Американскиот сенатор Џозеф Бајден до Сенатот поднесе предлог резолуција со која треба да се изрази поддршка на жителите на Косово на референдум да се изјаснат за иднината на покраината, но откако ќе бидат достигнати стандардите на Обединетите нации во развојот на демократските институции и правата ...
ПО УСВОЈУВАЊЕТО НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ОВК Меѓународниот администратор Михаел Штајнер ја оцени резолуцијата на косовскиот Парламент како "штетен документ", со кој се величи борбата на Ослободителната војска на Косово. Тој најави казна за премиерот Бајрам Реџепи - нема да го води на две важни ...
Лондон, 17 мај - шефот на цивилната администрација на ОН на Косово, Михаел Штајнер изјави дека усвоената резолуција за слобода, ослободување и независност на Косово е "ужасна" и оти поради тоа донел решение членовите на Парламентот и Владата во Приштина оваа недела да не учествуваат заедно со него ...
СРПСКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР ЧОВИЌ ТВРДИ Српскиот вицепремиер задолжен за косовското прашање, Небојша Човиќ, изјави дека САД не се согласуваат со планот косовската влада на Бајрам Реџепи до крајот на годинава да преземе голем дел од овластувањата што сега ги има меѓународната мисија УНМИК, јави МИА.
Безбедноста на Косово е полоша од кога било, за што најголеми виновници се УНМИК и КФОР, но и покрај тоа, бројот на меѓународните сили не треба да се редуцира, бидејќи тоа ќе предизвика натамошно влошување на безбедноста во покраината.
ПРИШТИНА Косовскиот Парламент вчера усвои "Резолуција за ослободителната војна на народот на Косово за слобода и независност", со која автономните косовски власти се обврзаа да ги заштитат сите видови отпор што албанскиот народ му ги дал на "српскиот агресор", јави МИА.
Приштина, 16. мај - Косовското Собрание вчера без гласовите на српските пратеници ја усвои "Резолуцијата за ослободителна војна на народот на Косово за слобода и независност". Во Резолуцијата се нагласува дека борбата на народот на Косово, во сите свои облици и фази, претставува праведна борба за ...
„КЗК ја штити таканаречената АНА“, обвини шефот на Координативниот центар за Косово Небојша Човиќ во обраќањето пред ОБСЕ во Виена, истакнувајќи дека КЗК има „компромитирачка дејност“, поради што треба да се одложи трансформацијата на безбедносните сили.
Пратениците на косовскиот Парламент денеска со мнозинство гласови усвоија резолуција за слобода, ослободување и независност на Косово. Шефот на УНМИК Михаел Штајнер ја поништи резолуцијата. Резолуцијата предвидува заштита на сите видови отпор на албанскиот народ од „српскиот агресор“ и се истакнува ...
ЗАМРЗНАТИ ОДНОСИТЕ БЕЛГРАД - УНМИК Шефот на УНМИК, Михаел Штајнер, изјави дека не може да го исполни барањето на Белград за екстрадиција на албанскиот герилец Шефкет Муслиу. - Ние имаме информации дека Шефкет Муслиу е еден од најопасните луѓе во организираниот криминал на Балканот, но не можеме да ...
Претседателот на српскиот Координативен центар за Косово Небојша Човиќ е сосема сигурен дека шефот на УНМИК Михаел Штајнер нема безрезервна поддршка од САД. „Информациите со кои располагам говорат дека американската администрација не ги поддржува барањата на Штајнер своите ингеренции до крајот на ...
Собранието на Косово донело одлука на утрешното заседание да расправа за „Резолуција за ослободителната војна и независноста на народот на Косово“, јави белградското „Б-92“, повикувајќи се на приштинскиот весник „Коха Диторе“.
Нема напредок во односите со УНМИК додека на српските судски власти не им биде предаден лидерот на т.н. ОВПМБ Шефкет Муслиу, изјави претседателот на Координативниот центар за Косово Небојша Човиќ по денешната средба со шефот на УНМИК Михаел Штајнер.
Регион Драган Николиќ Специјалниот претставник на ОН во Косово, Михаел Штајнер, изјави во Виена, каде што се одржа собирот "Иднината на Косово", дека Косово се задушува во организиран криминал кој пушта пипала и во Европа. "Ако Европа не и помогне на полицијата и на правосудството да се наполнат ...
ПОРАДИ НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ОДНОСИТЕ Белград ја прекина соработката со УНМИК, освен што го бара Шефкет Муслиу Српската владејачка коалиција ДОС завчера реши да ја прекине соработката со мисијата на Обединетите нации на Косово, јави Макфакс.