Македонските ракометарки ќе добијат спортско признание, доживотна пензија доколку освојат медал (златен,сребрен или бронзен) на Европското првенство. Ракометарките по вчерашната победа над Србија успеаја да се пласираат во вториот круг на ЕП и ќе добијат по 10.000 илјади евра за секоја наредна победа во овој круг.
Агенцијата за млади и спорт денеска ги прими ракометарките на македонската репрезентација кои успешно ја завршија првата фаза од Шампионатот. Директорот Драган Ѓурчевски рече дека Агенцијата во соработка со Ракометната федерација имаат предвидено и награди во случај Македонија да забележи успех на овој европски шампионат.
Денеска во ресторанот “Дал Мет Фу“ по повод пласманот на Македонската женска ракометна репрезентација во вториот круг на Европското првенство во ракомет, директорот на агенција за млади и спорт Драган Ѓурчевски организираше прием на репрезентативките на кој им го честита успехот и им се заблагодари на радоста која ја приредија за целата Македонска јавност.
Македонските ракометарки ќе добијат спортско признание, доживотна пензија доколку освојат медал (златен,сребрен или бронзен) на Европското првенство. Ракометарките по вчерашната победа над Србија успеаја да се пласираат во вториот круг на ЕП и ќе добијат по 10.000 илјади евра за секоја наредна победа во овој круг.
Нашите ракометарки натпреварот за "спас " и опстанок на Европското првенство ќе играат вечерва против Србија. За пласман во новоформираната група од втората фаза на Македонија ќе и биде доволно и ...
Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман во следната рунда на Европското првенство откако вечерва во Скопје ја совлада репрезентацијата на Србија со резултат 31-30.
Македонските ракометарки синока во салата Борис Трајковски во Скопје ја победија репрезентацијата на Хрватска со 31:29. Ова е прва победа на Македонија во рамките на европското ракометно првенство за жени.
Премиерот Никола Груевски дозволи да покаже суетност во јавноста, одбивајќи да го прогласи за отворено осмото Европско ракометно првенство во женска конкуренција. Причини има две.
Сериозни забелешки за организацијата на Европското првенство во ракомет за жени во Македонија упати српската ракометна федерација, посочувајќи дека замерки на организацијата има и Европската федерација (ЕХФ).
Премиерот Никола Груевски и се налутил на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и го откажал своето учество во церемонијата на свеченото отворање на Европското првенство во ракомет за жени. Груевски се појави во салата "Борис Трајковски" и беше највисокиот гостин во ложата, но, иако беше најавено, тој не излезе на теренот за да го прогласи првенството за отворено.
Сериозни забелешки за организацијата на Европското првенство во ракомет за жени во Македонија упати српската ракометна федерација, посочувајќи дека замерки на организацијата има и Европската федерација (ЕХФ). „Не е лесно да се организира Европско првенство, особено кога во прашање е инфраструктурата... кога објектите и искуството на луѓето кои го работата тоа, не е доволно.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) нема никакви посериозни забелешки околу организацијата на Европското првенство (ЕП) што се одржува во Македонија. Ова денеска за Макфакс го изјави координаторот на организациониот одбор на ЕП во ракомет во жени Христо Бошковски, по сериозните забелешки, што раководството на српската ракометна федерација го изнесе, зборувајќи и во име на ЕХФ.
Каде да си ја купам маскотата на ЕП 2008 Шарко? А оние знаменцата што ги има по такси-возилата, каде се продаваат? Зошто нема реклами, билборди, кампања...? Кој да одговори на сиве овие прашања што ги поставуваат обичните граѓани, кои малку од малку се информирани дека Скопје и Охрид се домаќини на најголемиот спортски настан што и се случил на нашата држава во последните 30 години - Европското ...
На првиот натпревар на Европското првенство за жени кој се одржува во земјава, ракометарите на Македонија претрпеа пораз од фаворитот Германија.
Европското првенство во ракомет за жени кој се одржува во Македонија само што започна, а српската делегација зборувајќи во свое име и во име на Европската федерација испрати сериозни критики за организацијата.
Европската ракометна федерација задоволна од организацијата на првенството во Македонија,велат дека сите проблеми биле надминати, но трибините во Скопје и Охрид остануваат речиси прази и без гледачи од ...
Македонската женска ракометна репрезентација ја извојува првата победа на Европското ракометно првенство. Македонските ракометарки ја совладаа репрезентацијата на Хрватска со 31:29 вечерва во преполната сала ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) нема никакви посериозни забелешки околу организацијата на Европското првенство (ЕП) што се одржува во Македонија. Ова денеска за Макфакс го изјави координаторот на организациониот одбор на ЕП во ракомет во жени Христо Бошковски, по сериозните забелешки, што раководството на српската ракометна федерација го изнесе, зборувајќи и во име на ЕХФ.
Македонската женска ракометна репрезентација на почетокот од европското првенство синоќа во Скопје загуби од Германија со 25-22. Во другиот натпревар од оваа група Хрватска ја совлада Србија со 30-26. На 8-то ЕП чиј домаќин до 14 декември е Македонија, учествуваат 16 европски селекции поделени во четири групи.
Шуќур што почнаа телевизиските преноси, па луѓето во Македонија дознаа дека во земјава се одржува Европско првенство за ракометарки. Одговорните за промоција на најголемиот спортски настан во државава по осамостојувањето, очигледно, покажуваат поголеми афинитети за - пинг-понг.
Една од најголемите шанси за меѓународна афирмација на нашава земја, Европското ракометно првенство во Македонија, пропадна уште пред да почне најголемиот европски настан. Со минимална промоција на наста нот, каква што досега има, веројатно само оние што го сакаат ракометот ќе знаат дека Скопје и Охрид се домаќини на 16-те најдобри женски репрезентации во Европа.Единствените вистински реклами во ...
Од бизнис рај и лулка на кутрурата како што Македонија се престауваше низ рекламите во свестките медиуми како што е CNN, ЕURONEWS Фајненшл тајм сега се претвори во тажно место за живеење и сиромашна земја како што не опишаа странските ракометарки. Според маркетинг експертот Филип Петрески Македонија ја прокоцка шансата да се промовира во европски центар барем во траење од две недели.
Организаторите на Европското првенство во ракомет за жени, ЕХФ и РФМ, ја намалија цената на билетите за натпреварите од Европското првенство што се играат во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид. Наместо 900 денари, колку што беше до сега, цената на блок билет за два натпревари ќе чини само 300 денари, информираат од салата “Билјанини извори“.
Со натпреварот помегу Македонија и Германија денеска и официјално ке биде означен стартот на осмото европско ракометно првенство за жени. Но наместо соодветна промоција за земјава во мегународни рамки, во градовите Охрид и Скопје каде ќе се играат натпреварите, нема ниту една плаката или билборд со најава за првенството.
Европското првенство во ракомет во женска конкуренција како да не & се случува на Македонија. Вредните организатори заборавија да го промовираат големиот настан и да ја заинтригираат јавноста за тоа што ќе се случува во нашата земја во наредните 12 денови. Ракометната федерација ја доби организацијата на 8.
Шестнаесет европски репрезентации во женски ракомет од денеска до четиринаесетти овој месец ќе се натпреваруваат на Европското првенство што се одржува во Македонија. Натпреварите ќе се играат во четири групи во Скопје и во Охрид. Македонија се наоѓа во групата со Германија, Хрватска и Србија.
Македонија во наредните две недели ќе биде ракометна Европа во мало. Почнува осмото Европско првенство во ракомет за жени и, според сите објективни показатели, тоа ќе биде најскапото, најмасовно, најкомплексно и најквалитетно спортско натпреварување што досега се одржало кај нас.
Македонија од денеска до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени - сениорки. Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Билјанини извори“ во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи. Во групата А ќе се натпреваруваат Франција, Унгарија, Данска и Романија.
Најдобрите 16 европски репрезентации во женски ракомет од денеска ќе се борат за титулата најдобар на континентот, на Европското првенство што до 14 декември ќе се одржува во Македонија. Натпреварите ќе се играат во четири групи во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и „Биљанини извори“ во Охрид.
Македонија од денеска до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени - сениорки. Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Билјанини извори“ во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи. Во групата А ќе се натпреваруваат Франција, Унгарија, Данска и Романија.
Најскапиот и најголемиот спортски настан кој се организира во поновата историја на Македонија поминува незабележано. И покрај потрошените пари за организација на првенството, 20 милиони евра за изградбата на салата Борис Трајковски и организациските трошоци од 1,5 милиони евра, единествен белег дека во Скопје се организира ваков голем настан се знаменца на дел од такси возилата низ Скопје.
Македонската женска ракометна репрезентација загуби од Германија со 22:25 во својот прв натпревар во групата Д од 8-то Европското првенство кое се одржува во Македонија. Нашата репрезентација во салата Борис Трајковски во Скопје по почетната слаба игра кога Германија уште во првите минути направи водство од 3:0 успеа да се врати во игра.
Стартуваше натпреварувачкиот дел од 8. Европско сениорско ракометно првенство за жени, кое се одржува во Македонија. Во воведниот натпревар одигран во салата "Борис Трајковски", во рамките од групата Д, од која дел е и нашата селекција, репрезентативките на Хрватска со 30:26 славеа над Србија.
Македонската телевизија ќе врши преноси од натпреварите во двете сали, според стандардите што ги бара Европската ракометна федерација (ЕХФ) и нивниот партнер Инфронт, за што има ангажирано околу 160 ...
Најдобрите 16 европски репрезентации во женски ракомет од денеска ќе се борат за титулата најдобар на континентот, на Европското првенство што до 14 декември ќе се одржува во Македонија. Натпреварите ќе се играат во четири групи во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и „Биљанини извори“ во Охрид.
Македонија од утре до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени - сениорки. Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Бијалнини извори“ во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи. Во групата А ќе се натпреваруваат Франција, Унгарија, Данска и Романија.
Македонија од утре до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени - сениорки. Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Билјанини извори“ во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи. Ден пред почетокот на Европското првенство во ракомет за жени, спортската атмосфера во земјава се вжештвува.