Штипско

Канал5 - 28.06.2007

Пожарот во скопското село Катланово кој вчера беше локализиран околу 23 часот, утрото е повторно активиран. Центарот за управување со кризи известува дека противпожарните екипи се на терен и работат на гаснење на пожарот, кој зафати површина од 60 хектари обработливо земјиште.

ЕК ја активира цивилната заштита во ЕУ за да и помогна на Грција да се справи со по

Канал5 - 28.06.2007

Неколку часа откако Грција побара помош во борбата против шумските пожари кои беснеат во земјата, Европеската комисија ја активира цивилната заштита во Европаката унија. Брисел, 28 јуни (МИА) - Неколку часа откако Грција побара помош во борбата против шумските пожари кои беснеат во земјата, ...

Беснеат над 20 пожари

Вечер Прес - 27.06.2007

Над дваесет пожари беснеат во регионите Сицилија, Калабрија, Пуља и Молизе во Јужна Италија, пренесува МИА. Најкритично е во регионот на Палермо, бидејќи пожарот се приближува до северозападниот дел на градот, а со чад е покриена една негова општина.