Локалните избори на некои избирачки места во Прешево и Бујановац, на југот на Србија денеска се повторуваат. Во Бујановац на 11 избирачки места поради неправилностите извршени на 28. јули, ќе се гласа и за претседател на општината и за одборници, додека во Прешево само за претседател на општината.
Потпретседателот на српската влада и шефот на координативното тело за југот на Србија Небојша Човиќ изјави оти „не доаѓа предвид“ целосно да се повторат изборите во три општини на југот од Србија и додаде дека протестните собирања на Србите во Бујановац се обид за „замена на тезите“.
ПО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Изборната комисија во Бујановац ги поништи резултатите од гласањето на 10 изборни места, откако на предвремените локални избори во таа општина албанскиот кандидат за градоначалник Нагип Арифи освои најмногу гласови, јави Бета.