TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Последен договор Буш - Блер - Азнар пред напад на Ирак

А1 - 16.03.2003

Иако формално е наречен „последна шанса за мир“, самитот Буш - Блер - Азнар парктично ќе го означи крајот на дипломатскиот процес околу ирачката криза. Според аналитичарите, Блер, Буш и Азнар средбата ќе ја искористат да се договорат како понатаму и всушност ќе биде последен договор пред нападот ...

Доброволци од Македонија за постконфликтен ангажман во Ирак

А1 - 16.03.2003

112 припадници на армиските „Волци“, „Скорпиони“ и „Рисови“ досега се пријавиле како доброволци за евентуалниот ангажман на Република Македонија во постконфликтната фаза во Ирак, тврдат за А1 доброинформирани извори. Македонската помош би се состоела од санитетска екипа и медицински персонал кои би ...

Со декрет на Хусеин Ирак поделен на 4 воени зони

А1 - 16.03.2003

Советот на Револуционерната команда на Ирак синоќа објави декрет со кој се формираат четири регионални раководства под команда на претседателот Садам Хусеин со цел да се преземат неопходните чекори да се одбие секоја странска агресија, јави ирачката национална агенција ИНА.

САД ја предупреди Турција да не интервенира во северен Ирак

А1 - 16.03.2003

Претседателот на САД Џорџ Буш деновите испратил писмо до премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган во кое го предупредува дека евентуалната едностарана воена интервенција на Анкара во северен Ирак може да доведе до судири меѓу турските и американските сили, пишува денеска весникот „Милиет“.

Во светот демонстрации против војна во Ирак

А1 - 15.03.2003

Во повеќе градови во светот денеска се одржуваат демонстрации против војната во Ирак, што се продолжени на недоамнешните масовни протести во кои учествуваа повеќе од еден милион луѓе. Околу 10.000 демонстранти се собраа во центарот на Токио за да ги изразат своето противење на евентуалната војна ...

Хрватска нема да учествува во војната против Ирак

А1 - 15.03.2003

Хрватска нема да учествува во војната против Ирак, а ќе ги поддржи и САД и нивните сојузници само ако воената интервенција биде одобрена од ОН. Ова го соопштил шефот на дипломатијата Тонино Пицула во пораката до американскиот амбасасдор во Загреб.

Поранешни конгресмени на САД против војната во ирак

А1 - 15.03.2003

Група од 70 поранешни американски конгресмени упатија писмо до претседателот на САД Џорџ Буш со барање за преземање дополнителни дипломатски чекори пред евентуалното воено решавање на ирачката криза. Конгресмените, од кои повеќето се републиканци-сопратијци на Буш, а само четворица се членови на ...

Македонија дава само капацитети

Вест - 15.03.2003

ВЛАДАТА ОДГОВОРИ НА НОН-ПЕЈПЕРОТ ОД ВАШИНГТОН Се уште нема дециден одговор дали Македонија застана на страната на САД , или ќе чека прво Советот за безбедност на ОН да гласа за акција во Ирак Македонија на коалицијата против Садам може да и понуди користење на воздушниот простор, на аеродромот ...

САД во војна со Ирак без поддршка од ОН

Вест - 15.03.2003

ПАРИЗ/ЛОНДОН, 15 март (Ројтерс) - САД вчера изјавија дека е можно да почнат војна против Ирак без поддршка од ОН, додека Русија, Германија и Франција и натаму цврсто стојат на ставот против брза воена акција. Францускиот претседател Жак Ширак вчера во телефонски разговор го извести британскиот ...

Трајковски: Македонија треба да застане зад САД

Утрински - 15.03.2003

Одговор на претседателот до државниот секретар Колин Пауел Претседателот Трајковски смета дека од суштински интерес за Македонија е да застане зад соработката со САД, тоа да го направи јасно и недвосмислено во соодветна форма и процедура.

Вашингтон нема да бара гласање за нова резолуција?

Утрински - 15.03.2003

Доколу САД не се сигурни дека ќе добијат мнозинство за нова резолуција против Ирак ЊУЈОРК - Дипломатската збрка во Советот за безбедноста на ОН во врска со новата резолуција која е дизајнирана да го принуди Ирак да се разоружи го одложи крајниот рок за какво било гласање.

Британските предлози нема да ја спречат војната

Утрински - 15.03.2003

Русија се изјасни МОСКВА - Еден висок руски официјален претставник вчера беше цитиран како вели дека британските предлози за дополнување на резолуцијата за Ирак која е поддржана од страна на САД во Советот за безбедност на ОН не се конструктивни и нема да ја спречат војната.

Американците ја сметаат Македонија за свој сојузник во борбата против Садам!

Дневник - 15.03.2003

МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ КОНЕЧНО ВО АНТИТЕРОРИСТИЧКАТА КОАЛИЦИЈА Од Македонија не се очекува јавно да декларира поддршка ниту да испраќа свои војници во Ирак - премолчаната поддршка од Скопје за Вашингтон Трајковски ја доживеа како голем пораз, а Црвенковски како голема политичка победа Американците ја ...

Војната мора да биде последно решение

Дневник - 15.03.2003

КОФИ АНАН Повелбата на Обединетите нации е категорична: "За да се осигури навремена и ефектна акција од Обединетите нации" таа на Советот за безбедност "му ја предава главната одговорност за одржување на мирот и безбедноста во светот".

Американските војници во Кувајт симулираат инвазија врз Ирак

Дневник - 15.03.2003

ПОДГОТОВКИ ЗА НОВА ЗАЛИВСКА ВОЈНА Американските единици стационирани во северните делови на Кувајт прексиноќа почнаа маневри со боева муниција, симулирајќи инвазија врз Ирак, јави МИА, пренесувајќи соопштение на Пентагон. Дванаесеттиот баталјон на моторизираната Трета пешадиска дивизија увежбувал ...

Повторно одложено гласањето за новата резолуција за Ирак

А1 - 14.03.2003

Белата куќа се откажа од гласањето за новата резолуција за Ирак што беше најавено за денеска, но американскиот претседател Џорџ Буш викендов ќе се сретне со неговите клучни сојузници за да се консултира за новонастанатата ситуација, затоа што Франција и Русија и понатаму се закануваат со вето, ...

Владата одговoри на американскиот „нон-пејпер“

А1 - 14.03.2003

Македонија го дава на користење воздушниот простор, аердоромот Петровец и полигонот Криволак. Ова е македонскиот одговор на американскиот „нон-пејпер“ во кој се бара поддршка за акцијата во Ирак, дознава А1 од владини извори.

Французите против нацрт - резолуцијата за Ирак

Вест - 14.03.2003

ПАРИЗ/ЛОНДОН, 14 март (Ројтерс) - Француската премиерка Доминик де Вилепин вчера изјави дека нацрт-резолуцијата за Ирак што ја предложија Вашингтон, Лондон и Мадрид за нив не е прифатлива бидејќи во него е поставен ултиматум што за нив е неприфатлив.

Црвенковски смета дека не треба да се брза со одлуката за Ирак

Утрински - 14.03.2003

Американското барање до Македонија за поддршка на воените операции во Заливот сў уште без одговор Премиерот Бранко Црвенковски бара да се почека со одлуката за американското барање до Македонија за поддршка на воените операции врз Ирак, додека се види расположението на европските влади за тоа ...

Избезумените обиди за нова резолуција за Ирак

Утрински - 14.03.2003

Британија со нови предлог-тестови за Багдад во ОН ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Избезумените обиди да се убедат неодлучните земји да ја поддржат американската резолуција со која ќе се дозволи воена акција врз Ирак се интензивираат, со тоа што Британија вчера го направи последниот напор да се спасат мерките за ...

Црвенковски: Брза одлука за Ирак не е во интерес на земјава

Дневник - 14.03.2003

ПРЕМИЕРОТ СО ПОИНАКВА СТРАТЕГИЈА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Македонија е во истата група земји што му праќаат порака на Садам да се разоружи или ќе го разоружат со сила, вели амбасадорот Батлер Македонската влада се уште нема заземено став за прашањето за Ирак и секое избрзување на тој план не е во ...

Вашингтон и Лондон се откажуваат од дипломатската војна во ОН, но не и од војната со Ирак

Дневник - 14.03.2003

ПРОМЕНЛИВ УСПЕХ НА САД И БРИТАНИЈА Соединетите Американски Држави и Британија навестија дека нема повеќе да инсистираат во Советот за безбедност на ОН да биде усвоена нацрт-резолуцијата со која се оправдува војна против Ирак, но го задржаа категоричниот став дека со сила ќе го разоружат ирачкиот ...

На САД им недостасува еден глас за поддршка на резолуцијата

А1 - 13.03.2003

САД веруваат дека им недостасува само уште еден глас во Советот за безбедност за да обезбедат поддршка на резолуцијата со која „се отвора патот“ кон воената акција во Ирак, се дознава од американскиот Стејт Департмент. На САД им требаат 9 гласови од 15-члениот Совет, без ветото од некои постојани ...

Целта - Ирак

Вест - 13.03.2003

КОГО ЌЕ НАПАДНЕМЕ Доколку САД го нападнат, победат и окупираат Ирак, тогаш тие ќе ја превземат контролата врз една нација која своевремено беше напредна и равиена, но пропадна во текот на долгите војни и меѓународната ... Доколку САД го нападнат, победат и окупираат Ирак, тогаш тие ќе ја превземат ...

Времето истекува - уште малку место за дипломатија

Утрински - 13.03.2003

Америка се повеќе го притиска Советот за безбедност за нова резолуција за Ирак ВАШИНГТОН - САД вчера ветија дека ќе бидат флексибилни за условите на новата резолуција на ОН во врска со Ирак, но додадоа дека и понатаму ќе притискаат Советот за безбедност на ОН да гласа во оваа недела.

Суспендирани набљудувачките летови на авионите "У-2" врз Ирак

Утрински - 13.03.2003

Откако Багдад се пожали до Обединетите нации ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Инспекторите за оружје на ОН вчера ги откажаа набљудувачките летови на авионите "У-2" врз Ирак заради безбедносни причини откако Багдад се пожали дека два од авионите кои летале истовремено биле во непријателсна акција.

САД се подготвуваат за војна - Ирак за роденденот на Садам

Дневник - 13.03.2003

багдат Ирачаните, соочени со воена инвазија од САД и сојузниците, вчера почнаа да се подготвуваат за голема прослава по повод 66-тиот роденден на претседателот Садам Хусеин во април, јави Ројтерс. - Тој е вечен симбол и врховен идеал за нас, за нашиот народ и за нашата нација - изјави Изат ...

На САД не им е неопходна помош од Британија за да го столчат Ирак

Дневник - 13.03.2003

НОВ "БИСЕР" НА ШЕФОТ НА ПЕНТАГОН САД се подготвени и без поддршка на Британија насилно да го разоружат Ирак, изјави американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, предизвикувајќи бурни реакции во Лондон. - Британците не се целосно подготвени да учествуваат во воената операција, па поради тоа ...

Европа нема да ги отстранува последиците од илегалната војна против Ирак

Дневник - 13.03.2003

ВЛАДАТА НА ЕУ СЕ ЗАКАНУВА Европската Унија може да не учествува во обновата на Ирак ако САД почнат војна без дозвола од Советот за безбедност на Обединетите нации, најави Европската комисија, јави Ројтерс. - За ЕУ ќе биде тешко да соработува во процесот за обнова на Ирак ако почне војна без дозвола ...

Батлер ги избегна новинарите по средбата со Трајковски

А1 - 12.03.2003

Американскиот амбасадор Лоренс Батлер учи од македонските политичари. Секогаш кога станува збор за чувствителни прашања тој ги избегнува новинарите. И денеска Батлер на средбата со претседателот Трајковски, наместо низ службениот влез, пристигна и замина преку собраниската гаража, недостапен за ...

Владата нема став по прашањето за Ирак

А1 - 12.03.2003

„Владата се уште нема заземено став по прашањето за Ирак и секое избрзување на тој план не е во национален и државен интерес за земјата“, изјави вечерва премиерот Бранко Црвенковски. „Расправата за начинот на кој треба да биде разрешена ирачката криза се уште трае во Советот за безбедност на ...

Можни измени во предлог-резолуцијата на САД

А1 - 12.03.2003

„САД би можеле да извршат мали интервенции во нацрт-резолуција во која е утврден рок до 17 март за целосно разоружување на Ирак, но генералниот пристап останува ист“, изјави синоќа во Вашингтон портпаролот на американскиот Стејт департмент Ричард Баучер, не наведувајќи ги можните измени што САД ...

Бугарија ќе го преиспита својот став околу Ирак

А1 - 12.03.2003

Бугарскиот претседател Георги Прванов оцени дека неговата земја не би требало да брза со ставот за новата резолуција во Советот за безбедност на ОН во врска со ирачката криза и оти е добро по тоа прашање да продолжат консултациите со ЕУ и НАТО.

Владата ставот ќе го соопшти кога САД ќе го бомбардираат Ирак

Вест - 12.03.2003

КАБИНЕТОТ НА ЦРВЕНКОВСКИ БЕГА ОД ОДГОВОР Премиерот пак ќе чека претседателот Трајковски да го повлече првиот потег "Владата уште не расправала за американскиот нон-пејпер за учество во нападот врз Ирак", изјави министерката за надворешни работи Илинка Митрева, по вчерашната средба со Ана Линд, ...

Висок австралиски разузнавач поднесе оставка

Утрински - 12.03.2003

Поради поддршката на Канбера на војната против Ирак КАНБЕРА - Висок разузнувачки советник на австралискиот премиер Џон Хауард вчера поднесе оставка во знак на протест против најверојатното инволвирање на Австралија во војната против Ирак.

Во Ирак ќе има нов Чернобил ако се минираат нафтените полиња

Утрински - 12.03.2003

Руски научници тврдат дека ќе се случи светска катастрофа ако Садам Хусеин ги оствари заканите ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Ако Садам Хусеин навистина го оствари своето ветување дека во случај на американски напад ќе ги запали сите нафтени извори во Ирак ќе се случи катастрофа од ...

Франција има интереси во Ирак, тврди Азнар

Утрински - 12.03.2003

Обвинување МАДРИД - Шпанскиот премиер Хозе Марија Азнар, кој е активен поддржувач на САД во врска со Ирак, во понеделникот ги поврза "материјалните интереси" на Франција, Русија и Кина кои ги имаат во Ирак со нивното противење на употреба на сила. "Ние немаме никакви материјални интереси во Ирак..

Дипломатска луња пред војната со Ирак

Утрински - 12.03.2003

Димитар Чулев ?Кога една од постојаните членки ќе гласа 'не' дури и да постои мнозинство, резолуцијата нема да биде прифатена", ќе рече францускиот претседател Жак Ширак во понеделникот вечерта со што практично стави крај на дилемите дали САД со сојузникот Велика Британија ќе добијат мандат од ОН ...

САД не можат да ја скршат оската "нон-њет-најн"

Дневник - 12.03.2003

СПРОТИ ГЛАСАЊЕТО ЗА РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ВОЈНА ПРОТИВ ИРАК Францускиот претседател, исто така, предупреди дека евентуалната војна против Ирак без поддршка од ОН ќе ја скрши на парчиња глобалната антитерористичка коалиција Франција и Русија вчера повторно се заканија дека со вето во Советот за безбедност ...

Одложено гласањето на резолуцијата за војна против Ирак

А1 - 11.03.2003

САД и Велика Британија побараа одложување на гласањето во Советот за безбедност на ОН, кое беше предвидено за денеска, откако не го обезбедија потребното мнозинство за усвојување на предлог резолуцијата со која би се одобрила употреба на воена сила за разоружување на Ирак.

Трајковски сеуште размислува што да му пише на Пауел

А1 - 11.03.2003

Во кабинетот на шефот на државата се уште се формулира писмото за американскиот државен секретар, Колин Пауел, со кое Трајковски сака да ги поддржи САД во однос на ирачкото прашање и за возврат да побара поддршка од официјален Вашингтон за безбедноста и за економијата на Македонија.

Русија ќе стави вето на резолуцијата на ООН за Ирак

Вест - 11.03.2003

Москва, 11 март (Ројтерс) - Русија ќе стави вето на Американско-британска резолуција пред Советот за безбедност на Обединетите нации со која се одобрува употреба на сила против Ирак. Ова вчера го изјави рускиот шеф на дипломатијата, Игор Иванов, по интензивните дипломатски контакти со Вашингтон и ...

Тони Блер се соочува со голем револт дома

Утрински - 11.03.2003

Големи неволји за британски премиер околу неговата политика за Ирак ЛОНДОН - Британскиот премиер Тони Блер, кој се обидува да добие поддршка од светот за војна со Ирак, се соочува со револт на домашниот фронт во однос на тоа прашање, а првата јавна закана за министерска оставка ја претстави ...

Државниот врв претпазлив во донесувањето на политичката одлука

Утрински - 11.03.2003

Македонското раководство се уште не се изјаснува за американското барање за поддршка на нападот врз Ирак Соња Крамарска Државниот врв сў уште ја нема донесено формалната политичка одлука за учеството на нашата земја во антитерористичката коалиција предводена од САД која се подготвува за воена ...

Вашингтон не успеа да собере девет гласа во ОН

Утрински - 11.03.2003

ВАШИНГТОН - Официјални претставници на администрацијата на Буш изјавија дека по напорниот викенд на брза дипломатија, досега не успеале да ги обезбедат потребните девет гласа во Советот за безбедност на ОН, за резолуцијата која му се заканува на Садам Хусеин со војна доколку не се разоружи.

Над осумдесет отсто од анкетираните се против учество во војна во Ирак

Утрински - 11.03.2003

Сондажа на Центарот за етнички и безбедносни прашања Македонскиот државен врв нема поддршка за одлуката за учество на нашата земја во војната со Ирак. Најголемо спротивставување на ваквиот став покажува турската етничка заедница во Македонија со 86,70 отсто, по неа следуваат Македонците со 84,80 ...

Путин му испрати порака на Хусеин

Утрински - 11.03.2003

Делегација на руската Дума веќе два дена се наоѓа во мисија во Багдад ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Спикерот на руската Дума, Генадиј Селезнов, вчера ја пренесе усно пораката на Владимир Путин до ирачкиот претседател Садам Хусеин.

Русија ќе стави вето на нова резолуција

Утрински - 11.03.2003

Најава МОСКВА - Русија ќе стави вето на Американско-британска резолуција пред Советот за безбедност на ОН со која се одобрува употреба на сила против Ирак. Тоа вчера го изјави шефот на руската дипломатија Игор Иванов, по интензивните дипломатски контакти со Вашингтон и со европските сили.

Блер може да биде првата жртва на војната со Ирак

Дневник - 11.03.2003

Домашниот антивоен бунт и поразите на меѓународниот дипломатски фронт ја разнишаа позицијата на британскиот премиер Тони Блер, особено по првите сериозни пукнатини во неговиот кабинет. Секретарката за меѓународен развој, Клер Шорт, сопартијка на Блер, прексиноќа најави дека ќе поднесе оставка ако ...

Бомбардерите ја чекаат младата месечина на 1 април

Дневник - 11.03.2003

ПОДГОТОВКИ ЗА НАПАД ВРЗ ИРАК Aналитичарите укажуваат дека воената операција може да почне во кој било "момент на изненадување" во периодот од 25 март до 1 април САД и сојузниците ќе имаат доволно сили околу Ирак за да почнат напад на 17 март, кога завршува ултиматумот за Багдад да го предаде ...

Македонија ќе поддржи интервенција на САД во Ирак

Дневник - 11.03.2003

денеска СО ПОРАКА НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДО КОЛИН ПАУЕЛ Поддршката од Македонија ќе биде изразена преку политички став и евентуално со мали сили за логистичка поддршка, кои би биле стационирани во Турција Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, денеска ќе испрати порака до државниот ...

Граѓаните на Македонија се против инвазија на Ирак

Дневник - 11.03.2003

ИНСТИТУТ ЗА СОЦИОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ ИСТРАЖУВАЊА Најголем дел граѓани на Македонија не ја поддржуваат војната на САД против Ирак, според податоците од истражувањето на Институтот за социолошки и политичко-правни испитувања. Според испитувањето на јавното мислење што Институтот го спроведе врз 1.200 ...

Еден министер на Блер поднесе, а уште еден се закани со оставка

А1 - 10.03.2003

Британскиот министер за животна средина Ендрју Рајд синоќа поднесе оставка, а министерка за меѓународен развој Клер Шорт се закани на ист чекор, во знак на протест поради политиката на британскиот премиер Тони Блер кон Ирак. Рајд, кој воедно е и пратеник во Парламентот од редовите на Лабуристичкта ...

Русија ќе стави вето на резолуцијата на САД

А1 - 10.03.2003

„Русија ќе стави вето на американско-британска резолуција пред Советот за безбедност на Обединетите нации со која се одобрува употреба на сила против Ирак“, изјави шефот на руската дипломатија Игор Иванов, по интензивните дипломатски контакти со Вашингтон и европските сили, јави „Франс прес“ од ...

Пет министри се закануваат со оставки

Утрински - 10.03.2003

Тони Блер соочен со нов бран антивоено расположение дома Лондон - Пет министри во Британската влада му се заканиле на премиерот Тони Блер дека ќе поднесат оставки, доколку донесе одлука за започнување воена интервенција против Ирак без одлука на Советот за безбедност на Обединетит Нации.

Колин Пауел стравува од француско вето

Утрински - 10.03.2003

САД се надеваат на девет или десет гласа во СБ во своја корист ВАШИНГТОН - Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера изјави дека сў уште не е јасно дали САД ќе победат на гласањето во ОН кое ќе го отвори патот кон војна со Ирак,но тој виде "силна можност" дека може да освои девет до десет ...