Арапските телевизиски канали „Ал Џазира“ и „Абу Даби“ денеска прикажаа документ кој, според нив, е доказ дека соборениот ирачки лидер Садам Хусеин е се уште жив. Телевизиите прикажаа рачно напишат текст, за кој тврдат дека е порака што Садам Хусеин и ја испратил на ирачката тајна полиција.
Се откриваат морбидни детали од периодот на владеење на Садам Хусеин Курдските официјални лица соопштија дека пронашле неодбележани гробници во кои се наоѓаат околу 2.000 тела, и тоа надвор од северниот ирачки град Киркук.Тие додадоа дека областа е користена од ирачката армија со намера да се ...
Во Министерството за одбрана на Русија сметаат дека американските бомби го убиле Хусеин ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Без оглед што Американците и ветија парична награда за оној што ќе им даде информации каде се наоѓа мртов или жив Садам Хусеин, руските генерали сметаат дека ...
Над 10.000 лица демонстрираа денеска пред џамијата во Багдад против американската окупација врз Ирак, носејќи пароли „Ниту Америка, ниту Садам“ и „САД се непријатели на Господ“. Демонстрантите Сунити повикале за единство со муслиманите Шиити, извикувајќи дека нема да има поделба на Ирак.
Американските телевизии денеска емитуваа снимка на која соборениот ирачки лидер Садам Хусеин шета низ улиците на Багдад, при што е поздравуван од граѓаните. Медиумите тврдат дека снимката, емитувана од телевизија „Абу Даби“, е снимена на 9.
Мислење КРАФОРД - Најмалку еден висок официјален претставник на Белата куќа верува дека Садам Хусеин е мртов и не се плашеше јавно да го обелодени тоа во средата. Во првото од серијата допишувања преку Интернет, еден од главните помошници на претседателот Џорџ Буш, шефот на кабинетот Ендрју Кард му ...
Според генерал Томи Френкс КУВАЈТ - Американскиот генерал Томи Френкс во четвртокот изјави дека законот и редот повторно се враќаат во Ирак и посочи дека е среќен за тоа како неговите сили се справија со грабежите откако беше соборен Садам Хусеин.
ЛОНДОНСКИОТ ВЕСНИК "ТАЈМС" ТВРДИ Американски командоси се подготвени да почнат операција за да го уапсат ирачкиот претседател Садам Хусеин, доколку биде потврдено дека тој се крие во Сирија, пишува лондонскиот весник "Тајмс", јави МИА.
По падот на власта и режимот на Садам Хусеин, Ирачаните пред нов политички и верски предизвик ТАМАРА ГРНЧАРОСКА На шиитите во Ирак по седумдесет години власта им е на дофат на рацете. Садам Хусеин го нема, како ни неговите следбеници.
Американските специјални сили вчера го заробиле Барзан Ибрахим Хасан ал-Тикрити, еден од полубраќата на Садам Хусеин во напорите да се соберат членовите на поранешниот режим, соопшти американската ........ КАМПОТ АС СЕЈЛИЈА, Катар, 18 април (АП) - Американските специјални сили вчера го заробиле ...
Американските командоси се подготвени да започнат операција „Уапси и пукај“ за да го уапсат ирачкиот претседател Садам Хусеин, доколу биде потврдено дека тој се крие во соседна Сирија, пишува денеска лондонскиот весник „Тајмс“.
Американскиот претседател Џорџ Буш ги повика Обединетите нации да ги укинат економските санкции против Ирак и потпиша закон со кој се доделуваат 79 милијарди долари за плаќање на трошоците за војната. „Ирак е ослободен и ОН би требале да ги укинат санкциите“, изјави американскиот претседател Буш.
Помирување ВАШИНГТОН - Претседателот Џорџ Буш и францускиот претседател Жак Ширак кои беа остро поделени во дебатата која се одвиваше во ОН, а се однесуваше на употребата на сила против Ирак, го скршија мразот во вторникот со телефонскиот разговор од Белата куќа кој беше наречен "деловен".
БАГДАД, 17 април - Околу 120 војници, припадници на групата "Слободни ирачки сили", обучувани во американската база во Унгарија, вчера пристигнаа во Багдад, каде Ќе бидат задолжени за одржување на редот и законските прописи, јави Си-Ен-Ен.
Американскиот претседател не прогласи победа во војната, но го најави нејзиниот крај ВАШИНГТОН - Задоволниот американски претседател Буш вчера изјави дека "режимот на Садам Хусеин веќе не постои", додека претставници на администрацијата почнаа да дискутираат за последиците од конфликтот кој, се ...
СЕ СМИРУВА СУДИРОТ МЕЃУ СИРИЈА И САД Шефот на сириската дипломатија Фарук ал Шара вчера истакна дека неговата Влада уште утре би потпишала евентуална спогодба во која Блискиот Исток би бил прогласен за регион без оружје за масовно уништување, јави Ројтерс.
Лекцијата на операцијата "Ирачка слобода" за соседите на ИракДали тираните се шокирани или создаваат нуклеарно оружје?САД сакаат војната во Ирак да ги заплаши земјите од "оската на злото" и да ги натера на послушност, но планот може да предизвика и сосема спротивен ефект Џонатан ...
Околу 120 војници, припадници на групата „Слободни ирачки сили“, обучувани во американската база во Унгарија, денеска пристигнаа во Багдад, каде ќе бидат задолжени за одржување на редот и законските прописи, јави „СNN“. Се работи за поранешни азиланти кои ќе го сочинуваат јадрото на новата ирачка ...
Внуката на Јосип Броз Тито, Светлана Броз во Сараево организира акција за собирање крв за ирачките деца која со посебен конвој наскоро треба да биде префрлена во Багдад. Акцијата „Дарувајте крв за ирачките деца“ ја спроведува Детската амбасада во која Броз извршува една од главните функции, а е ...
ПРИТИСОК ВРЗ ДАМАСК Американците се заканија дека ќе воведат дипломатски и економски казни за Сирија поради основани сомневања дека Дамаск крие ирачки лидери, поддржува тероризам и развива хемиско оружје, јави Ројтерс. - Со сета почит спрема Сирија, ние ќе разгледаме какви санкции да воведеме ...
МАДРИД, 16 април (Ројтерс) - Сирискиот амбасадор во Шпанија американските обвинувања дека Сирија крие терористи ги нарече навреда и го искритикува она што го нарече уцена од американската страна. Амбасадорот Мохсен Билал зборуваше вчера, поточно еден ден откако високи американски претсавници се ...
Под покровителство на Соединетите Американски Држави и на Велика Британија НАСИРИЈА - Објавувајќи дека нивната 27-дневна војна со Садам Хусеин е речиси готова, САД и Велика Британија вчера почнаа преговори со фракциски ирачки групи, како земјата треба да се управува сега откако тој е соборен.
МАЧНИ ПРЕГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА НА ИРАК Американските офицери вчера ги собраа поделените ирачки лидери на разговори за иднината на Ирак, но почетокот на конференцијата беше во сенка на антиамерикански протест и недоверба меѓу разните групи, кои досега ги обединуваше само желбата да го соборат режимот ...
Како тринеделната војна во Ирак изгледаше од Овалниот кабинет на Белата куќа и какво беше расположението на главните актери ВАШИНГТОН - Беше утро 19 март во кабинетот за разгледување на состојбата во Белата куќа, само неколку часа пред да истече 48-часовниот ултиматум на претседателот Буш за Садам ...
Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан изрази загриженост од се понагласените критики на САД упатени кон Сирија, кои според него, можат да придонесат за дополнително дестабилизирање на Блискиот Исток. „Секој обид за закана на меѓународниот мир и безбедност треба да биде разгледан во ...
Предупредувачка реторика на Вашингтон и на Лондон адресирана до Дамаск Димитар Чулев "Да се биде на терористичкиот список и не е некое место на кое јас би сакал да се најдам". Ова е кусиот коментар на американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, запрашан околу стравувањата дека сојузничката ...
ОСТРИ ОБВИНУВАЊА ЗА ДАМАСК Американскиот претседател Џорџ Буш прексиноќа ја обвини Сирија дека засолнува ирачки функционери и крие хемиско оружје, но се воздржа од закани за воена акција. Сирија категорично ги отфрла обвиненијата.
Падна и последното ирачко упориште на силите лојални на Садам Хусеин БАГДАД - Американските маринци со поддршка од тенкови вчера презедоа контрола врз центарот на родното место на Садам Хусеин, Тикрит, по интензивните борби со тврдокорните лојалисти, беше прикажано на телевизиските снимки.
Американските маринци поткрепени од тенкови вчера влегоа во центарот на последното упориште на Садам Хусеин градот Тиркит, кој е и негов роден град, протерувајќи ги последните решителни одбрамбени сили. ТИРКИТ, 15 април (Ројтерс) - Американските маринци поткрепени од тенкови вчера влегоа во ...
ВОЈНА ВО ИРАК Американски маринци, поддржани со тенкови и борбени хеликоптери, вчера навлегоа во центарот на Тикрит, родниот град на Садам Хусеин и последно упориште на соборениот ирачки режим, јави Ројтерс. Додека патроли маринци ги прегледуваа објектите во предградијата, хеликоптери "кобра" ...
БАГДАД, 15 април, (Ројтерс) - Додека маринците кја зацврстуваа својата позиција ви Тиркит американски официјални лица соопштија дека кај сириската граница бил уапсен полубратот на Садам Ватбан Инрахим Хасан ал-Тикрити. Ватбан се наоѓа на американската листа на 55 најбарани лица.
ДАМАСК / ВАШИНГТОН, 15 април, (Ројтерс) - Додека војната во Ирак постепено губи на интензитет американскиот претседател Џорџ Буш и министерот за одбрана Доналд Рамсфелд вршат поголем притисок врз Сирија обвинувајќи го Дамаск дека им обезбедува прибежиште на лидерите на Садамовиот режим и дека чува ...
Полубратот на Садам во американски притвор ВАШИНГТОН - Официјални лица во неделата соопштија дека полубратот на Садам Хусеин, еден од 55 лица кои се на наоѓаат на листата на најбарани, е уапсен во Ирак во близина на границата со Сирија и се наоѓа во американски притвор.
Повеќе од 2.000 припадници на ирачката полиција се вратија изутрината на работа во источната багдадска полициска станица за да се регистрираат на работните места. Поголемиот број од полицајците на работа пристигнале во цивилна облека, стравувајќи од гневот на локалните жители.
Американскиот претседател Џорџ Буш синоќа ја предупреди Сирија да не засолнува ирачки функционери и изрази уверување дека Дамаск крие хемиски оружје, но се воздржа од закани за воена акција. „Сметаме дека Сирија има хемиско оружје“, изјави Буш при враќањето од Кемп Дејвид во Белата Куќа, ...
Братот на ирачкиот претседател Садам Хусеин и поранешен министер за внатрешни работи, Уатбан Ибрахим Хасан е уапсен во Ирак во близина на границата со Сирија и во моментов се наоѓа во притвор, соопштија американски официјални претставници.
И последното ирачко упориште, родното место на ирачкиот лидер Садам Хусеин, градот Тикрит е под американска контрола. Американските сили кои денеска влегоа во центарот на Тикрит, водат разговори со претставници на племињата од областа, за воспоставување целосна контрола врз градот.
АС САЛИЈА, Катар, 14 април (Ројтерс) - Генералот Томи Френкс, командант на американските сили во војната во Ирак, изјави вчера дека амерканските војници не наишле на отпор во родниот град на Садам Хусеин, Тикрит, иако, како што нагласи генералот, војната сеуште не е завршена.
Дамаск демантира дека го помагал Садам Хусеин ДАМАСК - Сирискиот министер за надворешни работи, Фарук ал Шара, изјави дека американските обвиненија оти Дамаск му помагал на Ирак под режимот на Садам Хусеин се неосновани и го предизвика Вашингтон да изнесе цврсти докази.
ПОСЛЕДНИ ДЕНОВИ НА ВОЈНАТА ВО ИРАК Американските трупи вчера влегоа и во предградијата на Тикрит, родниот град на Садам Хусеин, но не се соочија со отпор, иако очекуваа жестоки судири за последниот град под контрола на ирачкиот режим, јави Ројтерс.
Според изјавата на Колин Пауел ЛОНДОН - Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера инсистираше дека САД ќе пронајдат оружје за масовно уништување во Ирак, што беше една од причините за напад врз државата и за соборување на Садам Хусеин од власт.
ЛОНДОН, 14 април (Ројтерс) - Државниот секретар на САД Колин Пауел изјави вчера дека американските сили "сигурно ќе пронајдат оружје за масовно уништување во Ирак", што беше една од главните причини за нападот врз режимот на Садам Хусеин.
ИРАЧКИОТ ОПОЗИЦИСКИ ЛИДЕР ТВРДИ Ирачкиот претседател Садам Хусеин е жив и најверојатно се крие во североисточниот дел од Багдад, тврди лидерот на Ирачкиот национален конгрес Ахмед Чалаби, јави МИА. Чалаби истакнал дека Садам и неговите синови Удај и Кусај одделно се видени во Багдад.