TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тутунска банка воведува нови кредити за населението

Утрински - 23.02.2002

Се проширува понудата на кредитни производи на домашниот банкарски пазар Тутунска банка Скопје од идниот месец ќе воведе неколку нови кредитни производи, најави вчера раководството на банката. Новините се однесуваат на делот на станбените кредити, купувањето деловен простор, наменското штедење, ...

Деловен простор на 10 години со камата до 3,5 насто годишно

Вест - 23.02.2002

ОД ПРВИ МАРТ НОВИ КРЕДИТИ ВО ТУТУНСКА БАНКА Банката ќе почне кредитно да ги поддржува инвеститорите на стнбени објекти, а од први март повторно ќе одобрува и станбени кредити до 50.000 евра со годишна камата од 15 насто Од март, Тутунска банка најавува проширување на кредитирањето на населението.

Конечно, хумани кредити со камата до 3,5 отсто

Дневник - 23.02.2002

ТУТУНСКА БАНКА Граѓаните што своите девизи и ги довериле на Тутунска банка, од март ќе можат да добијат потрошувачки кредити со поволна каматна стапка од 2 до 3,5 отсто на годишно ниво, рок на враќање до 10 години, како и грејс-период од 1 година.

ИК банка почна да одобрува кредити за девизните штедачи

Утрински - 22.02.2002

Kредити Извозна и кредитна банка-Скопје почна да одобрува потрошувачки кредити на населението по основа на девизен штеден влог. Девизните штедачи на ИК банка можат да подигнуваат потрошувачки кредити за набавка на предмети за домаќинство и ненаменски кредити, односно готовински средства.Минималниот ...

Тенис со државни пари

Вест - 21.02.2002

МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ ГИ ПОДДРЖУВАЛА И СПОРТСКИТЕ АФИНИТЕТИ НА ДИРЕКТОРОТ Банката за репрезентација трошела околу 50.000 илјади ГМ годишно, но најинтересно е што во оваа сума влегло и најмувањето тениски терени за неодамна сменетиот директор Владо Наумовски.

Странците бараат нова банка зашто немаат доверба во корумпираните институции?

Капитал - 21.02.2002

Нова банка за поддршка на малите бизнисиСтранците бараат нова банка зашто немаат доверба во корумпираните институции?Новата банка, која ќе се основа на барање на ИФЦ и ЕБРД, треба да обезбеди полесно финансирање на малите бизниси.

Банката за развој во пат - позиција

Утрински - 19.02.2002

По минатомесечната смена на директорската позиција Работењето на Банката за поддршка на развојот, (МБПР) практично е блокирано, откако минатиот месец без никакво образложение дојде до смена на нејзиниот директор, тврдат банкарски извори.

Македонската банка за поддршка на развојот стрпливо си го чека директорот

А1 - 18.02.2002

В.Д. директорот на Македонската банка за поддршка на развојот, Драган Мартиновски се уште не ја добил потребната дозвола од Народната банка за обавување на директорската функција поради проблеми во потврдување на потребното работно искуство.