Последната акција за приведување уличните проститутки тешко дека ќе промени нешто. Како и во сите акции во изминатите десетина години, по успешната акција и по сликањето, проститутките како и секогаш ќе и се вратат на улицата. Иницијаторите за легализирање на најстариот занает повторно повикуваат дека тоа е единствениот начин да се стави ред во целиот бизнис.
Од уапсените 25 проститутки и макроа од скопските улици, во притвор заврши само една жена – макро, мајката која ги проституирала двете ќерки. Ќе одговара за посредување и за подведување малолетнички. За посредување при проституција кривични пријави има уште за една жена макро и двајца мажи кои беа приведени во полициската рација.
Студентка бара лица за дружење, без оглед на националноста... Ова е содржината на еден од огласите во весниците преку кои агенциите посредуваат во контакти со студенки, богати вдовици, разведени, масерки, хомосексуалци. Преку СМС, контакт клубовите ви договараат тајна средба со шифрата за која сте заинтересирани.
Во вчерашната голема акција на полицијата во Скопје, во околината на Македонската телевизија приведени се над 20 луѓе поврзани со проституција. Меѓу приведените има и голем број на проститутки. Проститутките моментно се наоѓаат во Државна болница каде им се вршат здравствени прегледи, соопштија од МВР.
Полицијата во организирана акција во најголем дел во близината на зградата на МРТВ, уапси 37 проститутки , кои завршија на распит во полициската станица Бит Пазар. Меѓу уапсените има 22 жени и еден маж од 19 до 51 година, а проститутките по етничка припадност се Македонки, Албанки, Ромки, меѓу нив и една малолетничка.
Мажи и жени кои години по ред нуделе сексуални услуги, на некои места низ Скопје, синоќа беа уапсени во полициска акција. Во станица беа приведени 25 проститутки и 8 лица кои ги користеле нивните услуги. Сите денеска беа однесени на контрола на Клиниката за инфективни болести. Проститутките се спротивставуваа на овој потег на властите.
По ноќното испрашување во станица полицијата утрината ги пренесе проститутките на Инфективната клиника на лекарско тестирање. Дел од девојките приведени во акцијата Улична проституција гневот го истурија на новинарските екипи . Резултатите од тестирањето на проститутките ќе се знаат од утре. Тие што не се заразени ќе платат казна од 600 до 800 евра, заразените може да завршат и во затвор .
Македонки, Албанки, Ромки, вкупно 22 сите работеле на црниот пазар и нуделе сексуални услуги. Полицијата ги приведе синоќа, а денеска ги однесе на доктор. Биле фатени на дело, а приведени се и осум клиенти кои ќе бидат искористени за сведочење. Полицијата успеал да пронајде и четири лица кои работеле како макроа, за нив ќе бидат поднесени и кривични пријави.
Полицијата во организирана акција уапси 37 проститутки , кои завршија на распит во полициската станица Бит Пазар. Меѓу уапсените има 22 жени и еден маж од 19 до 51 година, а проститутките по етничка припадност се Македонки, Албанки, Ромки, меѓу нив и една малолетничка.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска на прес - конференција појасни дека полициската акција за сузбивање на уличната проституција синоќа од 20 часот до раните утрински часови е спроведена во близина на МАНУ, основните судови 1 и 2, МКЦ, Адвокатската улица, Апелацискиот и Врховниот суд и во близина на Комерцијална банка.
Гневот од апсењето продавачките на Љубов кај МТВ го истурија врз новинарите присутни на полициската рација. Се лутеа оти со комбињата ги однесоа на инфективната клиника за да ги прегледаат дали имаат полови болести. Од инфективна велат дека тестовите што ги направиле врз 21 жена уапсени под сомнение дека се занимавале со проституција ќе бидат готови за една недела.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изјави дека во вчерашната акција, во околината на Македонската телевизија биле откриени и приведени вкупно 33 лица од кои 25 се приведени под сомнение дека се одавале на проституција или посредувале при давање на сексуални односи, додека останатите се приведени поради користење на сексуални услуги.
Во вчерашната голема акција на полицијата во Скопје, во околината на Македонската телевизија приведени се над 20 луѓе поврзани со проституција. Меѓу приведените има и голем број на проститутки. Проститутките моментно се наоѓаат во Државна болница каде им се вршат здравствени прегледи, соопштија од МВР.
Полицијата привела 33 лица под сомнение дека вршеле улична проституција, или посредување при вршење проституција, вчера, соопшти МВР. Приведените се од различна националност, а има една албанска и една косовска државјанка. За услугите наплаќале од 500 до 1.000 ден. Поради сомнение дека се пренесувачи на заразни болести, извршен им е медицински преглед.
Се менуваат правилата за сексуален прекршок во Британија. ЛОНДОН - Плаќањето за секс со проститутки кои се под контрола на макроа ќе стане кривичен прекршок во Англија и Велс, изјави секретарот за внатрешни работи, Жаки Смит. Таа рече дека луѓето кои свесно им плаќаат на жени илегално тргувани за сексуални односи би можеле да се соочат со обвиненија за силување.