Израелската влада го одобри планот на премиерот Шарон за повлекување од Појасот Газа и за евакуирање на израелските доселеници од тој регион по повеќе од 37 години окупација. Според израелското радио, седумнаесет министри гласале за повлекувањето од Газа и за евакуацијата на 8000 доселеници од таа ...
Раководството на Движењето за ослободување на Палестина (Фатах) го одобри составот на новата палестинска влада, во која приврзаниците на палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе ги раководат клучните ресори, соопштија денеска палестински извори.
ЕВАКУАЦИЈА Израел планира да изгради нова доселеничка населба на окупираниот Западен Брег за да ги смести во неа еврејските доселеници што ќе ги повлече од другата палестинска територија Газа, јави Ројтерс. Израелските власти објавија дека префрлањето ќе биде привремено.
ЕРУСАЛИМ (Ројтерс) - Израел планира да постави пунктови опремени со висока технологија на својот sид на Западниот Брег. Израелците велат дека ова ќе го олесни движењето на Палестинците, но Палестинците велат дека вака би се одредиле границите на идната држава под израелски услови.
Ерусалим, 15 февруари (АП) - Израел за 24 часа на Палестинците ќе им ја предаде контролата врз безбедноста во градот Ерихон.Тоа е првиот од петте автономни градови на Западниот брег на реката Јордан кој Израел вети дека ќе го врати на Палестинците во рамките на договорот постигнат минатата недела ...
МИРОВЕН ПРОЦЕС НА БЛИСКИОТ ИСТОК Лидерите на палестинската милитантна организација Хамас соопштија дека ќе го поддржат примирјето со Израел и ветија дека нема да одговорат на евентуално насилство на израелската војска, јави Ројтерс.
Ерусалим, 14 февруари - Израел одлучи да ослободи 500 палестински затвореници, рече премиерот Ариел Шарон. Тој уште минатата недела најави ослободување на 900 палестински затвореници, од кои 500 овие денови, а 400 во наредните недели и тоа во знак на подршка на палестинскиот претседател Махмуд ...