TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Расте бројот на жртви од горештините во Романија

А1 - 22.07.2007

Вкупниот број на жртви како последица од топлотниот бран во Романија се искачи на 15 лица откако викендов починаа уште шест, објави министерот за здравство Еуген Николаеску. Температурите во јужниот дел од Романија, долж Дунав и границата со Бугарија, во текот на викендов надминаа 42 степени.

Тринаесет лица починаа во горештините што ја зафатија Централна и Југоисточна Европа

Канал5 - 21.07.2007

Најмалку 13 лица загинаа во топлиот бран кој изминатава недела ја зафати Централна и Југоисточна Европа, предизвикувајќи шумски пожари, соопштија денеска властите во повеќе земји од регионите. Скопје, 21 јули (МИА) - Најмалку 13 лица загинаа во топлиот бран кој изминатава недела ја зафати Централна ...

12 починати од горештините во Романија

А1 - 20.07.2007

Како последица на горештините во изминатите денови во Романија починаа 12 лица, објавија денеска романските медиуми, нагласувајќи дека денеска и утре се очекува температурите во земјата да достигнат и до 45 степени Целзиусови. На целата територија на Романија е воведена вонредна состојба.

Поради горештините во Австрија починаа три лица

А1 - 20.07.2007

Три лица починаа во јужниот дел на Австрија како последица од горештините што во изминативе денови ја погодија земјата, соопштија денеска австриските власти. Организацијата на Црвениот крст во австриската провинција Штирија регистрирала за 20 проценти повеќе повици кон службата за брза помош.

Кризна состојба

Вест - 20.07.2007

ОД ДЕНЕСКА ВОНРЕДНИ МЕРКИ ПРОТИВ ГОРЕШТИНИТЕ Владата нареди државните институции да работат од 7 до 13 часот и го зголеми степенот на готовност на полицијата, армијата, шумската полиција, противпожарните бригади, Црвениот крст и Брзата помош Македонија од вчера е во кризна состојба поради високите ...

Владата прогласи вонредна состојба

Време - 20.07.2007

ПОРАДИ ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ Скратено работно време од 7 до 13 часот за работниците што работат во затворени простории и двократно работно време од 7 до 11 часот и од 18 до 20 часот за работниците што работат на отворено, се новите препораки, кои ќе траат додека е во сила вонредната ...

Македонија под посебен режим за пеколот

Утрински - 20.07.2007

Владата одлучи администрацијата да работи од 7 до 13 часот, а приватниците во зависност од волјата на газдите Од вчера, па во наредниве две недели Македонија, поради високите температури и големиот број пожари, ќе живее во кризна состојба.

Македонија се подготвува за пеколот

Дневник - 20.07.2007

Администрацијата од денеска ќе работи од 7 до 13 часот, како и градинките, бремените жени се ослободени од работа, а болниците се подготвуваат да прифатат зголемен број пациенти И асфалтот на улиците вчера се топеше од температурите, кои во повеќе места во земјава беа и над 40 Целзиусови степени, а ...

Додолска стратегија

Дневник - 20.07.2007

Прогласувањето кризна состојба нема да не' спаси од топлотниот бран што ни се случува. Нема да донесе повеќе вода во градовите во кои има рестрикции, нема да ги изгасне пожарите , нема да ги наполни реките што пресушуваат, нема да ги разлади прегреани болнички соби.

На работа до 13 часот, трудниците дома!

Вечер Прес - 20.07.2007

Од денеска ќе се работи со скратено работно време од седум до 13 часот во јавната и државната администрација каде мерките на Владата се задолжителни, а за приватниот и граѓанскиот сектор овие мерки се само препораки Јавната и државата администрација од денеска ќе работи со скратено работно време од ...

Работно време од шест часа поради горештините

А1 - 19.07.2007

Владата прогласи кризна состојба. Формиран е кризен штаб што ќе командува со справувањето со пожарите и намалувањето на штетите кои ги предизвикуваат високите температури. „Владата вчера утврди постоење на кризна состојба на целата територија на РМ, заради високите температури и пожарите од широки ...

Министерството бара болниците да се подготват за топлотниот бран

Утрински - 19.07.2007

Денеска ќе се знае дали ќе биде прогласена вонредна состојба поради горештините Министерството за здравство вчера ги повика здравствените установи да бидат подготвени во пресрет на топлотниот бран, а денеска Центарот за кризни состојби треба да се огласи со соопштение дали ќе се прогласи ...

Топлотен бран во Романија уби пет лица

Утрински - 19.07.2007

БУКУРЕШТ - Петмина Романци починаа неделава откако топлотен бран зафати делови од Балканот, каде што температурите се искачија до 42 Целзиусов степен предизвикувајќи пожари, прекини во снабдувањето со електрична енергија, но и во сообраќајот. „Имаме пет лица кои починаа од топлото време.

Болниците на готовс против пеколот

Дневник - 19.07.2007

Центарот за управување со кризи денеска ќе обелодени кои мерки ќе ги преземат за заштита на населението, дали ќе се смени работното време, особено за работниците што мора да работат надвор Сите јавни болници и поликлиники во земјава треба да се на готовс за евентуален прием на зголемен број лица со ...

Ќе н’ удри вистински пекол!

Дневник - 19.07.2007

Центарот за управување со кризи денеска ќе ги обелодени мерките за заштита Со болници „на готовс“, предупредувања за заштита и со исчекување да се прогласи вонредна состојба земјава се подготвува за топлотниот бран . За среќа, жештините досега не предизвикаа тешки последици кај луѓето и во ...

Кризна состојба е прогласена во Македонија почнувајќи од денеска во наредните две недели

Канал5 - 19.07.2007

Кризна состојба во Македонија - екстремно високите температури и пожари од големи размери ја натераа владата по примерот на соседните држави да воведе вонредна состојба - од утре државната администрација во наредните две недели ќе работи скратено, 6 часа.

Ќе има ли вонредна состојба!?

Вечер Прес - 19.07.2007

Министерството за здравство веќе побара од здравствените установи во земјава да се организирараат со неопходен кадар, опрема и соодветни лекарства за да можат да одговорат на евентуално зголемен број повици за итна медицинска помош Македонија неделава по втор пат ја зафати топлотен бран со енормно ...

Високите температури ќе ја погодат и Македонија

А1 - 18.07.2007

29 мобилни екипи на Црвениот крст ќе им помагаат на луѓето да се справат со пеколните горештини, кои повторно ја погодија Македонија. Во Скопје се 5, обучени се брзо да реагираат при топлотен удар и сончаници. „Патролираме низ градот, пресретнуваме луѓе кои имаат проблеми, изнемоштени се, делиме ...

Рекордно високи температури во Унгарија

А1 - 18.07.2007

Будимпешта го собори рекордот за летните горештини откако вчера во унгарскиот главен град беше измерена температура од 38,6 степени Целзиусови. Таа температура го надминува за два степени стариот рекорд од пред 80 години, соопшти националната метеоролошка служба, која нагласи дека најголемите ...

Се спрема вонредна состојба

Вест - 18.07.2007

ПРЕД НОВИОТ ТОПЛОТЕН БРАН, ИТЕН СОСТАНОК НА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ГОРЕШТИНИ Црвениот крст ќе даде на располагање дежурни екипи, кои би дежурале на цела териотрија на Македонија со 5 до 10 возила на Црвениот крст, а локалните власти ќе треба да направат климатизирани пунктови и места ...

Здравствените установи да се организираат со неопходен кадар, опрема и лекови поради топлотниот бран

Канал5 - 18.07.2007

Министерството за здравство по повод информациите за високите температури во Македонија упати допис до директорите на сите здравствени установи во земјава дека се очекува топлотен бран и евентуална појава на зголемен број на случаи на нарушување на здравјето на луѓето.

Доаѓа нов бран африкански горештини

Утрински - 17.07.2007

Топлото време, според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе трае речиси две недели Нов пеколен бран од денеска ќе ја зафати нашата земја. Топол африкански воздух ќе ја искачи температурата на воздухот над 40 Целзиусови степени.

Едно лице почина како последица на топлотниот бран во Словачка

Канал5 - 17.07.2007

Седумдесетгодишен пензионер од словачката област Прешов почина вчера како последица на топлотниот бран што последниве денови ја зафати Словачка. Братислава, 17 јули (МИА) - Седумдесетгодишен пензионер од словачката област Прешов почина вчера како последица на топлотниот бран што последниве денови ...